Пожар во атарот на село Милетково, нема противпожарната екипа (ВИДЕО) - Канал 5

Осумдесетгодишнина од кодификацијата на македонскиот јазик

По повод 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот јазик, во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје на ден 22.5.2025 се одржа свечена промоција на документарниот филм „Аз, Буки, Веди – развој на македонскиот јазик“. 

Осумдесетгодишнина од кодификацијата на македонскиот јазик

Овој значаен проект е резултат на посветената работа на учениците од ПСУ „Јахја Кемал“ од Тетово, под менторство на проф. м-р Олгица Гаврилоска и проф. м-р Јасмина Димитриеска. Настанот се одржа во свечена и инспиративна атмосфера, во присуство на професори, ученици и љубители на македонскиот јазик. Свое обраќање имаа директорката на Институтот, проф. д-р Елена Јованова-Грујовска, како и дел од авторите и менторите на филмот, кои ја истакнаа важноста од неговата реализација и значењето на јазикот како културна вредност.

Филмот опфаќа значајни етапи од развојот на македонскиот јазик, вклучувајќи интервјуа со истакнати научници и професори, автентични архивски материјали и оригинална музика.

Во реализацијата на филмот учестуваа: режисери: Матеј Печеновиќ, Симон Стојановски, идеја: Симон Стојановски, сценаристи: Николина Ристовска, Симон Стојановски, Матеј Печеновиќ, камера: Меланија Николовска, Марко Војноски, Матеј Печеновиќ, монтажа: Марко Војноски, Матеј Печеновиќ, музика: Матеј Печеновиќ, Марко Војноски,боја: Марко Печеновиќ, техничка екипа: Марко Војноски, Симон Стојановски, наратор: Зоран Јовановски, изведувач: Матеј Печеновиќ

Говорители: проф. д-р Људмил Спасов, проф. д-р Елена Јованова-Грујовска, проф. д-р Лидија Тантуровска, проф. д-р Борче Арсов, м-р Антоанета Тримчевиќ

Поддржувачи на филмот: Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ од Скопје, Генералната дирекција на ПСУ „Јахја Кемал“ од Скопје и Управата на ПСУ „Јахја Кемал“ од Тетово.

Филмот е доказ дека кога младите добиваат поддршка, инспирација и простор за креативен израз, можат да создадат дела што оставаат трага.

„Аз, Буки, Веди“ не е само документарец. Тоа е глас на младите што ја раскажуваат приказната на еден јазик кој не престанува да живее. Јазикот е темел на нашиот идентитет и токму преку вакви дела, ја продолжуваме неговата приказна. Секој збор е мост кон иднината. Секоја мисла – доказ дека јазикот дише, зборува и нè повикува да го чуваме со љубов.

Салах е најдобриот играч во Премиер лигата, Алесија Русо без конкуренција меѓу фудбалерките

На церемонија во Лондон, Мохамед Салах и Алесија Русо беа прогласени за најдобри во Премиер лигата од страна на Здружението на фудбалски новинари за сезоната 2024/25.

Салах е најдобриот играч во Премиер лигата, Алесија Русо без конкуренција меѓу фудбалерките

Салах ја освои оваа награда по трет пат, со што се изедначи со Тиери Анри, кој исто така беше трикратен лауреат.

Напаѓачот на Ливерпул постигна 28 гола и е на врвот на листата на најдобри стрелци во Премиер лигата. Токму неговиот придонес беше непроценлив во освојувањето на титулата.

-Освојувањето на оваа награда е посебно. Се чувствувам привилегиран. Тоа беше голем предизвик за мене. Си поставив цел повторно да бидам лидер и мислам дека го постигнав тоа, рече Салах, кој славеше пред Вирџил ван Дајк, Александар Исак и Деклан Рајс.

Лазаров: Имаме одлична предност пред реваншот со АЕК, но секогаш сум претпазлив

Ракометарите на Алкалоид се подготвуваат за реваншот со АЕК в недела во финалето на ЕХФ Европскиот куп.

Лазаров: Имаме одлична предност пред реваншот со АЕК, но секогаш сум претпазлив

Македонскиот претставник од Атина донесе четири голови предност.

Тренерот Кирил Лазаров побара да не се создава еуфорија и неговите избраници без притисок да влезат на средбата.

- Стигнавме до финале важно за Алкалоид и за македонскиот ракомет. Имаме одлична предност од 4 голови. Сепак, секогаш сум претпазлив, треба порелаксирано да го дочекаме натпреварот. Не сакам моите играчи да бидат под притисок. Утре одиме во карантин и верувам дека подготвени ќе го дочекаме реваншот, изјави Лазаров пред дуелот.

На денешната прес-конференција своите очекувања ги кажа и голманот Иван Галевски кој во Грција одбрани пет пенали од шесте досудени за АЕК.

- АЕК е искусна и силна екипа. Нема да ни биде воопшто лесно. Но ние ќе ја имаме поддршката од нашиот осми играч - публиката. Верувам дека на крајот ќе го кренеме пехарот, изјави Галевски.

Натпреварот Алкалоид - АЕК ќе се игра в недела во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 20:30 часот. Од Алкалоид апелираат на фер и спортско навивање во текот на целиот натпревар.

притисни ентер