Порошенко инаугуриран: Сакам мир, а Крим ќе остане на Украина

Сакам мир и обединета Украина, порача новоизбраниот претседаел Петро Порошенко на инаугурацијата во Државната Рада во Киев. Петтиот шеф на државата од независноста во 91-та, ги повика руските сепаратисти на истокот да стават крај на крвопролевањата, да се повлечат, со гаранција дека ќе им обезбеди сигурен коридор да се вратат дома.

- Јас не сакам војна, не сакам одмазда. Сакам мир и сакам да завладее мир. Ве молам положете го оружјето, а јас ќе ви гарантирам имунитет на сите вас на кои рацете не ви се крвави. Крим беше и ќе остане украински. Тоа, јасно му го кажав на рускиот претседател во Нормандија, изјави Петро Порошенко, претседател на Украина.

На заклетвата на чоколадниот милијардер присуствуваа 56 странски делегации, 23 од нив беа шефови на држави и влади, меѓу кои и македонскиот претседтел Ѓорге Иванов. Со исклучок на словенечкиот колега, Борут Пахор, Иванов беше единствениот шеф на држава од регионот.

Србија го испрати министерот за надворешни Мркиќ, Хрватска екс претседателот Месиќ. Владимир Путин очекувано не дојде на церемонијата. Русија ја претставуваше амбасадорот Михаил Зурабов, но Путин прати абер од Москва дека вчерашната средба со Порошенко во Франција е голем чекор напред во односите.

- Можам да го поздравам ставот на Порошенко дека крвопролевањето во Источна Украина мора итно да престане. Во однос на преговорите, учесници во нив не треба да бидат Русија и Украина, зашто Русија не е учесник во конфликтот. Во преговорите треба да учествуваат властите во Киев и поддржувачите на федерализацијата на истокот на Украина, изјави Владимир Путин, претседател на Русија.

Порошенко е еден од најбогатите Украинци, чие богатство се проценува на милијарда и шестотини илјади долари. Сопственик е на телевизија, фабрика за автомобили и бродоградилишта и на најголемата компанија за слатки, кои денеска на првиот ден од мандатот завршија под нозете на проруските демонстранти во Доњецк, кои му порачаа дека тој за нив нема легитимитет.

Во Ирак најголем број заразени од почетокот на пандемијата

Во Ирак се потврдени 4.229 нови случаи на коронавирус, најголем број нови инфекции од почетокот на пандемијата, соопштија здравствените власти.

Ирачкото Министерство за здравство соопшти дека се потврдени вкупно 172.583 случаи на КОВИД-19, а Ирак е на третото место по бројот на заразени лица на Блискиот исток, по Саудиска Арабија и Иран, јавува Би-Би-Си.

Од корона починале уште 76 лица, а вкупниот број на смртни случаи е 5.785.

Хамилтон најбрз во Барселона, 92. пат ќе стартува прв

Британскиот возач, Луис Хамилтон, водечки во генералниот пласман, денеска беше најбрз во квалификациите за Гран При на Шпанија и ќе стартува од најдобрата позиција утре на патеката Circuit de Catalunya  во Барселона.

До него утре на стартот ќе биде неговиот клупски партнер Финецот Валтери Ботас.

Тоа за Хамилтон, шесткратен светски шампион, е рекорден 92-ри пат во неговата кариера и четврт оваа сезона да започне од пол-позицијата.

Макс Верстапен (Ред Бул), најблизок до Хамилтон во генералниот пласман, ќе стартува од третото место, а Мексиканецот Серхио Перез (Рејсинг Поинт), кој ги пропушти последните две трки во Формула 1 поради коронавирусот, од четвртото место.

Се знае што правеле играчите на Баерн по историската победа над Барселона

Претседателот на Баерн откри како фудбалерите на неговиот клуб ја одбележале историската победа од 8: 2 против Барселона во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

"После играта, отидов во соблекувалната очекувајќи да видам разуздано славје на играчите по фантастичниот триумф. Сепак, ги најдов целосно мирни и фокусирани на следниот меч", вели Карл-Хајнц Румениге.

Баерн го очекува победникот на вечерашниот натпревар меѓу Манчестер Сити и Лион во полуфиналето, што ќе се одигра во среда.

притисни ентер