Повик за дизајн на лого за 30-годишнината од дипломатските односи помеѓу Јапонија и Македонија

Амбасадата на Јапонија во Македонија објави конкурс за дизајн на лого за 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Јапонија и Република Македонија.

Целта на овој натпревар, како што наведува Амбасадата, е професионалци од областа на графичкиот дизајн и уметници, креативни ентузијасти, како и млади таленти во Македонија да создадат заедно со Амбасадата на Јапонија дизајн кој ќе ја долови суштината на овој многу важен пресврт во односите помеѓу двете земји.

-Концептуалното решение треба графички и симболично да го покаже пријателството помеѓу двете земји и заедничките вредности кои ги споделуваме. Треба да има можност да се користи на печатени документи и брошури, како и на веб-сајтови и социјални медиуми. Највисоко оценети ќе бидат оние идејни решенија кои ќе бидат едноставни, модерни, но со значење. Изборот ќе биде направен од претставници на јапонската амбасада во Македонија, истакнува Амбасадата.

Секој учесник може да поднесе едно или најмногу три идејни решенија. Концепт решенијата се поднесуваат на e-mail адресата [email protected], не подоцна од 20 октомври 2023 година (полноќ). Покрај концептуалното решение, неопходно е да се наведат податоци за креаторот - име и презиме, телефонски број за контакт.

Амбасадата на Јапонија бара и краток опис на дизајнот, како и на инспирацијата при поднесувањето на предлогот.

-Основни технички барања се: графички предлог за лого и неговите предложени употреби (логото треба да биде во векторски формат) и независно авторство на сите елементи - ако се користат дополнителни елементи, тие, исто така, треба да бидат поднесени како посебни графички елементи. Ако фајлот надминува 10MB треба да користите надворешен линк за преземање. Препорачани графички формати: .pdf .ai, .png. Со поднесувањето на вашиот дизајн, вие се согласувате авторските права на победничкиот дизајн да се префрлат на Амбасадата на Јапонија, овозможувајќи ни да го користиме, измениме и дистрибуираме логото за промотивни и славенички цели, додава Амбасадата.

Повеќе од 20 приведени за милионски криминал при набавки за ЕСМ, се трага по Васко Ковачевски

Големата акција на полицијата и ОЈО ГОКК од утринава во неколку градови во земјава резултираше со апсење на над 20тина лица, меѓу кои и поранешни директори во РЕК Битола и ЕСМ. 

Меѓу соомничените е и Васко Ковачевски, но тој според информациите е надвор од земјава уште од октомври.. Според сомнежите, осомничените кај кои биле направени претреси и биле пронајдени над 130.000 евра во кеш, извршиле криминал со јавни набавки за адитиви за РЕК Битола, РЕК Осломеј и ТЕЦ Неготино..

Премиерот Мицкоски,според како што кажа, информациите од министерот Тошковски, на владината прес-конференција откри дека станува збор за организирана група, за која, вели, постојат сомневања дека направиле криминал тежок 6,5 милиони евра и дека за сите лица се обезбедени докази. Што се однесува до Ковачевски, кажа дека ќе биде вратен во земјава.

-Многу докази се најдени, но тоа ќе го оставам на обвинителство, потоа понатаму на судовите, мора да веруваме на презумпцијата на невиност. Но, тоа што е најдено е навистина загрижувачки. Дали Ковачевски е во државата? Не, не е во државата подолго време, но очекувам да го обезбедиме и да го вратиме во државата,- - Христијан Мицкоски – Претседател на Влада.

Покрај Ковачевски, имињата кои се истакнуваат меѓу осомничените се и Васко Стефанов, исто така поранешен директор на ЕСМ, кој со поранешениот шеф на РЕК Битола Пеце Матевски се сметаат за членови на злосторничко здружување и се сомничат дека помагале да се злоупотреби постапката за јавни набавки. Потоа, Ардијан Муча, екс-комерцијален директор на ЕСМ се сомничи за злоупотреба на службената положба, односно овозможил значителна имотна корист за друг преку неизвршување на својата должност. Неговиот претходник пак, Данчо Стојановски од Велес се смета за организатор на спорните набавки.

Ковачевски пред речиси две години при гостување во „Само интервју“ беше прашан за став околу обвинувањата од тогашната опозиција дека се прави криминал во ЕСМ, но децидено демантираше.

-Има ли нешто за што би требало да се грижите доколку се промени власта? „ВМРО-ДПМНЕ е опозиција и бара секаков начин да стигне до власт, не само за енергетиката, гледате и за другите политички состојби во државата. Она што можам да го кажам, е дека крајно одговорно и транспарентно, не секое евро, него секој денар во компанијата“-Васко Ковачевски – поранешен директор на ЕСМ (Само Интервју 16.02.2023).

Според неофицијалните информации, на осомничените за кои постојат основи дека переле пари ќе им биде замрзнат стекнатиот имот од 2022 година до сега. За дел од лицата се очекува ефективен 30 дневен притвор, за други пак мерки на претпазливост, според неофицијалните информации..

Велковски: Нулта толеранција за насилството во било каква форма, вклучително и она во дигитални

По повод Меѓународниот ден на човековите права, заменикот министер на министерството за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, учествуваше на дебата.

По повод Меѓународниот ден на човековите права, заменикот министер на министерството за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, учествуваше на дебата насловена: „Сајбер насилство кон жените и младите во дигиталната ера“ во организација на Кризниот центар „Надеж".

