Пожар кај Пепелиште се шири кон планина Серта

Од Општина Неготино има барање за асистенција од хеликоптер.

Пожар кај Пепелиште се шири кон планина Серта

Пожар на отворен простор кај село Пепелиште се шири кон планината Серта, од Општина Неготино до ЦУК има барање за асистенција од хеликоптер, информираа попладнево од Центарот за управување со кризи.

- Регионалниот ЦУК Велес информира дека има пожар на отворен простор кај Пепелиште, во почетокот гореле сува трева и нискостеблеста шума. Но, според последните информации од терен, пожарот се проширува кон планината Серта. На терен се присутни екипа од територијалната противпожарна единица Неготино со осум пожарникари и две протипожарни возила и претставници од воениот полигон „Криволак“. Според нивна проценка, постои можност за разгорување на пожарот со тенденција да се прoшири во правец на планината Серта, соопштија од Центарот.

Градоначалникот на Неготино доставил до ЦУК барање за асистенција од хеликоптер, за воздухопловна противпожарна поддршка на противпожарните сили што дејствуваат по земја.

Данска воведува задолжителен воен рок за жените, ќе трае 11 месеци

Данска ќе воведе задолжителен воен рок за жените една година порано од првично планираното - од 1 јули 2025 година, потврди министерот за одбрана Троелс Лунд Поулсен.

Данска воведува задолжителен воен рок за жените, ќе трае 11 месеци

Досега жените во данската армија можеа да учествуваат само на доброволна основа, додека мажите се обврзани да служат доколку се извлечени преку еден вид лотариски систем, што се користи во случај на недостиг на волонтери.

-Поради моменталната безбедносна ситуација, вооружените сили мора да привлечат повеќе регрути, рече Поулсен.

Воведувањето на обврската за жените е договорено во соработка со мнозинството парламентарни партии, а новиот правилник предвидува подолг стаж - наместо претходните четири месеци, ќе трае 11 месеци.

-Ова е важен чекор напред кон целосна рамноправност меѓу жените и мажите, рече данскиот министер, а пренесува „Дифенс пост“.

Годишната „лотарија“ сè уште ќе се применува, но само ако не се пријават доволно волонтери во дадена година.

Данска во февруари објави дека во периодот 2026-2027 година ќе инвестира дополнителни 6,8 милијарди евра во одбраната, откако претходната година веќе го зголеми буџетот за одбрана за 5,4 милијарди.

Со овој потег земјата и се приклучи на Норвешка, првата членка на НАТО која во 2015 година воведе задолжителен воен рок за жените, и Шведска, која го врати воениот рок во 2017 година, а исто така го прошири и на жените.

Од утре поинтензивни врнежи, грмежи и засилен ветер

Од утре следува период на променливо облачно време со честа појава на повремени врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Од утре поинтензивни врнежи, грмежи и засилен ветер

Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 20 л/м2), како и појава на грмежи и силен ветер (над 70 км/ч).

Лавров тврди дека се водат разговори за Северен тек со Вашингтон

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека враќањето на руските енергетски испораки за Европа е во интерес и на Москва и на Вашингтон, тврдејќи дека се водат разговори за гасоводот Северен тек.

Лавров тврди дека се водат разговори за Северен тек со Вашингтон

-Во моментов, се разбира, има несогласувања. Но, интересот за враќање на нормалното снабдување со енергија во Европа не е само интерес на САД и Русија, рече Лавров. „Се зборува за Северен тек. Би било интересно ако Американците го искористат своето влијание врз Европа и ја принудат да не се откаже од рускиот гас“, тврди тој.

Гасоводите „Северен тек“, кои ги поврзуваат Русија и Германија под Балтичкото Море, беа клучни рути за извоз на руски гас во Европа. Северен тек 1 започна со работа во 2011 година, додека Северен тек 2 беше завршен, но никогаш не беше пуштен во употреба. /МИА

притисни ентер