51-годишната sвезда постојано негира дека некогаш била подложена на пластична операција или користела ботокс, а неодамна ги прекори коментаторите на Инстаграм кои ја обвинија за лага.
"Но, дали можам само да напоменам дека твоите веѓи и чело воопшто не се движат кога зборуваш или се обидуваш да се изразиш ... дефинитивно ботокс. И сето тоа е добро. Само велам", коментирала една личност на видеото во кое пејачката ја испробува нејзината маска за лице JLo Beauty That Limitless Glow.
„Лол, тоа е само моето лице“, одговори Лопез. "Петстотини милионити пат ... Никогаш не сум користела ботокс, други инјекции или операции. Само велам", додаде таа.
"Земете ја убавината на Џеј Ло и чувствувајте се убаво во вашата кожа! И еве уште една тајна на убавината на Џеј Ло: обидете се да го поминувате времето попозитивно и да бидете пољубезни кон другите", продолжи таа.
Пејачката и актерка се чини дека е чувствителна на темата ботокс. Таа неодамна откри дека нејзиното поранешно момче ја охрабрувало да го проба кога имала само 23 години. „Не, благодарам“, му рекла таа. Таа додаде дека лицето инаку денес ќе и изгледало сосема поинаку, а наместо на процедури, својот природен сјај го должи на маслиновото масло и кремата за сончање.