Во Понеделникот во интервју на една од „неговите“ телевизии, Лукашенко го бранеше падот на Интернетот со објаснување дека Белорусија била под странски напад, со цел јавноста во Белорусија да не дознае дека победил со „огрмни“ 80%.
Истовремено, сите оние кои не гласале за него, вклучително и противкандидатите ги нарече овци, затоа што не знаеле кого “следат“.
Изгасени се и најчитаните и воедно единствени опозициски портали Tut.By и Naviny, кои постојани јавуваа за неговите измами, исто како и пристапот до многуте апликации и социјални мрежи.
Но пак затоа порталите кои го величаат „ликот и делото“ на Лукашенко, функционираат беспрекорно.
Еве еден список на 21 највлијателен портал, па и лично уверете се, дали сајтот кој че се отвори, го фаворизира Лукашенко или не. Истовремено, погледнете колку од нив не се отвараат
Сајтови Белорусија
Приината е јасна - да се спречат протестите кои од ден на ден се поголеми, и кои се поддржани од внатрешните опозициски сили, барем оние кои не се затворени или ликвидирани.
Ројтерс ја пренесува изјавата на високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел, кој изјави дека „Изборите не беа ниту слободни ниту фер“, при што се повика на „веродостојни извештаи“ од домашни набљудувачи кои докажаа дека гласањето не е спроведено ниту во минимална согласност со меѓународните стандарди. Борел додаде дека „Државните власти користеа несразмерно и неприфатливо насилство. Илјадници луѓе се приведени и задушувањето на слободата на собирање, медиуми и изразување е засилено“, при што најави можни санкции за режимот на Лукашенко од страна на ЕУ
Интересно е што Лукaшенко веќе неколку години има нарушени односи со Русија, поради високата цена на гасот, и често пати знаеше јавно да го критикува, а сега наголемо се зборува дека бара помош од тој истиот Путин.
Според протестите, се чини дека опозицијата успеа да го „крене“ напатениот народ, а наредните 48 часа , како што јавуваат светските аналитичари , ќе покажат дали постојат шанси за пад на диктаторот или не.