Последна шанса Меркел да го разубеди Макрон да не не блокира

Ќе вроди ли со плод посетата на Меркел во Париз, на која што ќе лобира за Македонија да добие зелено светло од Емануел Макрон? Official facebook: https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/ Web: http://kanal5.mk/ Copyright: OnAir Media Group

Две жртви и десетина повредени во пожар во четирикатница во Хамбург

Две лица загинале рано утрово во пожар што избувнал во четирикатна зграда во германскиот град Хамбург, објавија итните служби.

Уште едно лице е тешко повредено, изјави портпаролот на противпожарната служба.

Четиринаесет други станари во станбената зграда во областа Харбург биле спасени. 85 пожарникари се бореле со пожарот. Вкупно 11 возрасни и три деца побарале помош од итните служби, изјави портпаролот.

Едно лице загинало откако скокнало од прозорец за да избега од пожарот, а друго е пронајдено мртво во еден од становите. Засега не се познати причините за пожарот.

Трагедија во Србија: Млад музичар почина на бина за време на настап

Вељко Ратковиќ (21), член на КУД „Краљевачка ризница“,ненадејно почина на сцена синоќа околу 21 часот за време на настапот на настанот „Купусијада“ во Мрчајевци.

Како што неофицијално дознаваат медиумите од блиска личност до овој случај, тој починал од наркотични средства што предизвикале срцев застој. Наводно имал тежок живот од раѓање.

- Вељко имаше тежок живот и беше зависник со години. Ја загубил својата мајка кога имал само една година. Тој порасна сам со својот татко. Нема браќа и сестри ... - наведува соговорникот и додава:

- Најтешко ни беше кога требаше да го повикаме татко му. Тој, маченик, се појави за 15 минути. Трчаше целиот луд, скршен од болка, плачеше гласно за неговиот син единец. Никогаш нема да ги заборавиме неговите офкања.“

Очевидци на оваа трагедија, поточно, членовите на споменатото Културно -уметничко друштво, во кое несреќниот Вењко свирел на флејта, за „Блиц“ велат дека не можат да се соземат од шокот што го доживеале вчера.

- Се` се случи одеднаш. Изгледаше сосема нормално, немаше што да укаже дека не е добро. Тој го изведе првиот и вториот дел од изведбата на најнормален начин, но за време на третото појавување на сцена, тој само падна. Програмата беше веднаш прекината, сите бевме во шок! Брзата помош пристигна многу брзо. Го реанимирале неколку пати, а потоа го однеле во болница. Како што ни беше кажано, тој беше донесен без витални функции на Одделот за итни случаи во Општата болница Чачак. За него немаше спас ... - велат колегите на починатиот.

Велат дека Вељко се повлекол од „Краљвачка ризница“ минатата година, дека ретко се појавувал и дека, наводно, почнал да се дружи со „сомнително“ друштво.

- Доаѓаше многу ретко, скоро и да не го гледавме. Поминуваше цел ден во теретана. Тоа е се` што знаеме за него. Престана да се дружи со нас ... Знаевме дека зема дрога со години - наведуваат тие.

Русковска: Истрагата за Драги Рашковски во завршна фаза

Истрагата за поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски е во завршна фаза, вели шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска во интервју за Радио слободна Европа.

– Истрагата е во завршна фаза. Го добивме материјално-финансиското вештачење. Се чека уште едно вештачење, треба до следната недела да стигне и тоа и ќе се викаат осомничените да дадат своја одбрана, доколку сакаат, посочува Русковска во интервјуто.

Потврди дека се истражува како може Рашковски да си дозволи гаранција од околу 500 илјади евра за замена на мерката притвор во домашен притвор, а во истрагата влегува и прашањето од каде му парите на Рашковски за хациенда во Побожје.

Русковска вели дека и случајот „Империја" е во завршна фаза, а најавува и дека по истекот на мандатот нема да се кандидира повторно за прв човек на Обвинителството.

Во врска со истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово, на прашањето дали се повикани сведоци на распит, Русковска вели дека тие не можат да повикаат сведоци, бидејќи не ја водат истрагата.

– Наш дел е само во јавната набавка, да се разгледа документацијата, да се анализира и потоа да се одлучи што понатаму. Ако има некоја одговорност, односно во делот ако е повреден Законот за јавни набавки или во делот, бидејќи посебен закон е донесен за набавка на овие модуларни болници или во тој дел ако е повреден тогаш ќе одлучиме кого ќе распитаме и кого ќе викнеме. Сето останато е во делот што го води Основното обвинителство во Тетово, вели таа.

Во однос на тоа доколку се утврди дека потписот на министерот за здравство Венко Филипче не фигурира, односно дека набавката одела преку Министерството за труд и социјална политика дали тогаш Филипче не би бил предмет на истрагата, Русковска вели да не се навлегува во шпекулации.

– Прво треба да ја видиме документацијата па евентуално ако сметаме дека нешто во делот на набавките не е во ред ќе се одлучува кој и дали ќе биде повикан, дали како сведок, дали како лице од кое се бараат потребни известувања затоа што тоа се ќе биде во предистражна постапка, истакна Русковска во интервјуто.

притисни ентер