Пожарите и натаму пустошат низ Турција, расте бројот на жртвите (ВИДЕО)

Речиси сто пожари избувнаа оваа недела во делови од јужна и западна Турција, каде што ширењето на огнот било поттикнато од топлината и силниот ветер.

Бројот на жртвите од пожарите во Турција денеска се искачи на шест, а двајца пожарникари го загубија животот обидувајќи се да го контролираат пожарот во Манавгат, објави турскиот Си -Ен -Ен.

Сателитските снимки го покажуваат чадот од пожарите во Анталија и Мерсин, кои се проширија до Кипар, оддалечен околу 150 километри. Во жешките летни месеци, пожарите се вообичаени во јужна Турција, но локалните власти велат дека најновите пожари зафатиле многу поголема површина од кога било досега.

Со оглед на смртоносните топлотни бранови, поплави и шумски пожари кои се вообичаени низ целиот свет, се зголемуваат апелите од меѓународната заедница да се преземат итни мерки за да помогнат во намалувањето на емисиите на јаглерод диоксид , што предизвикуваат загревање на нашата планета.

Турскиот министер за земјоделство и шумарство Бекир Пакдемирли изјави дека во последните четири дена во земјата избувнале вкупно 98 пожари, од кои 88 се под контрола.

Пожарите продолжуваат да ги пустошат јужните крајбрежни провинции Адана, Османија, Анталија, Мерсин и западната крајбрежна провинција Мугла, популарното летувалиште за домашните и странски туристи, каде што некои хотели се евакуирани.

Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија

Парламентот на Индонезија денеска одлучи дека поранешната метропола Џакарта ќе остане економски центар на земјата, како дел од планот за преместување на главниот град на островот Борнео.

Индонезија планира да го пресели својот главен град од преполната, Џакарта чија надморска височина е се попониска, во Нусантара, град вреден 32 милијарди долари кој се гради во џунглите на Источен Калимантан на Борнео.

Градот е водечки проект на претседателот во заминување Јоко Видодо, кој вети подобра дистрибуција на богатството и развој низ архипелагот, не само на островот Јава.

Според новиот закон од 18 март, ќе се формира совет за „агломерација“ за да ги координира развојните планови меѓу Џакарта и нејзините сателитски градови.

Министерот за внатрешни работи Тито Карнавијан по дебатата во парламентот рече дека Џакарта сè уште ќе треба да се развива понатаму за да се натпреварува со другите „градови од светска класа“ откако седиштето на владата ќе се пресели во Нусантара.

- Откако ќе престане да биде главен град, Џакарта сепак мора да има печат на посебен град за да може да го забрза економскиот раст и да го зголеми својот придонес во БДП на земјата, рече тој.

Според сегашните правила, Џакарта ќе остане главен град на Индонезија додека претседателот не издаде декрет за официјално именување на Нусантара за нов главен град, кој е планиран за оваа година.

Се очекува владата годинава да одржи церемонија на Денот на независноста на 17 август во Нусантара, а до крајот на оваа година е планирано преместување на илјадници државни службеници.

Светски берзи: Скок на цената на нафтата, пад на цената на златото и пченицата

 Европските и американските берзански индекси денеска се во пораст, како и цените на нафтата, додека цените на златото и пченицата паѓаат.

Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:10 часот порасна на 18.492,46 поени, лондонски FTSE 100 на 7.957,12 поени, францускиот CAC 40 на 8.225,07 поени, а московскиот MOEX на 3.308,14 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс се искачи на 39.760,08 поени, индексот S&P 500 на 5.248,49 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 16.399,52 поени.

Според податоците од берзите, цената на суровата нафта се искачи на 81.768 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 85.756 долари.

Европските фјучерси на гас на отворањето на берзата ТТФ се продаваа по цена од 27.435 евра за мегават-час.

Цената на златото падна на 2.192,16 долари за унца (една унца е 28,35 грама), а цената на пченицата падна на 5,4668 долари за бушел (еден бушел е 27,216 килограми).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,07974, што е за 0,26 отсто помалку од вчера.

Герасимовски: Не е целта да се конфискуваат тераси, или доградби за социјално загрозени лица

Не е целта да се конфискуваат тераси, или доградби за социјално загрозени лица, туку оние кои оставруваат профит.

Со законско решение за конфискација на дивоградбите, ќе се одземат нелегалните објекти кои оставруваат профит и ке се пренаменат во непророфитни објекти или во места каде ќе се одржуваат културни манифестации, ова утринава го соопшти градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, по повод новото законско решение за регулирање, конфискација и ре-употреба на бесправно изградени објекти.

Според градоначалникот со законот ќе се реши урбанистичкиот хаос

притисни ентер