Повеќе манифестации во Охрид со измени во програмата и согласно здравствените протоколи

Новонаметнатите околности предизвикани од епидемијата на коронавирусот резултираа со откажувања на многу културни, забавни и спортски манифестации што ја одбележуваа летната туристичка сезона во Охрид.

Но, некои од нив се одржаа и ќе се одржат, со прилагодување кон препораките и протоколите за заштита на учесниците и публиката од Ковид-19.

Иако презакажана и оваа година ќе се одржи спортската манифестација „Охрид трчаТ", и тоа од 28 до 30 овој месец.

Организаторите приоритет даваат на заштитата, безбедноста и сигурноста на учесниците на настанот.

– Одговорноста е голема. „Охрид трчаТ" ќе биде прва улична трка за оваа година во нашата земја и пошироко и навистина ни претставува голем мотив и предизвик, во вакви услови да го покажеме нашиот професионализам и визија за подоброто утре, наше, на Охрид и на Македонија, изјави директорот на трката Иван Цветкоски.

Бројот на учесници на манифестацијата е ограничен на 500, по 250 на полумаратонот (21 километар) и 250 за рекреативната трка на пет километри.

И Музичкиот летен фестивал „Охрид- фест 2020" годинава ќе се одржи со измени во програмата, и тоа без можеби најатрактивната Интернационална вечер.

Фестивалот се одржува веќе 27 години, но прв пат во вакви услови на неизвесност предизвика од пандемијата на Ковид 19. За да одржи континуитет, ова феситвалско издание ќе се одржи со скратена програма и тоа само со Фолк вечерта, предвидена да се одржи на 11 септември на сцената „Долни Сарај", со строги ограничувања на бројот на места за публиката.

Организаторите на фестивалот најавуваат дека се ќе биде надоместено на наредното фестивалско издание, следната година.

– За жал состојбата со коронавирусот ни ги смени плановите и заложбите, но така е и кај нас и во целиот свет. До последен момент преговарав со странските учесници и телевизии и дефинитино Интернационалната вечер ја одложуваме за 2021 година. Неизвесноста со пандемијата во нашата земја, карантин од две недели, што ги чека учесниците по враќањето во нивната земја, ме предизвика годинешното издание да биде во знак на Фолк вечерта, изјави Григор Копров, идејниот творец на фестивалот.

ЕУ бара независна истрага за масовните гробници во болниците во Газа

ЕУ денеска објави дека бара „независна“ истрага за масовните гробници во близина на двете главни болници во Појасот Газа.

„Бараме независна истрага за сомнежите и околностите на тоа откритие, бидејќи тоа создава впечаток дека можело да има прекршување на човековите права“, рече Петер Стано, портпарол на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).

ОН вчера повика на независна истрага за масовните гробници откриени во двете главни болници во Појасот Газа.

Во изјавата, високиот комесар на ОН за човекови права Фолкер Турк рече дека е „ужасен“ од уништувањето на најголемата болница во Газа, болницата Ал Шифа и медицинскиот комплекс Насер во Кан Јунис, како и од откривањето на масовните гробници до нив.

Израелската армија негираше каква било одговорност и рече дека е „неосновано верување“ дека ги закопала телата на Палестинците.

Претставник на цивилната одбрана во Појасот Газа вчера изјави дека неговите тимови во саботата откриле тела на 340 луѓе во масовни гробници во кругот на болницата „Насер“. /МИА

Повеќе од 280 милиони луѓе се соочиле со акутен глад минатата година, покажува извештај на ФАО

 Над 280 милиони луѓе во 59-те земји во светот каде кризата со храна е најтешка, се соочиле со акутен глад минатата година, покажува извештајот на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Се забележува дека иако вкупниот удел на луѓето во светската популација кои се соочуваат со голем недостиг на храна во 2023 година беше малку помал отколку во 2022 година, тој остана над нивото пред пандемијата.

Во него се нагласува дека процентот на луѓе кои се соочуваат од акутен глад останува висок, а главни фактори зад овој тренд се воените конфликти, екстремните временски услови и економските шокови, кои продолжуваат да го загрозуваат одржливиот развој на светот.

Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации предупредува дека влошувањето на ситуацијата во светот како резултат на овие фактори претставува сериозна закана за глобалната безбедност на храната во тековната 2024 година.

Извештајот на ОН ги става Авганистан, ДР Конго, Нигерија, Судан и Етиопија во првите пет земји погодени со најакутна криза со храна. /МИА

Владата на Словачка ја одобри контроверзната реформа на јавната радио и телевизија

 Владата на Словачка денеска ја одобри контроверзна реформа на јавната радио и телевизија во земјата, чекор, кој според критичарите, ќе доведе до преземање на целосна контрола врз медиумите од страна на Владата.

Минатиот месец, илјадници луѓе се собраа во главниот град за да го осудат планот, кој беше широко критикуван од локалните новинари, опозицијата, меѓународните медиумски организации и Европската комисија.

Премиерот Роберт Фицо рече дека промените се неопходни, бидејќи јавниот радиодифузен сервис РТВС бил политички пристрасен и е „во конфликт со словачката Влада“. Предложените измени ќе значат дека тој ќе има нова организација.

Се очекува, Парламентот, во кој коалициската Влада на Фицо има мнозинство, во јуни да ги одобри измените. /MIA

притисни ентер