Поранешниот борец на ОВК Блерим Рамадани нема да биде екстрадиран во Србија

Според информациите на косовскот МНР, Рамадани ќе го продолжи престојот во домашен притвор во Скопје до правосилната пресуда на врховниот суд.

Министерството за надворешни работи на Косово соопшти дека советот на Основниот кривичен суд во Скопје одлучил да не го екстрадира косовскиот државјанин Блерим Рамадани, кој минатиот месец беше уапсен на граничниот премин Јажинце врз основа на потерница од Интерпол издадена на барање од Србија, поради сомненија дека извршил воени злосторства во регионот на Неродиме.

Според информациите на косовскот МНР, Рамадани ќе го продолжи престојот во домашен притвор во Скопје до правосилната пресуда на врховниот суд.

Медиумите во Приштина потсетуваат дека Рамадани е третиот државјанин на Косово како поранешен војник на ОВК, уапсен во Македонија врз основа на српска потерница. Гафур Дуголи и Томор Морина беа уапсени во минатото, но со судска одлука беа ослободени.

Првите три пациенти со возила тргнаа кон болницата Папаниколау, Солун

Првите три пациенти од Клинички центар тргнаа со возила опремени за интензивна нега за болницата Папаниколау во Солун.

Наредните 1-2 часа ќе има авионски транспорт за Софија, и транспорт за Србија.

Ѓурчевски: Истрагата треба да покаже дали се преземени сите безбедносни мерки

Изјава за Канал 5 на поранешниот полициски инспектор Љубомир Ѓурчевски.

Истрагата треба да покаже дали се преземени сите безбедносни мерки. Факт е дека објектот е лесно запалив, бидејќи станува збор за барака, вели Ѓурчевски.

Родител на еден од загинатите: За што ќе ми е на мене живот?

Потресна изјава родител на еден од настраданите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.

„21 година, само што требаше да живее“, вели тој „за што ќе ми е на мене живот?“, додава.

притисни ентер