Португалија забранува патувања, Шпанија почна со масовни тестирања

Португалија се подготвува да забрани патување во земјата и да ги затвори училиштата за време на двата претстојни државни празници, 1 и 8 декември, во обид да го намали ширењето на коронавирусот пред Божиќ, рече премиерот Антонио Коста.

Училиштата ќе бидат затворени во понеделник пред двата празници, а патувањето ќе биде забрането од 23 часот на 27 ноември до 5 часот наутро на 2 декември и потоа повторно од 23 часот на 4 декември до 9 декември.

Португалија забележала 62 смртни случаи и 6.472 нови инфекции во последните 24 часа, со што вкупниот број на заразени достигна 255.970 случаи, а бројот на починати на 3.824 лица.Бројот на случаи значително се зголемил од крајот на септември.

„Сè уште имаме многу голем број случаи што претставуваат закана за нашето здравје“, рече Коста на прес-конференција. „Ние мора да инсистираме не само да ја запреме таа стапка на раст, туку и да ја намалиме.

Соседна Шпанија вчера започна масовно тестирање во Бургос на северот од земјата за да се обиде да ја спречи пандемијата.

Целта е да се тестираат 25 проценти од 175,000 жители на Бургос за една недела.

Со 1.750 случаи на 100.000 жители во рок од 14 дена - во споредба со просечно 419 во Шпанија - Бургос е најсериозно погодениот град на коронавируси во земјата, и покрај голем број ограничувања, вклучително и затворање на баровите и рестораните и забрана на повеќе од три лица, пренесува АФП.

Шпанија, каде што полицискиот час е во сила од крајот на октомври - со исклучок на Канарските острови - забележала повеќе од 42.000 смртни случаи и 1,5 милиони заразени од почетокот на пандемијата.

Ќе се снима рекламен спот на патот Велес-Штип, повремени прекини на сообраќајот

Поради снимање рекламен спот денеска од 6:00 до 13:00 часот ќе има повремени прекини на сообраќајот на регионалниот пат Р1321 – Велес-Штип.

Како што информираат од продукцијата што го снима спотот, сообраќајот ќе биде во прекини во временски интервали од по пет минути.

Сончево и ведро време со максимални температури до 18 степени

Ведро и студено е утринава во целата држава. Слаба магла има во Скопската котлина и во Демир Капија.

Според утринските мерења на УХРМ, најстудено е во Берово каде се измерени -8 степени по што следуваат Битола и Струмица со -7, Демир Капија со -6 и Тетово со -5. Четири степени под нулата се измерени во Скопје, Прилеп, Штип и Гевгелија, -3 во Дебар и -1 во Крива Паланка и Лазарополе. Нула степени утринава се измеренеи во Охрид, Виница и Маврово и 4 степени во Крушево и Дојран.

За денеска синоптичарите најавуваат сончево време со слаба магла по котлините во утринските часови. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18 степени.

Во Скопје слично време со максимална температура до 10 степени.

Седница на Антикорупциската комисија

ДКСК најави дека на седницата ќе постапува и по предмети од Годишниот план за следење на имотната состојба и интереси, како и по конкретни предмети.

Државната комисија за спречување на корупцијата денеска на седница треба да расправа за усвојување на методологија за антикорупциска проверка на легислативата и на практично упатство за правилата за ад-хок откривање и управување со случаи на судир на интереси за членовите на Владата.

ДКСК најави дека на седницата ќе постапува и по предмети од Годишниот план за следење на имотната состојба и интереси, како и по конкретни предмети.

притисни ентер