Познат е мотивот на тинејџерот кој направи масакр во училиште во Русија (ВИДЕО)

Утрово тинејџер вооружен со експлозив и автоматска пушка уби девет лица во училиште во Казан, Русија - седум деца , наставник и вработена во училиштето, која вечерва им подлегнала на повредите.

Првичните информации укажувале на двајца напаѓачи, но на крајот, официјалните лица потврдија дека масакрот го извршил тинејџер кој наводно завршил во тоа училиште. Неговиот татко рече дека тој не бил религиозен и не забележал никакви промени во однесувањето на младиот човек.

Министерството за внатрешни работи на Татарстан соопштило дека напаѓачот имал експлозивна направа и автоматско оружје.Руската полиција објави дека осомничениот напаѓач бил поранешен ученик на училиштето каде го извршил денешниот напад.

Руската новинска агенција ТАСС објави дека името на напаѓачот било Илназ Гаjавиев, но тоа не било официјално потврдено.ТАСС наведува дека луѓето кои го познавале напаѓачот на училиште рекле дека тој бил тивок ученик кој избегнувал конфликти.Извор од полицијата за ТАСС изјавил: „Според прелиминарните податоци, младиот човек започна да пука од одмазда и омраза“.

Рускиот премиер Михаил Мишустин рече дека чувствува голема тага поради пукањето.

„За почеток, би сакал да изразам сочувство на пријателите и семејствата на убиените во Казан“, рече тој на владиниот состанок."Знаете дека голема несреќа се случи во едно од училиштата ова утро. Пукаа во деца. Ова е крајно нехумано и сурово. Ученици и возрасни починаа, и секоја таква загуба е голема тага", рече тој, пишува БиБиСи.

Утрово вооружен напаѓач пукал во училиштето бр. 175 во Казан, сместен на околу 820 километри источно од Москва.

Локалните власти велат дека најмалку девет лица биле убиени во нападот - седум ученици,наставник и уште една вработена. Неколкумина биле ранети и пренесени во болница.

Уапсен е 19-годишен осомничен.

Иако пукотниците во училиштата се релативно ретки во Русија, претседателот Владимир Путин најави ревизија на законите за оружје во земјата.

Според рускиот портал База, напаѓачот отворил канал на апликацијата Телеграм неколку дена пред нападот и се прогласил за бог.

Дваесет минути пред нападот, тој се фотографирал со маска на која пишувало „бог“ и напишал дека ќе го нападне училиштето, а потоа ќе се застрела. Неговиот профил е избришан.

Тој исполнил дел од застрашувачкото ветување - го нападна училиштето, но не се застрелал..

Снимките објавени на социјалните мрежи го покажуваат моментот на апсењето.

Руската агенција ТАСС наведува дека нападот започнал во 09:20 часот по локално време. За време на нападот, во училиштето имало 714 деца и околу 70 вработени, од кои 52 биле наставници.

„Бев на час, прво слушнав експлозија, а потоа и истрели од огнено оружје“, изјави еден наставник за ТАСС.

Извор близок до руската разузнавачка служба ФСБ изјавил дека во врска со нападот бил уапсен и 41-годишниот Мухамедшин Рами. Тие се сомневаат дека тој учествувал во организирањето на нападот.

Кои се најчестите здравствени проблеми што ги погодуваат децата?

Еден посебно може да влијае на квалитетот на животот и во посериозна возраст  

Рамните табани, деформациите на ‘рбетот и дебелината се најчести проблеми кај децата.

Стапалата се важен дел од нашето тело кои ни овозможуваат поткрепа и полесно движење. Нивното здравје е многу важно за нашето тело. Како што предупредуваат ортопедите, има се повеќе деца со рамни стапала, особено во градските средини каде децата немаат можност да одат боси.

Рамните стапала претставуваат деформитет кога табаните немаат природен заоблен лак. Овој проблем денес доби епидемиски карактер и е најраспространет кај деца од градските средини. Според ортопедите причина за тоа е седечкиот начин на живот и отсуството на физичка активност од најрана возраст.

