Пожар во зграда во Чаир - 12 деца и 30 возрасни завршија на скопските клиники

Над 40 лица, меѓу кои и 12 деца завршија на Токсикологија и на Клиниката за детски болести со отежнато дишење по пожарот кој утрово избувна во зграда во скопски Чаир. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Беци: Трговијата со дрога во Албанија ја принуди ДЕА да отвори канцеларија

Поранешниот обвинител за тешки кривични дела, Еуген Беци, го коментираше отворањето на канцеларијата на американската ДЕА во Тирана, велејќи дека на тоа била „принудена откако Албанија станала проблем со трговија со дрога“.

Во емисијата „Отворено“ на News24 тој рече дека ДЕА интервенира само кога станува збор за трговијата со кокаин и перење пари, додавајќи дека „албанските криминални организации ја потопија Европа со дрога“.

- Трговијата со дрога во Албанија ја принуди ДЕА да отвори канцеларија. Албанија стана проблем и за ДЕА. Ова може да се нарече и неуспех на албанската држава во борбата против кокаинот. ДЕА интервенира само кога станува збор за трговија со кокаин и перење пари, посочи тој.

Според него ако претходно ДЕА имала канцеларија во Атина, сега ќе има и во Тирана, бидејќи „Албанија станала центар за ангажирање „војници“ за криминалните организации, а има и центар за расчистување на кривичните дела.

Деновиве шефот на Специјалното обвинителство за борба против корупција и организиран криминал на Албанија, СПАК, Алтин Думани објави дека ДЕА ќе отвори свое претставништво во Тирана.

За време на Меѓународната конференција за борба против дрогата што од 24 до 26 септември се одржуваше во Атина, тој се сретна со шефицата на Агенцијата за борба против дрога, Ен Милграм.

Двајцата, како што изјави, ја потврдиле соработката меѓу двете структури и се „заложиле за нејзино зајакнување, што ќе кулминира со отворање претставништво на американска агенција за борба против дрога во Тирана“.

Мегваер, Рашфорд и Медисон аут од репрезентацијата на Англија

 Привремениот селектор на Англија, Ли Карсли, го објави составот за натпреварите во октомври во Лигата на нации против Грција и Финска. 

Меѓу 25-те играчи повикани од Карсли се напаѓачот на Тотенхем, Доминик Соланке, играчот од средниот ред на Челси, Нони Мадуеке, играчот од средниот ред на Лил, Анхел Гомес, голманот на Кристал Палас, Дин Хендерсон, како и дефанзивецот на Манчестер Сити - Рико Луис.

Карсли, сепак, ги изостави искусните Хари Мегваер и Маркус Рашфорд од Манчестер Јунајтед, Џејмс од Тотенхем како и Џејден Санчо од Челси.

Напаѓачот на Вест Хем, Џеред Бовен, исто така не е повикан од Карсли.

Останатите главни играчи - Хари Кејн, Кајл Вокер, Џон Стоунс, Џордан Пикфорд, Фил Фоуден, Џуд Белингем и Деклан Рајс - се во тимот за двата меча.

Англија, која со по 6 бода го дели првото место со Грција во групата 2 од Лигата Б од Лигата на нации, на 10 октомври им гостува на Грците.

Три дена подоцна е посетата на Финска.

Следната недела самит на балканските лидери за Украина

Во Хрватска следната недела ќе се одржи самит на балканските лидери за Украина на кој ќе присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопшти денеска хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Целта на состанокот, кој ќе се одржи во Дубровник, е „целиот регион да ги поддржи Украина и украинскиот народ во борбата за слобода“, рече Пленковиќ на редовна владина седница.

Тој не го откри датумот на состанокот, но владини извори и локалните медиуми јавија дека самитот е закажана за в среда.

Претходниот самит „Украина-Југоисточна Европа“ се одржа во февруари во главниот град на Албанија, Тирана.

Зеленски присуствуваше на тој собир и повика на поголема поддршка за да се помогне да се одвратат руските сили.

Зеленски на денешниот состанок во Киев со новиот шеф на НАТО рече дека неговата земја се обидува да ги убеди своите западни поддржувачи да ги соборат руските ракети и беспилотни летала испукани врз Украина.

притисни ентер