Пожар во куќа во Кавадарци, за среќа не настрадал 70-годишниот сопственик

 Пожар избувнал утрово во куќа во Кавадарци. За среќа не настрадал  70-годишниот сопственик.

Командирот на Територијалната противпожарна единица, Александар Чадамов изјави дека интервенирале веднаш по дојавата и спречиле огнот да не предизвика катастрофални штети врз куќата, но и да не се прошири на околните објекти.

На лице место веднаш пристигнал и градоначалникот Митко Јанчев.

Од Брзата помош во Кавадарци потврдија дека го однеле сопствениот на куќата во болница, но оти тој не бил повреден, освен што бил исплашен и вознемирен.

притисни ентер