Последните денови од кампањата, дебатата за Албанец премиер останува во фокусот

Предизборната кампања се ближи кон крајот, кандидатите од пратеничките листи на терен, а лидерите на партиите се по самоуверени во изборната победа.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на средба во СОНК – на претставниците на синдикатот им вети соработка и борба за работничките права во идниот период. Тој е убеден дека ќе формира Влада, нема за зависи од ниедна партија за постизборна коалиција, а верува и во мнозинство од 61 пратеник во Собрание.

-Ние зависиме од граѓаните, граѓаните даваат, но и одземаат. Цениме дека како победничка коалиција ќе имаме голема комоција во делот на преговори со коалициони партнери. Јас сум убеден во огромна победа на ВМРО ДПМНЕ, па не би ме изненадило ако имаме мнозинство во Парламентот, вели Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО ДПМНЕ.

СДСМ не стравува од премин во опозиција. Заев и Касами од Тетово ветуваат декаи во следните четири години ќе се фокусираат на евроинтеграциите. Станавме членкаа на НАТО, а за 6 години ќе бидеме и на ЕУ, зачувувајќи го македонскиот идентитет, рече Заев..Заев, категорично ја отвфла идејата за Албанец прмеиер и најаваува дека ДУИ ќе остане во опозиција, но Ахмети синоќа од Гостивар одговори дека тие ќе бидат пресудниот фактор на изборите, како што биле албанците во земјава изминатите две децении.

- Зоран Заев претера со изјави и прави нечесна работа. Не е тој што ќе ја однесе ДУИ во опозиција. Тоа го може само една сила, а тоа се гласачите на ДУИ. Зоран Заев нема да биде премиер. Добро е за нивното здравје да не брзаат и да создаваат проблеми со нас бидејќи не можат да се справат.Така им се случи пред 20 години кога седнавме и преговаравме за многу големи прашања, територијални поделби и тие ја загубија играта мислејќи дека доаѓаме од планина и не знаеме ниту политика ниту дипломатија-Али Ахмети – претседател на ДУИ.

Изборната кампања за 10тите парламентарни избори завршува во недела на полноќ. Потоа следува тридневниот молк и гласањето на повеќе категории на граѓани, на 13ти, 14ти и 15ти јули.

Во општините Дебар и Центар Жупа избирачките места отворени навреме

 Во општините Дебар и Центар Жупа, сите 43 избрачки места се отворени навреме.

- Гласачките места се отворени во седум часот. Гласањето во општина Дебар се спроведува во 27 избирачки места од кои 22 се во градот, две во село Могорче и по едно во селата Џепиште, Горно и Долно Косоврасти. Право на глас имаат 19.334 гласачи, што е за 123 гласачи повеќе споредено со последниот изборен циклус, локалните избори во октомври 2021 година. Вчера своето граѓанско право го остварија 29 болни и изнемоштени лица, рече Рилинд Хаса, претседател на Општинската изборна комисија во Дебар.

Според Неџип Илјаз, претседател на ОИК-Центар Жупа и во оваа општина избрачките места се отворени точно навреме.

- Се гласа на 16 избрачки места, 9 се во Центар Жупа, по едно во населените места Броштица, Новак, Еленци, Брештани, Праленик, Коџаџик, Долгаш. Вчера правото на глас го искористија 3 болни и изнемоштени лице, изјави Илјаз.

Во единствениот избирачки список за општина Центар Жупа се запишани 7.383 со право на глас или 306 повеќе, во однос на повторените избори за градоначалник во април 2022 година.

Во Неготино навреме стартуваше гласањето за претседател на државата

Сите избирачки места се навремено отворени, успешно стартуваше изборниот процес за претседателските избори, информираше утринава, претседателката на Општинска изборна комисија Неготино, Елизабета Камчева. 

Таа потсети дека во текот на вчерашниот ден, беа пријавени и имаа можност да гласаат, согласно на законот, вкупно 142 болни и немоќни лица, како и осум лица од Неготино, сместени во старечки домови надвор од територијата на општината.

- Покрај тоа, на овие избори имавме пријавено и гласање од затвор од страна на 22 лица, а на три од странство, потсети таа.

Камчева додаде дека во избирачкиот список за општина Неготино, се запишани вкупно 15.840 избирачи со право на глас.

Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил

 Пет мртви тела, меѓу кои и три деца, се пронајдени во куќа во американската сојузна држава Оклахома. Од полицијата велат дека мажот ги убил сопругата и трите деца, а потоа се самоубил.

Полицијата верува дека Џонатан Кенди (42) се скарал со сопругата, 39-годишната Линдзи Кенди, а потоа пукал повеќе пати.

-Потоа, тој ја обиколил куќата, барајќи ги децата и пукал во нив. Убиени се 18-годишниот Дилан, 14-годишниот Итан и 12-годишниот Лукас. Ги бркал децата низ куќата, соопшти полицијата, пренесе Еј-би-си Њуз.

Целиот страшен настан го преживеал само десетгодишниот син, кој спиел за време на пукањето. Десет-годишното момче се јавило на 911 во понеделникот наутро и кажало дека сите во куќата се мртви. Засега не е познато зошто 10-годишното момче не е повредено. /МИА

притисни ентер