Рамните табани не може да се „поправат“ доколку во детството не се носат соодветни влошки и квалитетни обувки, а во позрелите години тие влијаат на квалитетот на животот.

Најновите податоци од истражувањето на Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија кое е спроведено според Иницијативата за следење на дебелина кај децата на Светската здравствена организација, покажуваат дека 30,5 отсто од децата од шест до деветгодишна возраст живеат со зголемена телесна тежина или дебелина, 13,8 проценти од нив живеат со дебелина или екстремна дебелина. Дебелината е почеста кај момчињата, за разлика од девојчињата“, пишува во извештајот на ИЈЗ.

Во извештајот се наведува дека дебелината кај децата го зголемува ризикот од прерана смрт и инвалидитет во зрелоста. Прекумерно ухранетите и дебели деца често, како и возрасните, се разболуваат на помлада возраст од хронични болести, како што се дијабетесот и кардиоваскуларните болести, а развојот на болеста делумно зависи од возраста на која настанала дебелината и нејзиното траење.

Дебелите деца и адолесценти имаат и краткорочни и долгорочни здравствени последици кои често не стануваат видливи до полнолетството, како што се: кардиоваскуларни заболувања, дијабетес, мускулно-скелетни нарушувања и некои видови малигнитет, како и психолошки проблеми. Како што е наведено во овој извештај, главната цел при спречување на дебелината кај децата е да се обезбеди енергетска рамнотежа помеѓу внесените калории (диета) и потрошените калории (физичка активност).

Извор: srecna.republika.rs

12 животни лекции кои жените ги учат предоцна

 – Започнете ја навреме својата промена! 

Работата на вашето ментално здравје е исто толку важна како и работата на вашиот физички изглед, но многу дами во текот на животот го занемаруваат тоа.

Секој сака на улица да види убава жена, а повеќето сакаат да бидат во друштво на успешни и силни жени. Самодовербата не секогаш оди со изгледот, меѓутоа вашата слика за себе е нецелосна доколку ја немате. На патот кон успехот се соочуваме со многу предизвици и пречки, генерално, кога сме млади сè сфаќаме лично и честопати нашиот потенцијал и некои моменти не ги цениме доволно.

Созревањето е процес што трае, поради што многу жени многу доцна сфаќаат како би требало да реагираат или да се однесуваат во одредени ситуации. Затоа, важно е да работите на себе, да читате, да се едуцирате за полесно и помирно да надминете многу препреки во животот. Еве неколку одлични лекции за секоја жена, кои, за жал, повеќето ги учат предоцна.

1. Вашите зборови имаат тежина, затоа користете ги моќно.

2. Не сфаќајте сè лично. Луѓето често се преокупирани со своите мисли и искуства.

3. Ако се фокусирате на проблемите, ќе имате уште повеќе проблеми. Кога ќе се фокусирате на можностите, ќе имате повеќе можности.

4. Не е важно колку нешто ве боли во моментот, еден ден, кога ќе се осврнете наназад, ќе сфатите дека таа борба ви го направила животот подобар.

5. Секогаш ќе постои причина зошто сте запознале одредени луѓе. Или ви се потребни да го променат вашиот живот или вие да го промените нивниот.

6. Не плашете се да пробате нешто ново, бидејќи животот станува досаден кога останувате заробени во вашите граници на она што веќе го знаете.

7. Ако ве игнорира личност чие внимание многу ви значи, реакцијата во вашиот мозок е иста како физичка болка.

8. Понекогаш не ја сфаќате вредноста на моментот додека не стане спомен.

9. Откако ќе ги увидите работите за кои сте благодарни, ќе почнете да ги губите од вид работите што ви недостасуваат.

10. Ако не ги контролирате зборовите, нема да ја контролирате ни вашата иднина.

11. Животот е огледало и врз мислителот го рефлектира она за што размислува.

12. Единствената личност со која треба да се соочите наутро сте вие самите.

Извор: srecna.republika.rs

притисни ентер