Посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје

На булeварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, на потегот од крстосницата со булеварот „Свети Климент Охридски“ до кружниот тек кај Католичка црква од 7 до 19 часот сообраќајот ќе се одвива во согласност со привремено воведен режим.

Како што информираат од ЈП „Улици и патишта“ Скопје, времениот режим се воведува поради активности по завршување на градежните активности за реконструкција на булеварот.

Декларацијата на самитот за Украина најверојатно нема да биде потпишана од сите учесници

 Не се очекува сите учесници на мировниот самит за Украина во Швајцарија да ја потпишат завршната декларација, иако повеќе поради формулацијата отколку поради реалниот недостаток на поддршка.

Не се очекува сите учесници на мировниот самит за Украина во Швајцарија да ја потпишат завршната декларација, иако повеќе поради формулацијата отколку поради реалниот недостаток на поддршка, изјави австрискиот канцелар Карл Нехамер на маргините на самитот за Украина во Швајцарија, јави ДПА.

Сепак, како што рече, основниот заеднички став нема да биде засегнат.

-Затоа не сум толку загрижен ако не потпишат сите сега, рече канцеларот.

Тој додаде дека пред Русија да седне на преговарачката маса, може да се замисли уште една конференција во различен формат

-Навистина мора да го гледате како процес, рече тој.

Дводневната конференција на 92 држави и осум меѓународни организации треба да заврши попладне, кога треба да биде објавена и конечната декларација.

Целта на настанот е да се иницира мировен процес во кој долгорочно ќе биде вклучена и Русија. Официјални лица од Москва во оваа прилика не беа поканети и не изразија желба да присуствуваат.

Песков: Путин не ја исклучува можноста за преговори со Украина

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин не ја исклучува можноста за преговори со Украина, имајќи предвид дека во Украина постојат легитимни органи на власт.

-Путин не отфрла ништо. Тој не ја отфрла можноста за преговори. Тој вели дека таму има легитимни тела, во согласност со Уставот на земјата, рече Песков, пренесуваат руските медиуми.

Тој додаде дека украинскиот претседател Володимир Зеленски не е личност со која може да се склучи писмен договор бидејќи, како што наведе, „де јуре тоа би било нелегитимно“.

Зборувајќи за условите за почеток на мировните преговори кои Путин ги претстави во петокот - повлекување на украинските војници од новите региони на Русија и трајно откажување од членството во НАТО, Песков рече дека тоа не е ултиматум, туку мировен предлог.

-Тоа не беше ултиматум, тоа беше мировен предлог, кој беше претставен земајќи ја предвид реалноста на теренот, рече Песков.

Тој додаде дека договорите на хартија се резултат на многу сложени експертски преговори, рамнотежа на интереси и земајќи ја предвид реалноста на теренот, додавајќи дека така ќе биде и овојпат.

Англичаните ќе добијат бонус од 9.6 милиони фунти за европска титула

Англиските репрезентативци ќе добијат бонус од 9,6 милиони фунти доколку ја освојат титулата на Европското фудбалско првенство кое се одржува во Германија.

Информацијата денеска ја објави лондонски „Сан“.

Според истиот извор, селекторот на Англија, Герет Саутгејт, наводно ќе добие бонус од четири милиони фунти доколку неговите избраници ја освојат титулата на ЕВРО2024.

Англија вечерва го почнува настапот на ЕВРО2024 против Србија.

Избраниците на Саутгејт на 20 јуни ќе играат со Данска, а на 25 јуни со Словенија.

притисни ентер