Пожари пустошат низ Австралија , загрозени се и населени места (ВИДЕО)

Австралиските власти соопштија дека низ државата Нов Јужен Велс беснеат десетици шумски пожари , нешто невидено до сега.

Повеќе од 90 пожари беснеат низ државата.Многу од нив се наоѓаат во области погодени од сушата и нивното гаснеже е оневозможено поради налетите на ветер и температурата што достигнува до 35 Целзиусови степени.

Пријавено е дека на некои места луѓето се заглавени во своите домови и службите за итни случаи не можат да стигнат до нив заради интензитетот на пожарот.

На многумина им се советува да бараат засолниште затоа што во моментов е премногу доцна за да избегаат.

На теренот има над 1.000 пожарникари и 70 канадери, а комесарот за пожари Шејн Фитсимонс изјави дека никогаш не видел толку многу пожари истовремено на ниво на итни случаи.

Покрај Нов Јужен Велс, издадени се предупредувања за пожари во државите Квинсленд и Западна Австралија.

Сепак, Нов Јужен Велс е најтешко погодената држава, при што пожарникарите гаснат стотици пожари од септември.

Минатиот месец две лица загинаа во пожар, а минатата недела пожар уби стотици коали во нивното засолниште.

Американска компанија почнува со финални испитувања на вакцината против корона

Американскиот фармацевтски концерн Moderna Inc објави дека конечните клинички испитувања за вакцината против „ковид-19“ ќе започнат на или околу 27 јули.

Ова е трета, клучна фаза на тестирање врз луѓе на mRNA-1273.

Клиничкото испитување го води Националниот институт за здравство (NIH), а владата на САД инвестира близу половина милијарда долари во проектот на Modernа.

Конечните клинички испитувања ќе бидат спроведени на 87 локации, сите во САД. Ќе бидат вклучени околу 30.000 возрасни лица кои имаат голема веројатност да бидат заразени со коронавирус. Студијата ќе го спореди бројот на нови инфекции кај оние кои ја примиле новата вакцина и оние кои примале плацебо.

Експерименталната вакцина ќе биде тестирана во 30 држави и во градот Вашингтон. Половина се држави кои биле погодени од епидемијата, како што се Тексас, Калифорнија, Флорида, Џорџија, Аризона и Северна и Јужна Каролина.

Соединетите држави во последниве денови бележат рекорден број новозаразени лица, особено од споменатите земји.

Акциите на Модерна во текот на дценот се зголемија за околу 2,5 проценти на американската технолошка берза „ Nasdaq“.

Џенифер Лопез откри три тајни за совршена форма

И покрај тоа што го слави својот 51 роденден на 24 јули, популарната пејачка е во животна форма.

Многумина воздивнуваат по нејзините цврсти облини и мускулестото тело што се резултат на долгогодишната грижа што таа ја вложува во сопствениот изглед.

Како што самата призна во магазинот InStyle, „со години се грижам за себе и сега тоа се покажува“.

✨A whole mood ✨😎 @Coach

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) on

Никогаш не се срами да се соблече и да се фали со својата фигура. Многумина се прашуваат што е тајната, така што Џеј Ло ја споделил. „Нема кафе или алкохол во мојот живот и спијам редовно“, тврди sвездата.

Но, не треба да се занемарува дека таа поминува часови во теретана и ја следи здравата исхрана. По раѓањето на близнаците, таа беше веганка извесно време и со тоа ги изгуби килограмите насобрани за време на бременоста. Денес таа го следи нејзиниот внес на протеини, па консумира пилешко и мисиркино, а наутро пие шејк што ја снабдува со енергија. Што се однесува до грицките, тие секогаш се исклучиво овошје и зеленчук.

Отфрлена спогодбата за жртвите на холивудскиот предатор Вајнштајн

Окружниот суд во Менхет ја отфрли предложената спогодба од 18,9 милиони американски долари во граѓанската тужба за жените кои тврдат дека биле сексуално експлоатирани и малтретирани на работното место од холивудскиот продуцент Харви Вајнштајн.

Износот на спогодбата е резултат на две граѓански судски постапки, едната поднесена во 2018 година од страна на јавниот обвинител против Харви Вајнштајн, неговиот брат Боб и нивната филмска компанија „ The Weinstein Company “, а другата е поднесена од група жени во 2017 година за сексуално насилство од поранешниот филмски магнат.

Спогодбата требаше да биде одобрена денес од судот, по што ќе се формира фонд за да се исплатат жените кои го тужеле Вајнштајн за сексуалното насилство.

Судијата Алвин Хелерстеин, меѓутоа, рече дека прелиминарната спогодба е неправедна за силуваните или сексуално експлоатирани жени од Вајнштајн, а исто така најде неприфатлив план што вклучува пари од фонд што ќе му овозможи на Вајнштајн и администрацијата на неговото поранешно студио да плаќаат трошоци за одбрана. .

Парите за овој фонд треба да ги платат осигурителните компании.

„Идејата Харви Вајнштајн да добие пари да се брани пред тие што го тужат е луда“, рече Хелерстеин на сослушувањето.

Спогодбата неше осудена од жените, кои тврдат дека според предлогот, жртвите на Вајнштајн ќе бидат компензирани со само 10.000 до 20 000 долари, додека 15,2 милиони долари ќе бидат наменети за трошоци за одбраната.

Даглас Вигдор, адвокат кој застапува шест жени кои не ја прифаќаат спогодбата, рече дека е задоволен што судијата „брзо ја отфрлил таквата еднострана спогодба“.

Вајнштајн (68) поднесе жалба на пресудата во февруари со која му се изрекува казна затвор од 23 години за прекршоци за кои се товари - сексуален напад на неговата асистентка и силување на актерка. За него се поднесени посебни тужби за силување и сексуална злоупотреба во судот во Лос Анџелес.

притисни ентер