Повторно опожарени возила во Скопје, овој пат три автомобили во Кисела Вода

Продолжува опожарувањето на автомобили во Скопје.

Денеска на мета биле три возила во Кисела Вода.. Пожарот го забележале и пријавиле граѓаните околу 5 часот утринава. Огнот зафатил Ауди со кумановски регистарски таблички, како и Рено и Фиат Пунто со скопски регистрации, соопштија од МВР.

За среќа, брзата интервенција на екипите на противпожарната бригада спречила дополнително ширење на огнот и предизвикување на поголема штета.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР..

Блинкен: САД се обидуваат да спречат ескалација на насилството на Блиски Исток

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен на Асоцијацијата на земји од Југоисточна Азија (АСЕАН) во Виетнам изрази загриженост поради тешката ситуација на жителите во Појасот Газа и конфликтот на Блиски Исток.

Тој истакна дека САД прават сè што е во нивна моќ за да спречи ескалација на насилството.

- Вниманието на САД, и тоа е така веќе една година, е насочено токму на ова: да се спречи ескалација на овие конфликти. Секој ден работиме на тоа, посочи Блинкен, додавајќи оти Вашингтон е во директна комуникација со Израел, во која ја нагласуваат потребата да се обезбедат хуманитарните потреби на жителите на Газа.

Тој наведе и дека Израел има право да се брани од нападите на Хезболах. Според него, Тел Авив има интерес да создаде услови за десетици илјади раселени жители во јужен Либан да се вратат во своите домови.

- Од витално значење е, додека се прави ова, напорите да се фокусираат на заштита на цивилите за да не бидат фатени во вкрстен оган, истакна Блинкен. /МИА

Цветиновата декларацијата за мир потпишана од над 2 000 граѓани

Декларација ја подготвија членовите на Цветиновиот комитет за мир, како иницијатива на македонскиот уметник и мироносец Живко Поповски – Цветин, претставена на 6 август годинава.

Повеќе од 2.000 граѓани – академици, просветни работници, здравствени работници, средношколци, студенти, универзитетски професори, поети, министри, дипломати, музичари, актери, бизнисмени, новинари ја потпишаа Декларацијата за мир во светот и против сите војни и употреба на нуклеарно оружје.

Декларација ја подготвија членовите на Цветиновиот комитет за мир, како иницијатива на македонскиот уметник и мироносец Живко Поповски – Цветин, претставена на 6 август годинава.

-Со оваа Декларација настојуваме да му дадеме глас на мирот, на просперитетот, на иднината. Затоа, на документот се потпишуваат многу граѓани од разни професии, а меѓу нив се и Жан Пјер Симеоне, годинешен добитник на Златен венец на Струшките вечери на поезијата и поетесата Хилда Миклебуст од Норвешка. Навистина сум среќен што Декларацијата добива широка поддршка од граѓаните и се надевам и посакувам да биде прифатена од носителите на одлуки во светот, вели Живко Поповски – Цветин, стои во соопштението од Цветиновиот комитет за мир.

Декларацијата против сите војни и против нуклеарното оружје е подготвена по повод одбележувањена 79-годишнината од употребата на нуклеарното оружје во јапонските градови Хирошима и Нагасаки во Втората светска војна и во неа се бара завојуваните држави да прекинат со војните, да постигнат мир преку преговори, државите да не употребуваат нуклеарно оружје, да ги уништат сите боеви нуклеарни глави и да нефинансираат развој на нуклеарна програма за воени цели, а научниците да не учествуваат во програмите со разорна моќ.

Менде Трајковски: Ќе се брендираат Мариовски, Пелистерски и Струмички мед

Според Трајковски, брендирањето е важно за потрошувачите да знаат од каде е медот.

- При крај сме со постапката за брендирање и заштита на нашиот Мариовски мед за кој јасно ќе биде посочено географското потекло, а брендирање е најавено за струмичкиот и пелистерскиот мед, истакна Менде Трајковски, претседател на Сојузот на пчеларски здруженија на Македонија.

Според Трајковски, брендирањето е важно за потрошувачите да знаат од каде е медот.

-Сојузот на пчеларски здруженија на Македонија е членка на европскиот Сојуз на пчеларите и претставува дел од вкупно 400.000 пчелари во Европа кои во моментов водат кампања за зајакната инспекциска контрола и отстранување на неквалитетниот мед од пазарите низ Европа. Потрошувачите треба да бидат заштитени од неквалитетен мед кој се продава во продавници и затоа апелираме и бараме заштита, посочи Трајковски на традиционалната манифестација „Денови на македонското пчеларство“ што се одржува во Битола.

Годинава на плоштадот „Магнолија“ со свои штандови на изложбата учествуваат колеги пчелари од Тетово, Гостивар, Кочани, Прилеп, Велес и други македонски градови кои се дел од иницијативата преку европскиот пчеларски сојуз да добијат европски субвенции за секое пчелно семејство заради како што велат, придонесот на пчелите што го прават со опрашување на растенијата.

притисни ентер