Последниот од серијата земјотреси регистриран околу 21 часот

Последниот од серијата земјотреси што се случија во скопскиот регион е регистриран синоќа во 20 часот и 57 минути со магнитуда од 2,1 степен по Рихтер, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Најсилниот земјотрес беше почувствуван вчера во 15:10 часот со магнитуда од 5,3 степени по Рихтер, а епицентарот беше на 7 километри источно од Скопје.

По овој земјотрес, до околу 18 часот регистрирани беа околу 10 послаби земјотреси, од коишто со мали интензитети се осетени четири. Серијата земјотреси почнаа уште од утринава кога беа регистрирани два потреси од страна на Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија со јачина од 3,9, односно од 2,8 степени по Рихтер.

Во серијата земјотреси што во текот на вчерашниот ден го погодија скопскиот регион причинети се материјални штети, а лекарска помош побарале стотина граѓани.

Четириесетина лица побарале помош во градската болница „Наум Охридски“, а уште толку во градската болница „8 Септември“.

Најчесто се повредиле при бегање од своите домови, а неколкумина се со скршеници. Во болницата „Наум Охридски“ се задржани на лекување тројца пациенти, меѓу кои и една жена која паднала од тераса од први кат, при што се здобила со скршеници на нозете. Во болницата „8 Септември“ нема хоспитализирани пациенти со повреди од денешните земјотреси.

Дел од жителите во Скопје, особено станарите од повисоките згради, вознемирени од потресите излегоа на улица и во блиските паркови. Земјотресот предизвика и пречки со комуникацијата во мобилната телефонија, а во некои делови од градот имаше и проблеми при снабдувањето со електрична енергија. Пријавени се и помали штети на станбени објекти и на возила.

Управувачкиот комитет за справување со кризи веднаш по земјотресот во 15 часот и 10 минути одржа состанок по кој упати повеќе препораки до граѓаните.

До завршување на состанокот, односно до 18 часот и 20 минути до отворениот телефон на Центарот за управување со кризи имало 80-тина јавувања. Граѓаните дотогаш известиле за околу 30-тина штети кои се настанати во рамки на нивните објекти.

- Би го повторил она кое што го кажаа сеизмолозите, а тоа е сите оние граѓани кои што имаат потреба да пријават определена штета, тоа да го направат на отворениот телефон 195 или пак на мејл на ЦУК, за потоа тимови кои што се предводени од ИЗИИС да ги посетат истите овие објекти и да направат потоа увид во степенот на оштетување на определениот објект. Покрај тоа што граѓаните ќе можат да ги пријавуваат своите потреби за присуство на стручни тимови, Управувачкиот комитет ги задолжи сите општински кризни штабови во градот Скопје, како и кризниот штаб на Град Скопје, да извршат паралелно обиколка на сите определени места во нивната општина, особено во проверка на патната инфраструктура, инфраструктурата во делот на водовод, канализација, изјави Ѓорѓиев.

Управувачкиот комитет апелираше да нема лажни повици, и да се пријавува само ако има пукнатини на ѕидови и потпорни греди на тврди градби, а не на помошни простории.

На оние, пак, на кои им е потребна медицинска помош да се јават на бројот 194 наместо да одат во болниците.

Надлежните ги упатуваат граѓаните и на Упатството за самозаштита на од земјотреси што може да се преземе на следниот линк: http://www.dzs.gov.mk/extra/doc/Upatstvo_-_zemjotresi.pdf .

Брнабиќ: Седница за измените за локалните избори во понеделник

Дел од опозицијата ги поддржа овие измени.

Претседателката на Собранието на Србија Ана Брнабиќ најави дека седницата на која ќе се расправа за измените на Законот за локални избори, за да тие се одржат на 2 јуни, е закажана за понеделник во 11 часот,јави дописникот на МИА од Белград.

-Она што ме радува е што повеќе од две третини од пратениците го поддржаа предлогот за измени на Законот за локални избори, вкупно 184 пратеници се предлагачи на измени на законот, рече Брнабиќ.

Таа прецизираше дека сите пратеници на владејачката коалиција, потоа од опозицијата-Народното движење на Србија, Новото лице на Србија, Зелено-левиот фронт, Еколошкото востание, независните пратеници на Движењето на слободни граѓани, како и партијата на Шаип Камбери дале поддршка.

Брнабиќ изјави дека одлуката на опозицијата за бојкот на изборите е неодговорна и дека тоа ја покажува нивната врвна несериозност.

-Мислам дека тоа покажува највисоко ниво на неодговорност. Разговаравме 17 дена, тоа беше предлог на маса. Дури ни дадоа рок до 18 април, и ние го испочитувавме тој рок. Ако сакаат да бојкотираат нека бојкотираат Не би се занимавала повеќе со тоа. Нека им објаснат на своите поддржувачи зошто е таква одлуката и повторно сум сигурна дека ќе го сменат мислењето. Тоа е и мојата препора, изјави Брнабиќ.

На новинарско прашање колку е реално да се исполнат барањата на опозицијата во однос на избирачкиот список и медиумите, Брнабиќ рече дека ќе се обиде да ја забрза работата, дека работните тела кои ќе се занимаваат со контрола на избирачкиот список а по препораките на ОДИХР ќе се формираат што е можно поскоро.

-Во однос на медиумите ќе побарам да имаме средба со медиумите и да ја отвориме и таа тема. Ќе дадам се од себе до 2 јуни да спроведам што е можно повеќе, особено во однос на медиумите и избирачкиот список. На крајот на краиштата, неколку пати го поставив тоа прашање „зошто инсистирате на тоа ако се сомневате дека сите препораки на ОДИХР може да се спроведат дотогаш“, рекоа затоа што тоа ќе обезбеди да немаме миграција на гласачи. Тие инсистираа и ние тоа го прифативме, иако се уште мислам дека нашиот предлог да се одржат изборите во Белград сега, а сите други наесен беше многу подобар, рече Брнабиќ. /МИА

Манчестер јунајтед ќе добие четири милиони евра доколку Борусија Дортмунд ја освои ЛШ

Манчестер Јунајтед би можел да добие дополнителни четири милиони евра од Борусија Дортмунд за Џејдон Санчо, пишува „Тајмс“.

Според британскиот весник, Јунајтед ќе ги добие овие средства доколку тимот од Дортмунд ја освои Лигата на шампионите.

Борусија го ангажираше Санчо на позајмица во јануари 2024 година. Дваесет и четиригодишниот Англичанец на 14 натпревари за германскиот клуб има постигнато два гола и две асистенции.

Противник на Борусија Дортмунд во полуфиналето на Лигата на шампионите ќе биде Пари Сен-Жермен.

Во другото полуфинале ќе играа Баерн Минхен и Реал Мадрид. /МИА

Аеродромот во данскиот град Билунд евакуиран по дојава за поставена бомба

Аеродромот во данскиот град Билунд денеска е евакуиран по дојава за поставена бомба и еден маж е уапсен, соопшти данската полиција.

Летовите на аеродромот се прекинати. На веб-страницата на аеродромот се наведени неколку откажани летови кои требаше да се реализираат попладнево - до Амстердам, Франкфурт и Барселона.

Полицијата се обидува да утврди дали има поврзаност меѓу дојавата за поставена бомба и експлозијата на банкомат во Билунд изутрината.

Аеродромот Билунд е вториот по големина аеродром во Данска. Се наоѓа во близина на седиштето на компанијата „Лего“ и паркот „Леголенд“. /МИА

притисни ентер