Познато е кому Роман Абрамович му подарил 100 милиони долари

Истрагата покажала дека сопственикот на фудбалскиот клуб Челзи делел дарежливи донации преку неговите компании, пренесуваат медиумите.

Роман Абрамович, сопственикот на англискиот фудбалски клуб Челзи, наводно донирал 74 милиони фунти (100 милиони долари) на израелската имигрантска група Елад, која ги раселува Палестинците од источниот Ерусалим.

Абрамович, државјанин на Русија, има и израелско државјанство од 2018 година, откри БиБиСи, а пренесува Ал Џезаира.

Донациите ги доставувал на Елад преку неговите компании, судејќи според документите што протекоа.

Дарежливите суми одобрени од Абрамович го прават најголемиот донатор на групата, која ужива и финансиска помош од израелската држава.

Од Елад за арапски БиБиСи изјавиле дека групата се придржувала до израелските закони за невладини организации, но не потврдила дека Абрамович е донатор.

Портпаролот изјави дека Амрабович „бил посветен и дарежлив поддржувач на Израелците и еврејското граѓанско општество и дека тој донирал 500 милиони долари во изминатите 20 години за поддршка на здравствениот систем, науката, образованието и еврејските заедници во Израел и низ целиот свет“

Елад е обвинета за поддршка на населбите во Силван, во источен Ерусалим, каде 450 еврејски доселеници живеат меѓу 10 000 Палестинци, тврди Гардијан.

Најдено новороденче на аеродром,сите патнички завршиле во притвор (ВИДЕО)

Катарските власти ги информирале властите во Австралија дека извадиле тринаесет патнички од авион на аеродромот во Доха, каде што им бил извршен детален преглед за да се утврди дали се поврзани со оставањето на новороденче на аеродромот.

Австралија денеска ги осуди катарските власти за соблекување и пребарување на 13 патнички на летот кон Сиднеј кои биле подложени на детален преглед за да се утврди дали се поврзани со раѓањето на тоа бебе.

Патничките на „Катар ервејс“ на летот 908 до Сиднеј биле подложени на детален медицински преглед на аеродромот „Хамад“ во Доха и затоа летот бил одложен.

Еден од патниците рекол дека во авионот слушнале порака во која жените биле повикани да го напуштат авионот.

Австралиското Министерство за надворешни работи ги опиша постапките на катарските власти како несоодветни.

"Инцидентот е многу вознемирувачки и насилен. Никогаш не сум чул за сличен случај во мојот живот. Ние недвосмислено им го пренесовме нашиот став на катарските власти", изјави австралискиот министер за надворешни работи Мариз Пејн, потврдувајќи дека очекува детален извештај од катарските власти оваа недела, за да донесе одлука за следните чекори, објави АП.

По враќањето во Австралија, патничките од Катар заминале во карантин, каде ја добиле целата неопходна медицинска нега и психијатриска помош.

Новороденчето, патем, сè уште не е идентификувано, но е предадено на надлежните медицински и социјални служби, објавиле властите на аеродромот во Доха.

Манекенката Деми Роуз избега од Британија и се сонча на Малдивите (ФОТО)

Кралицата на минијатурните костими за капење, британска манекенка и сензација на Инстаграм, 25-годишната Деми Роуз ужива во топлите зраци на сонцето на Малдивите , откако избега од вечно дождливиот Лондон.

„Полека се навикнувам на островскиот живот“, напиша Деми позирајќи во минијатурно бикини со животински принт, заземајќи стратешка поза (нога пред нога додека стои на прстите) за да изгледа повисоко, а нозете подолги.

Heaven on Earth✨ @lolo_creativ

A post shared by Demi 🌹 (@demirose) on

Сите 15 милиони нејзини следбеници на Инстаграм последниве денови уживаат во објавите на бујната инфлуенсерка Деми Роуз, која се прослави единствено со нејзиниот секси изглед, а влезе во светот на шоу-бизнисот со фактот дека е поранешна девојка на раперот Тајџ, поранешно момче на познатата Кајли Џенер.

- Рајот е состојба на умот! Ве има 15 милиони. Јас сум воодушевена. Никогаш не можев да помислам кога започнав со Инстаграм и кога почнав да позирам на 18 години дека ќе имам таква неверојатна база на обожаватели како што имам сега. Ве ценам и сакам сите. Благодарна сум за вашата поддршка - напиша пресреќната Деми, почестувајќи ги придружниците со фотографии во црно боди од чипка, додека зад неа се гледа бескрајниот океан.

- Вие сте нашиот ангел - е само еден од коментарите на воодушевените обожаватели.

Деми не се обидува да ги сокрие своите бујни облини. Покрај тоа, таа гордо ги покажува во исклучително минијатурните костуми за капење, а понекогаш и без нив.

- Верувам дека сме најубави кога ќе го отфрлиме нашето старо „јас“ и ќе се свртиме кон новото светло - напиша Деми на романтичната фотографија од плажа.

Поголемиот дел од деновите ги поминува на плажа, пловејќи на јахти или релаксирајќи се на отворените базени во одморалиштето Амила на Малдивите, кои се опкружени со природни ресурси и ја кријат од љубопитните погледи.

Таа е секогаш во костим за капење, изложена на сонце, на што му го должи својот тен дури и во средината на есента.

Во сториите на Инстаграм, Деми призна дека овој островски живот ја оставил „без трепки“, алудирајќи дека престанала да става вештачки трепки и дека ужива во годишниот одмор и природата.

Министерот Спасовски е позитивен на коронавирус,има благи симптоми

И покрај строгото почитување на мерките коишто ги превземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, вечерва добив позитивен резултат за Ковид 19, напиша на ФБ министерот Оливер Спасовски.

Почитувани, би сакал да ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките коишто ги превземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, вечерва добив позитивен резултат за Ковид 19.

Клиничката слика ми е добра, со благи симптоми и веќе сум во домашна самоизолација.

Чувајте сепорача министерот за внатрешни работи во објавата на Фејсбук.

притисни ентер