Построги казни за работодавачите кои нема да исплаќаат минимална плата

Парична казна од 300 евра по работник и 150 евра за одговорното лице за непочитување на Законот за минимална плата.

Ова се предвидува со измените на Законот кои денеска беа изгласани во Собранието, а со кои се предвидува поголема заштита на работниците и заострување на условите за исплата на минималната плата. Досега, доколку имаше прекршување на Законот, работодавачите имаа можност да исплатат минимална плата во рок од седум дена. Со новите измени, ако глобата се плати во рок од седум дена, работодавачот ќе плати казна пониска за 50%. Новите правила, според министерот за труд и социјхалана полиртика Диме Спасов, ќе ги дестимулира компанииите да го заобиколуваат законското решение.

- Со ваквиот нов концепт овозможуваме поправично санкционирање за оние што не го почитуваат Законот. Помалите компании што имаат помал број работници ќе платат пониска казна, а работодавачите со поголем број вработени ќе плаќаат повисока казна. Со тоа ќе овозможиме систем, со кој ќе се оневозможи исплаќањето плата пониска од минималната, односно ќе ги дестимулира приватните компании да исплаќаат такви плати и ќе ја оневозможи злоупотребата, појасни Спасов.изјава Диме Спасов, министер за труд и социјална политика .

Минималната плата во висина од 8.000 денари првпат во Македонија со закон е утврдена во 2012 година. Подоцна Владата предвиде годишно скалесто зголемување на минималната плата, која изнесуваше 8.800 денари во 2014-та, 9.590 денари во 2015-та и 10.080 денари во 2016-та. Со цел ефикасна примена на законот има и интензивни инспекциски контроли.Во 2014 година е спречено непочитување на Законот за 6.800 рабтници, а 99 отсто од работодавачите во рок од седум дена, како што е законски предвидено, ја исплатиле платата. Со цел поголема контрола инспекторатот согласно Акциски план ќе ја следи реализацијата на законските измени.



Царинските службеници во Грција ќе одржат 48-часовен штрајк следната седмица

Од Федерацијата на царински службеници на Грција соопштија дека цариниците од Независната управа за јавни приходи како и од Министерството за финансии ќе одржат 48-часовен штрајк.

Дводневен штрајк за 2 и 3 април закажаа грчките царинските службеници, што ќе влијае и на сообраќајот на граничните премини од Грција кон соседните земји, меѓу кои и Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Федерацијата на царински службеници на Грција соопштија дека цариниците од Независната управа за јавни приходи како и од Министерството за финансии ќе одржат 48-часовен штрајк, а од Синдикатот на вработени во јавниот сектор преку соопштение изразија поддршка за штрајкот.

Според информациите на дописничката на МИА од Атина, поради 48-часовниот штрајк на цариниците целосно ќе биде во прекин сообраќајот на граничните премини од и кон Грција за товарните возила и секаков вид пратки, додека пак во однос на автомобилите, не е исклучена можноста возилата повремено да се пропуштаат, нешто што ќе се дефинира и појасни непосредно пред почетокот на штрајкот.

Паоло Малдини би можел да се врати во Милан

Легендата на Милан, Паоло Малдини може да се врати во клубот.

Според „pianetamilan.it“ под фотографијата објавена од сопругата на Малдини, Адријана, се појавило прашање дали да го очекуваме функционерот во клубот од Милано. Сопругата на Малдини стави смајли што може да се протолкува како „наскоро“.

Милан го отпушти Малдини во летото 2023 година. Неговите играчки денови во Милан траеја од 1984 до 2009 година. Во овој период со клубот освои 26 трофеи, од кои седум победи во италијанското првенство и пет во Лигата на шампионите.

Малдини ја презеде функцијата технички директор во 2019 година, а од 2018 година работи како директор за стратешки развој. Вкупно, тој помина 36 години во Милан во различни статуси.

Саудиска Арабија за прв пат учествува на изборот за Мис Универзум

Саудиска Арабија ќе учествува на изборот за Мис Универзум 2024 за прв пат во историјата на изборот.

Руми Алкахтани, 27-годишна манекенка и инфлуенсер родена во Ријад, ќе ја претставува Саудиска Арабија на изборот за убавина.

- Чест е да се учествува на изборот за Мис Универзум 2024. Ова е прво учество на Кралството Саудиска Арабија на изборот за Мис Универзум - објави таа на својот Инстаграм профил.

Освен што е крунисана за Мис Саудиска Арабија, Алкахтани ги носи и титулите Мис на Блискиот Исток, Мис на Арапскиот свет за мир 2021 година и Мис жена на Саудиска Арабија.

Таа претходно ја претставуваше Саудиска Арабија на неколку меѓународни натпревари, меѓу кои и оној за Мис Азија, кој се одржа во Малезија, пишува Index.hr.

притисни ентер