Постојан пад на природниот прираст во земјава, лани повеќе починати отколку родени

За 25 години природниот прираст во земјава се намалил од 15736, на минус 601 лице, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. 

Во 1994 година се родиле 15.736 лица повеќе од колку што умреле, а лани пак се родило 601 лице помалку отколку што умреле.

Податоците од публикацијата на ДЗС за Природно движење на населението во 2019 година, објавена пред една недела, покажуваат постојан пад на природниот прираст во последните 25 години. Ако во 1994 година тој бил 15772 лица, за пет години до 1998 година паднал на 10011 лица, односно се намалил за околу 5000. Од податоците се гледа дека во наредните години природниот прираст постепено се намалува за лани да биде негативен и да има повеќе умрени лица од родени.

Во овој период бројот на живородени се намалува од 31421 лице во 1994 година, на 19845 лани, што е намалување за околу 11 илјади родени. Во исто време, пак бројот на умрени се зголемил за околу 5000 лица, така што во 1994 имало 15649 умрени, а минатата година 20.446.

Според податоците на Државниот завод за статистика бројот на живородените деца во градските подрачја изнесува 11.772 деца или 59,3 отсто од вкупниот број живородените деца наспроти

8.073 живородени деца или 40,7 проценти во селските подрачја.

Најголемо учество во однос на вкупниот број раѓања по региони има Скопскиот со 38,1 отсто, а најмало Источниот регион со 6,3 проценти. Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања во градските подрачја изнесува 29,8 години наспроти 28,2 години во селските подрачја.

Просечната возраст кај првите раѓања во градските подрачја изнесува 28,5 години

Намалувањето на стапката на наталитет, според податоците на ДЗС објавени во „25 години независна Македонија", меѓудругото, се должи и на таканаречениот темпо-ефект или одложување на раѓањата и склучување на брак на повозрасни години.

Во периодот 1994- 2015 се бележи опаѓање на бројот на склучените бракови за 10 отсто, но во исто време имаме и зголемување на бројот на разводи, од 39 на 155 разведени бракови на 1000 склучени.

Просечната возраст при склучување прв брак на невестата е зголемена од 22.9 години во 1994 на 26.2 години во 2015 година, додека просечната возраст на младоженецот бележи зголемување од 26.0 на 29.0 години.

Од бројот на живородени, минатата година, најголем дел биле родени од мајки на возраст од 20 до 29 години – 10.332, и од мајки на возраст од 30 до 39 – 8119 деца.

Според ДЗС, со промените во општественоекономското живеење во Република Македонија, во периодот 1994-2015 година се забележуваат и промени во просечната возраст на мајката при првите раѓања која се зголемува за 3.5 години, т.е. од 23.5 години во 1994 година, на 27.0 години во 2015 година. Во 2015 година, според возраста на мајката, најголемо учество, односно 34.5 отсто, се живородени деца од мајки на возраст 25-29 години.

Ваквите показатели на раѓање и умирање укажуваат на трендот на стареење на населението кој е присутен во светски рамки, а се забележува и земајава.

Во периодот од 1994 до 2015 година, учеството на населението на возраст од 0 до 14 години е намалено од 20.2 отсто на 16.7 отсто, а учеството на населението на возраст од 65 и повеќе години е зголемено од 11.7 отсто на 12.8 отсто.

Во 1994 година стари над 65 години имало околу 160 илјади, а во 2015 околу 260 илјади. Бројот на млади до 14 години, пак, е во постојан пад. Во 1994 година бројот на млади е близу 500 илјади, а во 2015 околу 350 илјади, покажуваат податоците од илустрацијата на Државниот завод за статистика, објавена во публикацијата „25 години независна Македонија".

Човек се бори за живот, откако пред другите патници во воз во Лондон бил прободен со нож(ВИДЕО)

19-годишен маж е уапсен под сомнение дека се обидел да убие маж што го избодел во воз во јужен Лондон.

