Потврден е изборот на Армин Лашет за наследник на Ангела Меркел

Владејачката германска христијанско-демократска унија (ЦДУ) на канцеларката Ангела Меркел, денеска го потврди изборот на Армин Лашет за нов лидер на таа партија.

Лашет е избран со дописно гласање, што беше потребно со цел да се потврди неговиот избор за лидер на ЦДУ на дигиталното гласање на делегатите, одржано во саботата, објави Ројтерс.

Лашет, премиер на Северна Рајна-Вестфалија - најнаселената сојузна држава во Германија и наследник на Меркел на оваа функција, освоил 83,35 проценти од валидните поштенски гласови од 1.001 делегат, објави ЦДУ.

Тој го порази конзервативецот Фридрих Мерц на онлајн гласањето во саботата со 521 наспроти 466 гласови.

Претходно, Меркел изјави дека повеќе нема да се кандидира за канцелар на федералните избори закажани за септември.Од нејзиното заминување од функцијата претседател на ЦДУ во декември 2018 година, партијата се бори да најде нов лидер, пишува Ројтерс.

Турчин пред ќерката на улица ја претепува својата поранешна сопруга (ВИДЕО)

Турчинот кој ја претепал својата поранешна сопруга среде улица, како што може да се види на видеото на социјалните мрежи, е приведен, објави денеска државната новинска агенција Анадолу.

Нападот се случил вчера вечерта во северниот град Самсун.

Видеото направено од блиската куќа ја прикажува жената како лежи на земја додека мажот ја удира неколку пати по главата, телото и лицето. Нивната 5-годишна ќерка стои покрај нејзината мајка и плаче.

Жителите повикале брза помош и жената не претрпела повреди опасни по животот. Осомничениот е приведен истата вечер.

Видеото предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. Директорот за комуникации на претседателот Реџеп Таип Ердоган на Твитер објави дека случајот внимателно ќе се следи, а женските организации бараат строго спроведување на законите што ги штитат жените.

Според тие организации, најмалку 300 жени биле убиени од мажи минатата година во Турција. Во половина од случаите, убиецот бил партнерот.

СДСМ: На Мицкоски му требаат лажни анкети за внатрепартиска употреба

Губитникот Христијан Мицкоски ја предводеше својата ВМРО-ДПМНЕ во шест порази на сите изборни соочувања со граѓаните во последните четири години.

Очигледно после сите порази на Мицкоски му требаат лажни анкети за внатрепартиска употреба, за да си ја зачува својата фотелја во Белиот дворец.

Колку е релевантна последната анкета говорат податоците што истиот институт прогнозираше победа на Мицкоски и на локалните и на парламентарните избори.

Ова покажува дека Мицкоски се уште функционира по методите на неговиот ментор Груевски, кој 11 години со нарачани анкети манипулираше со јавното мислење.

Од друга страна граѓаните на сите избори изминатите четири години, локални, претседателски и парламентарни, на локалните избори во Штип како и на референдумот се изјаснија дека не сакаат политичари како Мицкоски, кои се без став за важни прашања, кои шират лажни вести и работат против интересите на својот народ и својата држава.

Граѓаните континуирано бираат развој, напредок, одговорност и стабилност, а не блокади, бојкот, лаги, стравови и хистерии.

Мицкоски може да си нарачува и да пласира лажни анкети за сопствени потреби колку сака, реалноста говори дека тој со ваквото однесување уште долго останува во опозиција.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Скандал во Бундестагот: Пратеник од власта правел профит од заштитни маски

Никола Либел, член на Бундестагот од редовите на Христијанско-демократската унија (ЦДУ), партијата на германската канцеларка Ангела Меркел, денеска најави оставка и напуштање на политиката.

Либел се повлече откако било откриено дека неговата приватна компанија остварила профит од трговијата со маски на почетокот на пандемијата на корона вирусот.

Критиките денеска пристигнале од опозициските партии, но и од неговите сопартијци, бидејќи било откриено дека неговата приватна компанија заработила 250.000 евра од трговија со заштитни маски на самиот почеток на пандемијата, објави АП.

притисни ентер