Повторно висок број заразени со Ковид-19, вкупно 3 572 активни случаи

Сто деведесет и осум нови случаи на Ковид-19 регистрира вчера Институтот за јавно здравје. Вкупно активни случаи во земјава се 3 572. 

Од новодијагностицираните и натаму најмногу има во Скопје – 83, следат Свети Николе – 27, Штип – 21, Куманово – 12, Битола – 11. Во Гостивар има 10 новозаразени, Тетово – девет, Радовиш – седум, Струга, Охрид и Демир Хисар по тројца новозаболени, Прилеп, Велес и Пробиштип по двајца, а во Дебар, Кочани и Кичево по еден.

Оздравени се 97 лица – од Скопје – 71, Тетово – 12, Штип – седум, Ресен – двајца, а во Велес, Битола, Кочани, Пробиштип и Кичево по еден пациент. Починаа четворица на возраст од 49, 61, 70 и 72 години – пациент од Скопје, двајца од Прилеп и еден од Тетово.

На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 86. На кислородна поддршка таму се 38 пациенти, а нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 20 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, осум деца позитивни и две деца суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември", пак, вкупно се хоспитализирани 90. На респираторна машина се седум пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 29, а во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 123 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Вкупниот број на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8 530, бројката на оздравени пациенти е 4 565, на починати е 393, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3572.

Во Скопје и натаму најмногу активни случаи – 1 804, а следат Тетово со 286, Куманово – 212, Штип – 195, Струга – 166, Гостивар – 157, Свети Николе – 134, Охрид – 122.

Досега во земјата се направени вкупно 80.774 тестирања за Ковид -19./МИА

Во Ирак најголем број заразени од почетокот на пандемијата

Во Ирак се потврдени 4.229 нови случаи на коронавирус, најголем број нови инфекции од почетокот на пандемијата, соопштија здравствените власти.

Ирачкото Министерство за здравство соопшти дека се потврдени вкупно 172.583 случаи на КОВИД-19, а Ирак е на третото место по бројот на заразени лица на Блискиот исток, по Саудиска Арабија и Иран, јавува Би-Би-Си.

Од корона починале уште 76 лица, а вкупниот број на смртни случаи е 5.785.

Хамилтон најбрз во Барселона, 92. пат ќе стартува прв

Британскиот возач, Луис Хамилтон, водечки во генералниот пласман, денеска беше најбрз во квалификациите за Гран При на Шпанија и ќе стартува од најдобрата позиција утре на патеката Circuit de Catalunya  во Барселона.

До него утре на стартот ќе биде неговиот клупски партнер Финецот Валтери Ботас.

Тоа за Хамилтон, шесткратен светски шампион, е рекорден 92-ри пат во неговата кариера и четврт оваа сезона да започне од пол-позицијата.

Макс Верстапен (Ред Бул), најблизок до Хамилтон во генералниот пласман, ќе стартува од третото место, а Мексиканецот Серхио Перез (Рејсинг Поинт), кој ги пропушти последните две трки во Формула 1 поради коронавирусот, од четвртото место.

Се знае што правеле играчите на Баерн по историската победа над Барселона

Претседателот на Баерн откри како фудбалерите на неговиот клуб ја одбележале историската победа од 8: 2 против Барселона во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

"После играта, отидов во соблекувалната очекувајќи да видам разуздано славје на играчите по фантастичниот триумф. Сепак, ги најдов целосно мирни и фокусирани на следниот меч", вели Карл-Хајнц Румениге.

Баерн го очекува победникот на вечерашниот натпревар меѓу Манчестер Сити и Лион во полуфиналето, што ќе се одигра во среда.

притисни ентер