Повторно разгорен пожарот кај Валандово – се шири кон Дојран и Богданци - Канал 5

Повторно разгорен пожарот кај Валандово – се шири кон Дојран и Богданци

Повторно разгорен пожарот кај Валандово – се шири кон Дојран и Богданци
Пожарот во валандовскиот регион претпладнево повторно се реактивирал поради силниот ветер и во моментот се шири кон Казан Дол и Фурка, а вториот огнен крак кон Богданци,информира за Канал 5 градоначалникот на Валандово Перо Костадинов. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

ВМРО-ДПМНЕ: СДС убедливо губи

Ако е лажна анкетата каде СДС има четири пати понизок рејтинг од ВМРО-ДПМНЕ, а Мицкоски повисок рејтинг од сите заедно политичари, тогаш ги повикуваме СДС да објават вистинска и релевантна анкета.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС убедливо губи

Еве, самите нека посочат на која релевантна анкета води СДС.

Вистината е дека на ниту една анкета не води СДС и Венко Филипче. Тие се непрепознатливи поради нивната неконструктивност, непрепознатливост и целосна безидејност. Главната политичка активност на СДС и Венко Филипче се состои во некрофилија и пироманство. Во таква една состојба нормално дека нема напредок.

За нас, довербата од граѓаните значи пред се обврска и одговорност да се бориме за промени и решавање на проблемите и хаосот кој го наследивме.

Јасно е дека СДС не е алтернатива и тоа го покажуваат сите анкети на јавното мислење.

ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Музејот на вода во Охрид 7 години бил целосно заборавен

Музејот на вода во Охрид 7 години бил целосно заборавен, а денес добива нов лик- нашето културно наследство  е главната туристичка понуда.

Мицкоски: Музејот на вода во Охрид 7 години бил целосно заборавен

„Со консолидирање на состојбата во земјата, очекувам инвестициите во културата да бидат уште поголеми и не случајно секторот туризам го додадовме до Министерството на култура и тоа стана Министерство за култура и туризам, бидејќи според спроведените истражувања најголемиот дел од посетителите, односно туристите коишто ја посетуваат Македонија како туристичка дестинација токму тоа е и причината зошто ја посетуваат односно богатото културно наследство.

Овој објект овдека, оваа населба овдека и заедно со придружната инфраструктура навистина претставува еден значаен објект за Охрид и за туристите коишто го посетуваат Охрид.

Јас му честитам на директорот за посветената работа изминатиов период откако е директор се разбира затоа што и самиот кажа дека 7 години буквално ништо не било направено како што можете да видите денеска комплетно ликот на ова прекрасно место е изменет и делува сосема поинаку споредено со состојбата од пред година и пол, две.

Така што само посакувам успешна работа и понатаму самиот тој кажа дека тука не застануваме со инвестиции, продолжуваме и понатаму им честитам и на останатите коишто беа вклучени во поддршката на реализацијата на овој проект, министерот, градоначалникот, сите останати коишто помогнаа тука е и министерот за транспорт и потпретседател на Влада којшто силно е фокусиран во делот на подобрување на инфраструктурата во Охрид и околината, пратениците во Собранието коишто жестоко се борат за проект повеќе за Охрид.

Така што кога имаме една ваква енергија којашто се обединува помеѓу локалната и централната Влада тогаш резултатите и успехот се неизоставени“, изјави премиерот Христијан Мицкоски на пуштањето во употреба на целосно санираниот Музеј на вода, наколна населба во заливот на Коските во Охрид.

YouTube video

Во Пехчево започна Фестивалот на дувачки оркестри и Етно саемот „Пехчевски Павловден“

 Со настапите на Џамбо Агушеви оркестар, Дејан Петровиќ Биг Бенд, Кверкус Бенд, како и ди-џеј сетот на DJ BONO по полноќ, синоќа  беше отворен Фестивалот на дувачки оркестри - Пехчево 2025. 

Во Пехчево започна Фестивалот на дувачки оркестри и Етно саемот „Пехчевски Павловден“

Градоначалникот на Пехчево, Александар Китански, кој го отвори фестивалот, изјави дека овој настан претставува мост меѓу генерациите и дел од културниот идентитет на градот.

-Овој фестивал е дел од културната душа на Пехчево. Тоа е настан што го поврзува старото и новото, искуството и младоста, рече Китански пред присутните.

Фестивалот кој се одржува 15-та година по ред продолжува вечерва (12 јули, сабота) со програма што започнува во 19:00 часот, на која ќе настапат: Music Talent Show, детскиот фестивал „Поточиња“, дувачки оркестар Владимир Ивановиќ (Србија), дувачки оркестар Данијела (Србија), Brass Brothers.

Во рамки на настанот започна и 17-тото издание Етно саем ,,Пехчевски Павловден" на кој посетителите за времетраење на фестивалот може да уживаат во традиционални производи, занаети и локална гастрономија.

Организатор е Општина Пехчево, со поддршка од културни институции и локални партнери.

притисни ентер