Пријава за пожарот кај Вардариште добиле и во ЦУК, од каде велат дека граѓани од Гази Баба но и другите околни населби постојано се жалат дека во време на летни горештини се гушат со токсични гасови и смрдеа на изгорена гума, пластика и отпад што веќе со години гори на оваа дива депонија. Пожарот синоќа е изгаснат а било пријавено и во полиција. Од МВР велат дека не забележале сомнителни лица кои би можеле да го подметнат пожарот но се работи на расчистување на случајот.
-Во изминатиот период од наша страна на наведеното место е постапувано повеќе пати во содејство со комунални инспектори од Град Скопје и Општина Гази Баба, но не се забележани сомнителни лица, ниту лица кои подметнуваат пожар,-изјави – Гоце Андреевски – Портпарол на МВР.
Депонијата Вардариште е хроничен проблем и еколошка бомба не само на општина Гази Баба туку и на цело Скопје, бидејќи освен што постои опасност за пожари во околината, дополнително го загадува и воздухот во скопската котлина. Градоначалникот Боби Стефковски...
-Освен дивите депонии, дел од скопските градоначлници се жалат дека проблем има и со собирањето на сметот од контејнери.. Општина Кисела Вода поднесе и прекршочна пријава против ЈП Комунална хигиена бидејќи семтаат дека на овој начин се загрзоува здравјето и безбедноста на граѓаните,-- Боби Стефковски – Градоначалник на Општина Гази Баба.
-Сега имаме аргументирана прекршочна пријава согласно чл. 41 изречена од наш комунален инспектор поради несоодветно третирање на отпадот во општина К. Вода. Не е состојбата вака алармантна само во К.Вода туку во цело Скопје. Знаете дека Вардариште веќе неколку дена по ред гори, знаете дека граѓаните во Гази Баба се гужат од чад. Не може повеќе да се толерира ова што го прави Градот Скопје и директорот на ЈП Комунална хигиена,-изјави – Орце Ѓорѓиевски – Градоначалник на О. Кисела Вода.
Од ЈП Комунална хигиена го демантираат Ѓорѓиевски, велат дека отпадот во К. Вода се собира и транспортира редовно без застој а само во јуни се подигнати 1400 тони комунален отпад. Велат и дека очекувале општината да поднесе пријави против оние кои намерно непрописно одлагале отпад.
Но што ќе биде преземено во врска со депонијата Вардариште засега нема одговор. Во обидот да стапиме во контакт со претпријатието не упатија на контакт телефонскиот број од кабинетот на директорт од каде никој не одговори.