Во своето обраќање до јавноста Велковски го истакна значењето и сериозноста на сајбер насилството кое ја рефлектира не само динамиката на современото општество, туку и потребата за заеднички и координирани напори за заштита на најранливите.

„Сајбер насилството е форма на агресија која остава длабоки трауми, влијае врз менталното здравје и безбедноста на луѓето и создава чувство на беспомошност, особено кај жените и младите, кои честопати се најчестите жртви. Како Министерство за социјална политика, демографија и млади, ние сме целосно посветени на справувањето со оваа појава. Нашиот пристап е јасен, нулта толеранција за насилството во било каква форма, вклучително и она во дигиталниот свет,“ истакна Велковски.

Тој посочи на што треба да се работи периодот кој доаѓа, како зајакнување на законската рамка за да се обезбеди казнивост за сите облици на сајбер злоупотреба, но и на унапредување на механизмите за поддршка и заштита на жртвите. Исто така ја посочи едукацијата како клучна односно како младите безбедно да се движат низ дигиталниот простор, да препознаваат знаци на насилство и да ги пријавуваат сите случаи.

„Сајбер насилството врз жените е родово базирана дискриминација која ја нагласува потребата за системски пристап во борбата за родова еднаквост. Тоа е уште еден повик за итно спроведување на Конвенцијата од Истанбул, како и за создавање политики што ќе осигураат ниту една жена да не биде оставена сама во оваа борба,“ истакна Велковски.

Тој додаде дека нужно е создавање општество што ќе понуди поддршка, заштита и превенција. Притоа ја наведе соработката со граѓанскиот сектор, образовните институции, но и со ИТ-компаниите, со цел да се обезбеди конкретни и одржливи решенија.

„Сајбер насилството не е само индивидуален проблем туку закана за целото општество. Борбата против ова насилство мора да биде наш заеднички приоритет. Затоа апелирам до сите институции, граѓански организации, медиуми и приватниот сектор да се здружиме и да го изградиме дигиталниот простор како безбедно и праведно место за сите,“ порача Велковски, се наведува во соопштението.

Сиљановска: Очекувам да постапи Обвинителството за Артан Груби и Енвер Беџети

Со проширената „црна листа“ САД ни испраќа јасна порака, обвинителите и судиите да постапат по допрен глас за Артан Груби и Енвер Беџети, во спротивно значи дека го толерираме беззаконието- порача претседателката Сиљановска Давкова.

Таа вели дека случувањата со висока корупија се загрижувачки, бидејќи владеењето на моќни луѓе ги направиле слаби институциите, што е јасен показател дека се потребни итни реформи во правосудството.

„ Очекувам судот и јавниот обвинител да почнат да постапуваат. Не смееме како досега да останеме мирни, и така некои кои се нашле на црните листи да си продолжат со своите редовни активности. Ако јавните обвинители треба да постапуваат по допрен глас, треба да постапат и во случајов. / Во спротивно, ние не реагираме тогаш кога мора и на тој начин го толерираме беззаконието. “-Гордана Сиљановска Давкова – претседателка на Македонија.

Премиерот Мицкоски вели дека надградената црна листа со Груби и Беџети е доказ за тоа што тој и неговата партија го зборувале во минатото. Тој оценува дека обелоденување на корумпираните ќе има и во иднина.

„ Mногупати во минатото зборувавме за сето ова за кое и официјално сега нашите стратешки партнери и меѓународната заедница го посочуваат. Можам да кажам дека во периодот што следува уште многу потврди на сето она што сме го имале како сомневање ќе излезе во јавноста и јавноста ќе биде запознаена. “ - Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Вицепремиерот од „Вреди“ Изет Меџити, кој претходно беше дел од ДУИ, потсетува дека од овие причини кои сега ги посочува САД, тој и неколкумина високи функционери бараа прочистување на партијата.

„ Одлуката на американскиот Стејт Департмент за ставање на Артан Груби на т.н. црна листа забранувајќи му влез во САД е доказ дека се’ што сме зборувале било на место и сме биле во право. Бевме во право кога се боревме против корупцијата. / Да имаше сила Али Ахмети да му застане на падот на Артан Груби, да му го пресечеше патот на корупцијата, да го запираше Артан на патот на соработката со Сашо Мијалков и Никола Груевски ДУИ можеби и немаше да отиде во опозиција. „ Изет Меџити – вицепремиер, коалиција „Вреди“.

И СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ја прокоментираа одлуката на Стејт Департментот за Груби и Беџети.

„ СДСМ ја поздравува одлуката на Стејт Департментот на САД за ставање на нови лица на црната листа. СДСМ смета дека е исклучително значајна поддршката од нашите стратешки партнери во борбата со корупцијата во Македонија. “-Јованка Тренчевска – пратеник на СДСМ.

„ Само ЈО и правосудството во Македонија уште не гледаат криминал кај него. ДУИ со години поставува судии и обвинители, а врвот на таа партија ги користи така поставените кадри за да управува со судските одлуки. Голем број судии и обвинители се под нивен плашт. Артан Груби е колега на Венко Филипче, тие го узурпираа судството. “-Бране Петрушевски – пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Освен Артан Груби и Енвер Беџети, изминатиот период Стејт Департментот во неколку наврати имаше проширување на американската црна листа со политичари и бизнисмени од Македонија поради значителна корупција. Меѓу нив Никола Груевски, Сашо Мијалков, Орце Камчев, Рамиз Мерко, Стевчо Јакимовски, Катица Јанева.

притисни ентер