Пожарот во Карбинци ставен под контрола

Пожарот кај Карбинци е ставен под контрола, а на терен се уште се пожарникарите и месното население, кои не дозволуваат да се шири.

Изгореа две викенд куќи, пумпна станица за вода за пиење, фотоволатична централа, шумски појаси и околу 100 хектари земјоделско земјиште, за среќа поголемиот дел од житарицата е ожнеана, е исходот од големиот пожар во општина Карбинци.

Од една од викендичките евакуирани се и три лица, меѓу кои мајка на возраст од над 50 години и нејзиниот син со посебни потреби. Од куќата ги извлекле двајца полицајци и месното население, кое веднаш се вклучило во спасување и гаснење на пожарот, а со трактори не дозволиле да се прошират огнените јазици и кон околните викенд куќи.

Градоначалникот на Општиан Карбинци, Јордан Насев кој беше на лице место вели материјалната штета е голема.

– И покрај брзата интервенција од противпожарната единица, коишто со четири возила и дваесеттина пожарникари и месното население беше со земјоделска механизација, меѓутоа не успееја да се спротистават на силниот ветар, којшто се уште беснее и дополнително го отежнува гаснењето на овој пожар, вели Насев.

МИА и претходно информираше дека пожарот почнал во 16 часот. Во првите моменти околу 50 жители од Општина Карбинци се вклучиле во гаснењето на пожарот, а дополнително бројката се зголемила. Насев посочи дека екипите на комуналното претпријатие се на терен, кај премпуните станици и смета дека нема да има проблеми со водоснабдувањето на селата.

Регионалниот патен правец од селото Таринци кон селата Карбинци, Радање и кон планината Плачковица беше затворен за сообраќај, аполицијата се уште е на терен.

Според Насев, засега официјално не се знае кои се причините за големиот пожар, месното население е категорично дека овој пожар не е предизвикан од стрниште, според нив пожарот почнал да се шири во близина на трафостаница на ЕВН.

Скандал: Советничка го јава градоначалникот на Бања Лука во неговиот кабинет (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се шири видео на кое се гледа како девојка во канцеларија седи на грбот на градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ, додека тој ја учи како да јава коњ.

Според блогот на Слободан Васковиќ, станува збор за Олга Бабиќ, вработена во Градската управа, за која се вели дека е негова десна рака, пренесува Кликс.ба.

„Го исправаш грбот и ми ги земаш јаките, како да се узди од коњ ...“, вели Станивуковиќ, додека девојката што седи на грбот вика „иха“. Потоа и дава инструкции како да управува со коњот, која нога, каде и како да удри, симулирајќи јавање. После тоа, девојката паѓа во прегратките на градоначалникот.

„Каков коњ си ...“, вели девојката и двајцата се смеат.

Медиумите во БиХ ја објавуваат веста за снимката, нарекувајќи ја скандалозна.

Израелскиот премиер за нуклеарната програма на Иран: Ги преминаа сите црвени линии

Премиерот на Израел, Нафтали Бенет изјави денеска дека, што се однесува до „нуклеарната програма“, Иран во голема мера ја минал недозволената граница и рече дека Израел нема да дозволи Техеран да поседува нуклеарно оружје.

Во својот прв говор пред Генералното собрание на ОН, Бенет рече дека Иран се обидува да добие доминација на Блискиот Исток под „нуклеарен чадор“ и повика на посилни меѓународни напори за запирање на иранските нуклеарни активности.

"Иранската нуклеарна програма е на крстопат. Сите црвени линии се преминати, инспекциите се игнорирани. И сето тоа минува низ нив", рече Бенет, кој во јуни оваа година стави крај на 12-годишното владеење на Бенјамин Нетанјаху како премиер.

Тој, исто така, стави до знаење дека Израел исто така може да дејствува еднострано против Иран.

"Иранската нуклеарна програма е во пресвртница, како и нашето трпение. Зборовите не можат да го запрат вртењето на нуклеарните центрифуги", рече Бенет.

Особено, тој побара американскиот претседател Џо Бајден да заземе построг став кон исламскиот режим во Техеран.

Бенет се противи на напорите на новата американска администрација насочени кон враќање во рамката на меѓународниот нуклеарен договор меѓу големите сили и Иран од 2015 година.

Под раководство на Доналд Трамп, САД се повлекоа од договорот во 2018 година.

Посебното мени за храна на Роналдо ги разбесни соиграчите од Јунајтед

Кристијано Роналдо вовел ново мени во тренинг центарот на Јунајтед, Карингтон, пишува The Sun. На него нема повеќе јаглехидрати, сокови и слатки.

Роналдо го прилагодил менито по своја желба, и тоа не им се допаднало на некои играчи на Манчестер Јунајтед. Португалецот обожава бакалар со салата, традиционално португалско јадење. Тука се појавил проблемот, бидејќи тоа не им се допаѓало на останатите соиграчи.

Наводно, играчите мрчат и му велат на Роналдо дека не е нутриционист, туку фудбалер.

"Роналдо обожува октопод, но остатокот од тимот не. Тој е зависник од протеини и авокадо, па готвачите често го среќаваат на општо разочарување на другите играчи во соблекувалната на Јунајтед. Тој побара од своите соиграчи да се откажат од пудингот што традиционално го јадат после ручек во петоците “, откри неименуван извор за британски Сан.

Роналдо ова лето се врати во Манчестер Јунајтед од Јувентус.

притисни ентер