Последно обраќање на Меркел како канцеларка: Вакцинирајте се!

Германската канцеларка на заминување Ангела Меркел повика на солидарност во борбата против ширењето на коронавирусот и уште еднаш апелираше до Германците да се вакцинираат.

Во нејзината последна неделна видеопорака како канцеларка, Меркел зборуваше за пренатрупаните оддели за интензивна нега со сериозно болни пациенти ширум Германија и ужасно високиот број на починати како последица на вирусот.

„Со ефективни и безбедни вакцини, клучот е кај нас“, кажа Меркел и им се заблагодари на граѓаните кои имаат разбирање за мерките за заштита од коронавирусот.

Меркел ја напушта функцијата следната недела и на нејзиното место доаѓа Олаф Шолц од социјалдемократите.

Првиот „Ford Mustang GT“ од 2024 година беше продаден за 565.000 долари

Како што беше најавено, првиот сериски примерок на новиот „Mustang GT“ е продаден минатиот викенд на аукцијата „Barrett-Jackson“ во Аризона, за дури 565.000 долари.

Автомобилот всушност е продаден за 490.000 долари, но благодарение на дополнителните донации донел вкупно 565.000 долари, пишува „Autoblog“.

Сите приходи од продажбата ќе бидат наменети за „JDRF,“ водечката глобална организација за истражување на дијабетес тип 1 (T1D).

Инаку, ова е третата генерација „VIN 001 Mustang“ кој беше ставен на аукција во хуманитарни цели.

„Форд има долга традиција на поддршка на добротворни организации преку „Barrett-Jackson“ и ние сме горди што го нудиме целосно новиот „Mustang GT“ за поддршка на достојни причини како што е истражувањето за малолетнички дијабетес“, коментира менаџерот за маркетинг на „Mustang“, Џим Овенс.

„Оваа седма генерација е нашиот најмоќен „Mustang GT“ досега, а сопственикот не само што ќе поддржи добра цел, туку и ќе стане сопственик на првиот „Mustang GT“.“

Победникот на аукцијата има можност да избере која било стандардна опција на „Mustang GT“. Тие вклучуваат мануелен или автоматски менувач, 11 достапни бои, тркала од 18 до 20 инчи и „Brembo“ сопирачки во три бои (црна, црвена и сина).

„Mustang GT“ од 2024 година има 5,0-литарски „Coyote V8“ мотор со 480 КС во стандардна форма.

Паунов: Општина Карбинци добива урбан лик, од пролет и лето ќе има градежна офанзива

Денес заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ сме овде во селото Таринци, општина Карбинци да направиме увид во градежните активности кои што се случуваат во овој момент.

Се работи на проект за реконструкција на дел од главната улица во селото Таринци, која што е со површина од 2.600 м2 и која што вклучува комплетно санирање односно изградба на атмосферска канализација и тротоарско решение на самата улица.

Проектот е со вредност од 8 милиони денари и е финансиран делумно од страна на Бирото за регионален развој, а остатокот или конфинасирањето поголемиот дел исто така е од страна на Општина Карбинци.

Се надевам искрено дека со реализацијата денес, со завршувањето на овој проект ќе успееме да го доловиме она односно она што го ветувавме во минатото да го реализираме и да го оствариме кон жителите овде.

Ја подобруваме инфраструктурата со тоа што жителите овде повеќе нема да газат кал, нема да одронети остатоци од асфалт, туку ќе имаме комплетно нова инфраструктура и еден урбан лик на селото Таринци овде во општина Карбинци.

Покрај ова само ќе напоменам на кратко дека се во тек неколку нови проекти кои што заедно со службите ги изработуваме техничките документации и многу наскоро следи нивна реализација. Се работи за неколку нови улици во повеќе населени места, селото Радање ќе добие две нови улици, селото Долни Балван исто така една нова улица и неколку други кои што ќе следат во текот на годината.

Значи да сумирам нѐ очекува една би рекол бурна пролет, и едно жешко лето кога е во прашање градежната офанзива во општина Карбинци.

Виктор Паунов, градоначалник на општина Карбинци

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Ердоган: Турција е согласна за членството на Финска во НАТО

Турција е согласна за членството на Финска во НАТО, Шведска во моментов ништо да не се обидува.

Турција позитивно гледа на барањето на Финска за членство во НАТО, но не и на барањето на Шведска, изјави денеска тТурскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, во обраќање пред пратениците на неговата партија на Правдата и развојот (АК) во турскиот Парламент.

-Шведска во овој момент не треба ништо ни да се обидува. Нема да го поддржиме нивното барање за влез во НАТО се додека тие дозволуваат палење на Куранот, рече Ердоган, пренесен од британските медиуми.

Турскиот претседател пред пет ден сугерираше дека неговата земја можеби ќе се согласи Финска да влезе во НАТО пред Шведска.

Шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, два дена подоцна даде слична изјава.

притисни ентер