Познато е што имало во чашата со вода, поради што битолчанец заврши на Токсикологија

42- годишен битолчанес со тешки оштетувања на внатрешните органи заврши на Клиниката за токсикологија, откако нарачал чаша вода во познат угостителски објект во Битола.

Битолчанецот, според информации на Канал 5 од Клиниката за токсикологија, бил отруен со концентриран калиум и натриум хидроксид. Оваа течност како 2% раствор се користи за машинско миење на чаши.

На битолчанецот му е оштетен хранопроводот и желудникот. Тој веќе три дена се лекува на Клиниката за токсикологија, каде што бил пренесен од битолската болница. Во моментов е на Интензивна нега во стабилна состојба, но докторите не исклучуваат хронични проблеми откако ќе заврши болничкото лекување.

Каселакис: Посакувам да бидам достоен на наследството што ми го остави Ципрас

Посакувам да бидам достоен за наследството што ми го предаде Ципрас. Одиме напред,  рече новиот лидер на СИРИЗА Стефанос Каселакис по средба со неговиот претходник и поранешен премиер Алексис Ципрас,јави дописничката на МИА од Атина.

По вчерашниот втор круг на изборите за лидер на СИРИЗА и победата на Каселакис , стариот и новиот претседател на партијата се сретнаа денеска во канцеларијата на Ципрас во грчкиот Парламент.

Ципрас го посоветува неговиот наследник да ужива во првите денови, бидејќи како што рече, за оние кои влегуваат во политиката „радостите не се изобилни, а тешкотиите континуирани“.

-Треба да дадеме надеж и перспектива со единство, истакна Ципрас на почетокот од средбата. /МИА

Трајковски: Петдневно затворање на маркетите е доволно за компаниите

Според директорот на ДПИ, Горан Трајковски доволни се пет дена затворање на маркетите кои не ги почитуваа мерките за намалување на цените на предвидените прехрамбени производи. 

Затворањето на маркетите кои нема да ја почитуваат одлуката на Владата инаку е предвидено од 3 до 30 денови. По 50 инспекциски контроли извшени во саботата, според Законот за нефер трговски практики беа затворени 5 објекти на ланци на големи супермаркети , а парично казнети 7.

Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека и натаму ќе продолжи инспекциската контрола во маркетите, но покрај тоа , најавени се и засилени контроли во трговијата на големо и кај производителите, за да се увиди дали ја почитуваат одлуката на Владата тие да испорачуваат 70% од количината на прозиводите што ја снабдувале во август.

Бектеши најави дека утре се очекува да се донесе одлуката за намалување на цените безалкохолните и алкохолните пијалоци,а во тек е и анализата за тоа дали има простор за намалување на цените на хигиенските производи, која се очекува да биде завршена во текот на оваа недела.

Дечанскиот манастир предупредува на дезинформации: Во манастирот Бањска не е пронајдено оружје

„Во самиот манастир Бањска и неговите простории не е пронајдено оружје. Црквата нема никаква врска со овој трагичен настан, а монасите и верниците се фатени во вкрстен оган“

Стои во соопштението на Дечанскиот манастир во врска со вчерашната вооружена пресметка во манастирот Бањска, јави дописникот на МИА од Белград.

„Вчера и денеска имаше низа дезинформации и лажни вести кои се проширија за трагичните настани вчера на Косово и Метохија. Меѓународните претставници потврдија дека косовската полиција по претресот вчера попладне открила оружје само во напуштените возила на непознати вооружени лица во близина на манастирот. Како што се наведува во вчерашното соопштение на Епархијата, вооружени лица со маски ја пробиле заклучената порта на манастирот и размениле оган со полицијата“, се наведува во соопштението од Дечанскиот манастир, предмалку објавено на Фејсбук.

„Според меѓународни извори во Косово, при претресот во манастирот и неговите објекти, не е најдено оружје. Црквата немаше никаква врска со овие трагични настани, а монасите и верниците се најдоа само во вкрстен оган. Фала му на Бога што никој во манастирот не беше повреден. Верниците од Нови Сад се очекува денеска да се вратат дома“, се наведува во соопштенеито.

Во него се додава дека злонамерните напади и ширењето лажни информации на некои социјални мрежи на Косово, кои се насочени кон СПЦ, нашите монаси и поклоници во манастирот Бањска, кои претрпеа голем стрес и поминаа низ тешка ситуација, не придонесуваат за мир, туку само ги зголемуваат меѓуетничките тензии во Косово.

СПЦ на Косово беше меѓу првите што вчера го осуди насилството на северот на Косово, повика на мир и изрази сочувство за сите што ги загубија животите.

-Нашите монаси и верници во манастирот Бањска, каде вооружена група влезе насилно бегајќи од полицијата и даваше отпор, беа изложени на директна опасност за нивната безбедност и заслужуваат солидарност и почит, наведуваат од Дечанскиот манастир, во кое се потенцира дека СПЦ останува цврсто ангажирана во решавањето на сите проблеми на Косово по мирен пат и преку дијалог.

притисни ентер