Португалија и Британија разговараат за ,,воздушен коридор”

Португалија и Велика Британија разговараат за воспоставување воздушен коридор што би ги поштедил британските туристи од карантин поради ковид-19 при нивното враќање дома, соопштија португалски извори.

Португалската економија е многу зависна од туризмот и беше погодена од пандемијата и мерките, па затоа владата се обидува да спаси барем дел од клучната летна сезона.

Велика Британија е главниот пазар за туристи во Португалија и на 8 јуни ќе воведе карантин за патниците кои доаѓаат од странство, но и за британските граѓани. Патниците ќе треба да поминат 14 дена во самоизолација.

Во 2019 година Португалија ја посетиле повеќе од 16 милиони странски туристи, а скоро 20 проценти од нив биле британски.

Неименуван извор вчера изјавил за Ројтерс дека разговорите меѓу Лисабон и Лондон биле на почеток.

Според друг извор, Лисабон бара воздушен коридор за португалските туристи кои ја посетуваат Велика Британија и обратно, и дека се надева дека релативно нискиот ризик од коронавирус во Португалија, во споредба со Шпанија или Велика Британија, ќе му помогне на португалскиот туризам.

Португалија бележи вкупно 1.330 смртни случаи и 30.788 случаи на инфекција, што е многу малку во споредба со скоро 27.000 смртни случаи и над 235.000 заразени во соседна Шпанија, забележува Ројтерс.

На прашањето на Ројтерс да ги коментира информациите за разговорите, португалското Министерство за надворешни работи објави дека Португалија побарала дополнителни информации по одлуката за британската влада за карантин.

Министерството не сака да ги потврди или негира конкретните разговори за коридорот , но изрази оптимизам дека двете страни ќе најдат прифатливо решение.

„Со оглед на релевантните реципрочни интереси, Министерството за надворешни работи е уверено дека ќе може да се најде решение што ќе ги задоволи тие интереси, особено со оглед на претстојната летна сезона“, рекоа тие.

Туристичкиот сектор учествува со скоро 15% од бруто домашниот производ на Португалија и е еден од главните двигатели на закрепнувањето по економската и должничката криза помеѓу 2010 и 2014 година.

Здружението на хотели АХП соопшти дека повеќе од 90 проценти од португалските хотели се сè уште затворени, по мерките воведени во март и дека очекуваат загуба на приходот до 1,4 милијарди евра помеѓу март и јуни.

Израелската армија го потврди убиството на висок функционер на Хезболах

Израелската војска потврди дека го убила Али Абед Асан Наим, заменик командант на ракетната дивизија на Хезболах. Тој бил убиен во напад со беспилотно летало во либанскиот регион Базуриех, објавија британските медиуми.

Израелската војска соопшти дека Наим насочил ракетен истрел со тешка боева глава кон израелска територија од Либан. Според израелските воени претставници, убиениот висок функционер на Хезболах бил одговорен за планирање и извршување на напади врз израелски цивили.

„Хуавеј“ минатата година со двојно поголем профит

Кинескиот телекомуникациски гигант „Хуавеј“ денеска соопшти за значително поголем профит во 2023 година, благодарение на силните резултати од неговите оддели за обработка заснована на Интернет и софтвери за автомобили.

Приходите на компанијата се зголемија за 9,63 отсто минатата година, на 704,2 милијарди јуани (99,4 милијарди долари).

Нето добивката се зголеми повеќе од двојно и изнесуваше 86,9 милијарди јуани.

Главниот столб на компанијата минатата година беше неговиот оддел за опрема за ИКТ инфраструктура, со приход од 362 милијарди јуани, што е за 2,3 отсто повеќе од 2022 година. Голем број западни земји забранија инсталирање на опрема на „Хуавеј“ во мобилните мрежи, повикувајќи се на националната безбедност.

Бајден: Постојано работиме да издејствуваме ослободување на Гершкович

Белата куќа објави изјава од претседателот Џо Бајден по повод навршувањето на една година руски затвор на новинарот на Волстрит џурнал, Иван Гершкович.

-Новинарството не е злосторство и Иван замина за Русија да ја врши својата работа на известувач со ризик за неговата безбедност за да се открие вистината за жестоката агресија на Русија против Укаина. Веднаш по неговото неправедно и незаконско задржување тој од затворот испрати писмо до своето семејство, изјави претседателот на САД.

Во писмото новинарот напишал дека „не губи надеж“.

-Како што им кажав на родителите на Иван, јас исто така не губам надеж. Ќе работиме секојдневно да издејствуваме негово ослободуање, рече Бајден.

Тој вети дека САД и понатаму ќе ги осудуваат и ќе воведуваат мерки „за обидите на Русија да ги користи Американците како монети за размена“.

Гершкович беше задржан лани во март. Оттогаш е се уште во притвор и чека судење по обвинение за шпионажа, што е категорично отфрлено од него, неговиот работодавач и владата на САД.

Во случај да биде прогласен за виновен, тој може да биде осуден на 20 години затвор./МИА

притисни ентер