Послаб земјотрес повторно почувствуван во Скопје

Послаб земјотрес претпладнето во 11 часот и 50 повторно беше почувствуван во Скопје и околината.

Според Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ, земјотресот бил со магнитуда од 2,3 според Рихтеровата скала, почувствуван во Скопје и околината со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Денешниот земјотрес е дел од серијата потреси што го погодија Скопје и околината во изминатото деноноќие.

Сизмолошката опсерваторија при ПМФ информира дека во текот на вчерашниот ден биле регистрирани 12 земјотреси.

Најсилниот земјотрес беше почувствуван вчера во 15:10 часот со магнитуда од 5,3 степени по Рихтер, а епицентарот беше на 7 километри источно од Скопје.

Во серијата земјотреси што во текот на вчерашниот ден го погодија скопскиот регион причинети се материјални штети, а лекарска помош побарале стотина граѓани. /МИА
притисни ентер