Застрашувачките снимки го покажуваат моментот кога жртвата се борела за живот откако бил избоден со нож во воз меѓу железничките станици Бекенхам Јункшн и Шортлендс, пред шокираните патници, пренесува Метро.

На видеото, кое исто така е споделено на социјалните мрежи, се гледа како маж во црна јакна со качулка, црни панталони и заштитна маска мавта со огромен нож.

Се слуша како еден вознемирен патник извикува „f*****, запрете“, пред да повика полиција и да пријави „овој човек прободува некого во возот“.

Во соопштението, британската транспортна полиција рече: „Детективите апелираат сведоците да се појават откако еден човек беше сериозно повреден денеска на станицата Бекенхам.“

„Денеска околу 15.56 часот, добивме извештаи за двајца мажи кои се тепаат кога се качија на воз на железничката станица Шортлендс. Еден човек претрпе сериозни повреди што беа прободени со нож“.

„Полицајците интервенираа, заедно со колегите од Метрополитен полиција и лондонската брза помош, а жртвата беше пренесена во болница со повреди опасни по живот.“

Полицијата апелираше до сите сведоци да излезат.

Портпаролот на возовите соопшти: „Свесни сме за сериозен инцидент на едно од нашите возила попладнево. Работиме итно со британската транспортна полиција и бараме секој што има информации веднаш да се јави“.

„Сите наши возови се опремени со камери за видео надзор и ќе ја доставиме оваа снимка на британската транспортна полиција за да помогне во нивната истрага“.

„Имаме и интегриран тим за заштита, составен од колеги од Југоисточен, БТП и Network Rail, и веќе работиме заедно за да ги најдеме одговорните.

Ковачевски: СДСМ креира мерки за силна економија, ликвидни компании и европски животен стандард

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски денеска учествуваше и дискутираше на панел дискусијата насловена „Креираме развој преку поддршка на инвестиции“. 

Денешната трибина, како што посочи Ковачевски е добра можност да се сублимираат досегашните преземени мерки и резултатите од нив, во делот на поддршката на инвестициите и економијата, но истовремено и да се види што е она што треба да се преземе за уште подобри резултати.

Ковачевски посочи дека за силна економија е потребен ликвидно и силно стопанство, нови фабрики, раст на инвестициите, капитални инвестиции во инфраструктурата, развиено земјоделство, подобар животен стандард преку повисоки плати и пензии, пристап до ЕУ пазарите.

Справувањето со предизвици, поддршка на домашната економија и компаниите преку правилни таргетирани мерки, финансиска поддршка, раст на платите, беа во фокусот на дискусијата, кои воедно се и дел од столбовите во новата програма на СДСМ.

Ковачевски потенцираше дека правилните политики на Владата предводена од СДСМ, овозможија континуиран раст на платите и во време на криза.

"Минималната плата порасна на 22.500 денари, за само две години. Да не заборавиме дека во 2016 година беше само 8.000 денари, значи имаме неколкукратно зголемување на минималната плата. Во однос на просечната плата, нашето ветување беше дека ќе биде 500 евра просечна плата во 2024, денес гледаме дека е 650 евра. Тоа е резултат на целиот економски амбиент, иако бевме во време на криза. Невработеноста ја преполовивме од 25% на 12,8%. Значи преполовена невработеност, зголемена вработеност, во краток период. Просечната плата во 2028 година ќе достигне рекордни 1.100 евра, а минималната палта ќе достигне рекордни 600 евра", подвлече Ковачевски.

При тоа, Ковачевски посочи дека во новата програма за 2024-2028 година предвидени се уште поголеми инвестиции, уште поголема поддршка за граѓаните, уште поголемо зголемување на минималната плата, на просечната плата и секако намалување на невработеноста, како дел од можностите кои што ги даде ЕУ.

