Повторно се отвора пазарот во Кавадарци, само за прехранбени производи

 Повторно се отвора градскиот пазар во Кавадарци, во деновите среда, петок и недела, само за прехранбени производи, со почитување на мерките за заштита и дезинфекција.

Оваа мерка денеска ја донесе Штабот за заштита и спасување на Кавадарци. Пазарот претходно беше затворен превентивно, за заштита од коронавирус.

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев на прес-конференција информирајќи за сите донесени мерки, рече дека Општината и комуналното претпријатие ќе продолжат со мерките за дезинфекција и аеродезинфекција.

– Сопствениците на имот во Општината (во градски, приградски и викенд населби) немаат право во овој период да го издаваат под закуп на трети лица со живеалиште надвор од Кавадарци. Само за пример, крај Тиквешко Езеро има голем број викендички. Мерката е превентивна и важи во овој период, кога треба да се почитуваат мерките за заштита, нагласи градоначалникот.

Јанчев информираше дека во Општината нема нови позитивни случаи на коронавирус. Граѓаните ги почитувале мерките за ограничување на движењето. Апелираше така да биде и во наредниот период, поради лична и колективна заштита од вирусот.

Феенорд ја одби првата понуда на Ливерпул за Слот

Ливерпул не ја прекинува потрагата по наследникот на Јирген Клоп. Во текот на изминатите неколку дена, се појави информација дека напаѓачот на Феенорд, Арне Слот моментално е на врвот на потесниот круг на „црвените“. 

Англискиот гигант веќе стапил во контакт со своите колеги во Холандија. Ливерпул чекаа до финалето на Купот на земјата, кое го освои тимот од Ротердам, а потоа почнаа официјални преговори.

Сепак, првата понуда на Ливерпул за Слот беше одбиена од Феенорд, тврди „Атлетик“. Тимот понудил 9 милиони евра за раскинување на договорот со менаџерот. Холанѓаните одлучија дека оваа сума не е доволна за да го ослободат.

Иако се во преговори за Слот, Ливерпул се уште разговара за други опции за иден тренер.

Минатата кампања, Слот го предводеше тимот од Ротердам до нивната втора титула во Холандија во последните 20 години. Претходната година, Феенорд стигна до финалето на Конференциската лига, каде што загуби од Рома. Тренерот е на чело на Феенорд од 2021 година.

Клубот нема желба да се раздели со него, но тој е ентузијастички настроен да го преземе Ливерпул. /MIA

ДИК: Излезноста до 19 часот е 48,46%, најмногу во Новаци- 71,07%

Најголема излазност од 71,07 % е забележана во Новаци , а најмала во Центар Жупа со 16,19% ,соопшти претседателот на ДИК, Александар Даштевски 

На по едно место во Липково, Могила и Делчево ќе се продолжи гласањето поради кус прекин.

притисни ентер