Потпишана декларација за осуда на тероризмот

По повод актуелните терористички напади во светот, комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи заедно со петте верски лидери потпиша декларација за осуда на тероризмот кон која се придружија и другите цркви, верски заедници и религиозни групи во Република Македонија.

Како што информира денеска комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, со декларацијата најостро се осудува религиски мотивираниот тероризам заснован врз различно верско убедување и се повикува на мир, толеранција, меѓусебна почит, соживот и на спречување на вакви и слични злодела во иднина, кои се спротивни на сите светски религии.

Со потпишувањето на овој документ се покажува заедништвото на црквите, верските заедници и религиозните групи во Република Македонија и нивното коалицирање кога е во прашање борбата против тероризмот, што е содржано и во универзалната декларација за човекови права на обединетите нации и меѓународните декларации и конвенции за човекови права, се вели во соопштението од комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.

Ескобар доаѓа во Брисел на разговори поради ситуацијата на северот на Косово

Американскиот заменик-помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Габриел Ескобар неделава ќе пристигне во Брисел за да разговара со европските партнери за актуелната ситуација во северно Косово.

Соединетите држави работат со ЕУ, НАТО и владите во Белград и Приштина „да преземат итни чекори за деескалација на ситуацијата и избегнување дејствија што ги зголемуваат тензиите, го загрозуваат напредокот постигнат во дијалогот со посредство на ЕУ и негативно влијаат врз секојдневниот живот на граѓаните “, рече портпаролoт на Стејт департментот за Радио Слободна Европа , додавајќи дека: „Соединетите држави продолжуваат да поддржуваат тесна регионална соработка со цел да се отстранат сите пречки за слободно движење, трговија и инвестиции од кои ќе имаат корист сите граѓани на Западен Балкан“.

Тензиите во односите Белград-Приштина се зголемија во минатата недела, кога специјалните сили на косовската полиција дојдоа на премините Јариње и Брњак во северно Косово за да ја спроведат одлуката на Приштина за одземање и замена на српските регистарски таблички.

Австралиските власти најавија крај на тримесечниот „локдаун“ за вакцинираните жители на Сиднеј

„Треба само да издржиме оваа и следната недела. “

Карантинот во сиднеј и во останатиот дел од австралиската држава Нов Јужен Велс ќе биде укинат кога стапката на целосно вакцинирани ќе надмине 70 проценти, цел што премиерката на таа држава, Гладис Береџиклијан, очекува да биде постигната на 11 октомври.

Првпат по три месеци пабовите, рестораните и продавниците ќе можат да се отворат за вакцинираните.

„Треба само да издржиме оваа и следната недела. Скоро сме таму, да не се откажуваме во последен момент“, рече Береџиклијан.

Според планот, ќе може да се патува низ сојузната држава Нов Јужен Велс, а ќе се укине ограничувањето на бројот на луѓе присутни на погреби и свадби и ќе бидат дозволени спортски настани.

Невакцинираните граѓани мора да чекаат барем до 1 декември за да ги уживаат истите слободи, кога се очекува 90 проценти од населението да биде вакцинирано.

Претседателката на ЕК Фон дер Лајен утре во посета на Македонија

Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен утре ќе допатува во посета на Македонија.

Фон дер Лајен ќе биде пречекана од премиерот Зоран Заевна платото пред Владата.

Според агендата, предвидено е двете делегации да заминат во Младинскиот културен центар, каде, по настанот предвиден во фоајето на МКЦ, ќе се упатат кон Кино Фросина каде ќе се одржи заедничка прес-конференција на премиерот Заев и претседателката на ЕК фон дер Лајен.

Портпаролот на Европската Комисија, Ерик Мамер, претходно најави дека Урсула фон дер Лајен во Скопје ќе разговара и за спорот со Бугарија. Како што јави допсиничката на МИА од Брисел, Мамер не даде повеќе детали, и посочи дека прашањата ќе бидат одговорени на прес-конференциите што ќе ги има претседателката на ЕК.

-Претседателката оди на Западен Балкан да ја потврди посветеноста на ЕУ кон регионот, ова се партнери на ЕУ со кои имаме многу силни врски и посетата ќе биде прилика да се разговара за овие односи вклучително и тоа билатерално прашање, рече Ерик Мамер, зборувајќи за македонско-бугарскиот спор.

Фон дер Лајен од 28 до 30 септември ќе ги посети сите шест земји од Западниот Балкан почнувајќи од Албанија и Македонија.

Шефицата на Европската Комисија ќе го посети регионот една недела пред Самитот ЕУ-Западен Балкан кој ќе се одржи на шести октомври во Словенија со лидерите од регионот.

Од Европската Унија инсистираат дека овој самит нема да биде „самит за проширувањето" туку прилика да се разговара за односите на ЕУ и регионот.

притисни ентер