Поврзувањето со Албанија и Бугарија е стратегиска обврска на владата до 2024 година

Врвен приоритет е изградбата на Коридорот 8, кој неоправдано доцни со децении. 

Поврзувањето исток-запад, со Албанија и Бугарија претставува стратегиска обврска и фокус на владата до 2024 година, истакна претседателот на СДСМ и мандатар на новата влада, Димитар Ковачевски во експозето во Собранието.

Тој посочи дека продолжуваат со изградба на автопатот Кичево – Охрид и Скопје – Блаце и дека е во план отпочнување на целосна надградба на автопатот Тетово – Гостивар, како и уште четири автопатски делници.

-Планирана е тековна реконструкција и изградба на локални патишта во должина од преку 1000 километри во 36 општини, нагласи Ковачевски.

Тој во своето експозе, меѓу другото, посочи дека новата влада ќе се посвети на економијата, на платите и пензиите, на поддршка на компаниите, на енергетскиот развој и на зголемување на вработеноста.

-Имаме ретка можност и шанса во период од 2,5 години без изборни потреси, кои секогаш за политичарите најчесто се неоправдано историски, а за граѓаните секогаш оправдано трауматични, и да се посветиме на реалните проблеми и животот на граѓаните, рече Ковачевски.

На крајот на од обраќање, Ковачевски посочи дека не знае, не сака и нема да ги дели луѓето, граѓаните, министрите на „наши" или „ваши".

-Граѓаните се уморни и преку глава им е од поделби, препукувања и постојани надмудрувања. Доста им е од дневна политика и борба на партиски соопштенија. Планирам единствено да ги разликувам луѓето на способни и неспособни, на чесни и нечесни, на работливи и неработливи, на одговорни и неодговорни. За првите секогаш ќе има место и ќе имаат поддршка, за вторите во владата и институциите нема и ќе нема место, нагласи Ковачевски.

МЗ: Хоспитализирани 576 пациенти со Ковид-19, има 183 слободни кревети

На инфективните одделенија и во ковид – центрите во државава се хоспитализирани вкупно 576 пациенти со Ковид-19 и има 183 слободни кревети. 

Во ковид – центрите во Скопје вкупно се хоспитализирани 174 пациенти од кои 71 на Клиниката за инфективни болести, 75 во ГОБ „8 Септември" и 28 на Клиниката за белодробни заболувања ТБЦ, информираа за МИА од Минстерството за здравство.

Посочија дека според податоците кои клиниките и болниците секое утро им ги доставуваат, во моментот во Скопје слободни места има на Инфективната клиника, во ГОБ „8 Септември" и на Институтот за ТБЦ.

Министерството за здравство, како што се нагласува, на дневна основа ја следи состојбата со болничките капацитети во однос на нивната исполонетост, со цел навремено планирање на наредните чекори за соодветно згрижување на сите пациенти кои имаат потреба од болничко лекување.

Наплив од новозаразени што бараат болнички кревет – се отвораат нови болнички капацитети

Се бројат последните слободни места за болничко лекување во инфективната клиника, освен намалувањето на болничките капацитети на клиниката намален е бројот на персонал 16 вработени се на боледување.

Директоракта на клиниката Стевановиќ вели дека засега не се отвора модуларната болница додека не се исполнат капацитите во ковид болниците. Во цврстата градба на оваа клиника од болницата може да се сместат 100 пациенти.

Метеж пред инфективната клиника освен болничкото сместување, зголемен е бројот и на пациентикои доѓаат во амбулантите. Во дневните прегледи има граѓани кои имаат и реинфекции, вакцинирани и невакцинирани. Најголем процент од болничките пациенти се возрасни граѓани. Се уште делта сојот е присутен кај болничките, но и омикрон голем дел од пациените им создава тешка клиничка слика и потреба за лекување во болница, пред се возрасните граѓани и оние со други заболувања.

Во болницата ГОБ„ 8 септмеври“се сместени 75 пациенти, од оваа болница велат дека сите се на кислородна поддршка и скоро секој ден се трошат близу два тона кислород. Во Скопје во ковид центрите се сместени 174 пациенти, на ниво на цела држава има над 570 пациенти кои се лекуваат во болница, само 183 празни мести има во сите ковид центри во Македонија

Средба Тренчевска – Дуџак: МТСП и ООН продолжуваат со заедничката соработка

МТСП и ООН продолжуваат со заедничката соработка на полето на социјалните политики, родовата еднаквост и заштита на децата.

Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска денеска се сретна со постојаната координаторка на Обединетите нации во земјава, Росана Дуџак со која разговараа за тековните проекти во кои Министерството за труд и социјална политика соработуваат со агенциите на ООН, како и за идната соработка во насока на креирање и имплементирање на уште подобри социјални политики кои ќе одговорат на потребите на граѓаните и поголема заштита на човековите права.

Министерката Тренчевска, информираше дека изминативе денови се одржаа состаноци со сите сектори во министерството при што беше направен пресек на сите досегашни активности, воедно и досегашната соработка и заеднички активности со агенциите на ООН.

„Министерството за труд и социјална политика има одлична соработка со сите агенции на ООН на повеќе прашања кои се во надлежност на министерството. Особено е значајна соработката во подготовката на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, како и креирањето и развивањето на мобилната апликација за поддршка на жртвите на родово базирано насилство каде во координирана работа работеа двата сектори еднакви можности и социјална заштита со УНДП, УНФПА. Соработката во креирањето на политиките во областа на родовата еднаквост продолжува и понатаму,“ рече министерката Тренчевска.

Во насока на идните заеднички активности министерката Тренчевска го посочи отворањето на Ресурсниот центар за родово одговорно креирање политики и буџетирање, кој е прв таков во регионот, со можност да прерасне во регионален центар. Центарот треба да обезбедува експертска поддршка, добри практики, истражувања и обуки за градење на капацитетите на државните службеници во областа на родовото одговорно буџетирање.

На средбата стана збор и за процесот на деинституционализација и правата на лицата со попреченост, при што беше истакнат одличниот напредок на нашата држава во ова поле. Во поглед на заштитата и правата на децата беше посочена соработката со УНИЦЕФ, која продолжува и понатаму.

Тренчевска изрази благодарност за досегашната помош и поддршка изминатите години, а особено во време на Ковид 19,која што претставува голем предизвик не само во поглед на здравството и економијата туку и предизвик во поглед на човековите права и нивната заштита.

Двете страни изразија задоволство за можноста за понатамошна продлабочена соработка со агенциите на ООН во областите кои се во надлежност на ова министерство.​

притисни ентер