„Прво економијата и поддршката на компаниите, инвестициите беа високо на агендата на Владата која јас ја предводев и на претходната Влада, природно доаѓа тоа бидејќи јас сум економист. Но уште поприродно доаѓа во време на криза кога мора да работите прво на спасување на ликвидноста на компаниите, второ спас на работните места и трето одржување на животниот стандард на граѓаните со оглед на тоа дека секој е погоден од кризата и компаниите и граѓаните и оние што се најзасегнати а тоа се ранливите категории на граѓани. И затоа во изминатите 7 години ние генерално имавме многу силен акцент ставено на економијата." – истакна Ковачевски.

Во наредниот 4 годишен период со новата програма на СДСМ планирани се 180 милиони евра директна финансиска поддршка на домашните компании за инвестиции во производство, 3,5 милијарди евра капитални инвестиции, особено во инфраструктурни проекти, од кои 2,7 ќе бидат само во патна инфраструктура а тоа значи вработување за македонската економија, зголемување на бројот на вработеност, а со тоа и раст на платите и раст на пензиите.

Со 100 милиони евра Владата предводена од СДСМ поддржа 919 компании, за разлика од пред 2017 година, кога имаше нула поддршка за домашните компании. Во последниот деветти пакет антикризни мерки, во вредност 662 милиони евра, 492 милиони евра се предвидоа за поддршка на приватниот сектор, преку мерки за одржување на ликвидноста на компаниите, конкурентноста, поддршка за инвестиции во обновливи извори, зачувување на работните места, поволни заеми за мали и средни претпријатија во износ од вкупно 2,6 милијарди евра преку антикризни мерки се вратија назад кај граѓаните и стопанството.

Ковачевски потенцираше дека секоја стратешка одука има стратешка цел, а тоа е развој на економијата, развој на приватниот сектор, нови вработувања и подобро платени работни места. Овие цели се исполнуваат со продолжување по европскиот пат и со обезбедување на европската иднина за граѓаните и државата.

Целта која ја застапува СДСМ и Коалицијата значи интеграција и европска иднина.

"Се друго се сценарија кои немаат економска логика, зад кои не стои никаква ниту политичка ниту економска калкулација и коишто ќе значат само враќање во некои неизвесни времиња. СДСМ нуди извесност, нуди надеж и напорна работа за да може да го оствари она што го заслужува Македонија, како земја која културолошки, економски и по секој друг основ и припаѓа на Европската Унија", рече Ковачевски, се наведува во партиското соопштение.

Папата им ги изми и им ги бакна нозете на 12 затворенички во Рим (ВИДЕО)

Папата Франциск им ги изми и бакна нозете на 12 затворенички во римски затвор, во симболичен обред на понизност и служба на Велики четврток.

Аргентинецот попладнево го посети женскиот затвор Ребибија, кој се наоѓа во североисточниот дел на италијанската престолнина.

Седејќи во инвалидска количка, 87-годишниот папа им ги изми нозете на сите 12 затворенички, од кои некои беа во солзи, пред да ги избрише со крпа и да ги бакне.

Светиот Отец се чинеше дека е во добра форма, иако во последните денови во медиумите се шпекулираше за неговата здравствена состојба поради честите инфекции кои во неколку наврати го спречуваа да ги заврши своите говори.

„Сите ние доживуваме мали и големи неуспеси“, рече Франциск во импровизирана проповед за време на миса одржана во срцето на затворот каде што се притворени 370 жени.

Неколку минути претходно Франциск се насмевна и се ракува со затвореничките. Во христијанската традиција, Велики четврток го означува денот кога Исус им ги измил нозете на апостолите за време на Тајната вечера.

Од неговото именување во 2013 година, Франциск е чест гостин на затворите или прифатните центри за бегалци, каде што им ги миел нозете на поранешните мафијаши, болни или маргинализирани луѓе.

Се очекува тој да ги води станиците на Крстот во Колосеумот во петок навечер.

притисни ентер