Пожарникарите од Скопје на протест, очекуваат позитивен одговор од градоначалникот

Скопските пожарникари иако пред осумнаесет месеци добиле судска пресуда со која им се одобрува исплата на надоместокот за опасност при работа, парите се уште ги чекаат. 

Ако итно не се реши проблемот со Град Скопје, најавија дека утре ќе излезат на протест.. Од страна на иницијативниот одбор додаваат дека поднеле барање до Градот за корекција на платата, а во дадениот рок од пет дена, не добиле никаков одгвор.

Од друга страна, градоначалникот Шилегов вели дека градот е само трансфер на платите кои пристигнуваат од државниот буџет. Тој додава дека секоја индивидуално добиена тужба од страна на пожарникар се исплаќа, но вели дека не постои решение од судот со кое градот е задожен да го исплаќа надоместокот на сите вработени во службата. Шилегов вели дека е чудно што пожарникарите протестираат, бидејќи веќе се закажани средби синдикатите и медијаторите, кои треба да се одржат во среда и четврток. Градоначалникот се сомнева на политичка позадина во ваквите постапки.

-Зошто некој одлучил во вторник да протестира на веќе закажани средби, каде што на се досега пресудено градот ќе исплаќа, јас навистина не знам. Мене малку ми коинцидира со утрешниот најавен протест на НПС, поддржан од Наќе Чулев. Ваквите неприципиелни притисоци се за мене неприфатливи, вели градоначалникот Петре Шилегов.

Градоначалникот додаде дека проблемот не е само кај скопската противпожарна бригада туку дека истиот е на ниво на целата држава, па затоа во моментов се работи на изнаоѓање на системско решение што на сите пожарникари во земјата ќе им се овозможи повисока плата,.

Американска туристка по 3 години го вратила парчето мермер кое го земала од Рим

Туристка од САД го вратила во Рим со писмено извинување древно парче мермер украдено за време на нејзината посета на вечниот град во 2017 година.

Мермерот бил испратен до Националниот музеј во Рим, парчето древен камен било обележано со ознаката „За Сем со љубов, од Џес, Рим 2017“, пренесува ББЦ.

Пристигна парче камен со порака во која турист моли за прошка за „несовесно однесување и непочитување“.

„Се чувствувам навистина ужасно не само поради тоа што го земав парчето мермер, туку и затоа што пишував по него“, се вели во писмото.

Личноста, за која официјалните лица веруваат дека е жена по име Џес, вели дека таа неуспешно „со часови го гребела и миела мермерот“ во обид да го тргне маркерот од каменот.

Штефан Вергер, директор на музејот, за италијанскиот весник „Ил Месаџеро“ изјави дека вратениот камен не е особено вреден и дека најверојатно е однесен од место како Римскиот форум, кое некогаш било центар на антички Рим.

Тој истакна дека станува збор за млада девојка која пристигнала во Рим во 2017 година и го однела каменот дома како подарок на своето момче.

Фото: Меси во дресот на Марадона се прости од својот идол

Шпанскиот фудбалски гигант Барселона во дуелот од 11 коло во Примера убедливо со 4-0 ја совлада Осасуна.

Мечот на Ноу Камп го одбележа капитенот на Барса, аргентинскиот волшебник Лионел Меси.

Меси го постигна последниот гол за Барселона во 73 минута и голот го прослави во дресот на својот идол Марадона.

Меси го соблече дресот на Барселона и во дресот на Њуелс првиот клуб на Диего Армандо Марадона со број 10 се прости од својот починат идол.

Светскиот шампион Хамилтон најбрз на „огненото“ Гран при во Бахреин

Возачот на Мерцедес Луис Хаилтон е победник на Големата награда на Бахреин од шампионатот во Формула 1.

Трката во Бахреин мина во знакот на инцидентот во кои експлодира болидот на Себастијан Грожан, кој за среќа остана скоро неповреден излегувајќи од запаленото возило.

Актуелниот шампион Хамилтон продолжува со доминацијата во Ф1 циркусот и сигурно чекори кон петтата последователна титула во шампионатот.

Хамитон стигна до 95 победа во кариерата со која ја зголемува предноста од легендарниот Михаел Шумахер, кој застана на 91 триумф.

На победничкиот подиум во Бахреин покрај победникот Луис Хамилтон се искачија и возачите на Ред Бул Макс Верстапен и Александер Албон.

притисни ентер