Поради ковид пандемијата се очекуваат нови антикризни мерки

Иако најавен како пакет за ревитализација, четвртиот пакет економски мерки, сепак нема да е доволен. 

Вицепремиерот Фатмир Битиќи и министерот за економија Крешник Бектеши, денеска најавија дека се размислува за носење и на нови пакети економски мерки за справување со Корона кризата, ако продолжат рестрикциите и има нови ограничувања.

„Ако на ваков начин продолжува кратењето на времето на работа на угостителските објекти . ако е потребно секако ќе излеземе со дополнителни мерки. Ова не важи само за угостителскиот сектор, ова важи за сите субјекти во нашата држава, имајќи ги во предвид анилизите и податоците како ќе се одвива и економската криза.“ изјави Крешник Бектеши, министер за економија

„Ќе треба најверојатно да имаме и 5ти пакет на мерки затоа што ние заедно, сме кажале дека заедно ќе бидеме со сите и ниту еден во општеството дали е тоа граѓанин или дали се тоа стопанственици. / И за 5ти и за 6ти пакет, колку и да треба пакети ќе има, само да полесно преминеме од овој период.“ дополни Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања

Засега пак, со ограничено работно време до 23 часот ќе работат само угостителите. Иако се најавуваше дека сите економски опреатори, вклучувајќи ги пекарите, сендвичарите... ќе работат скратено, Битиќи со објаснување: -Комисијата за заразни болести увидела дека засега ризик за ширење на заразата се само кафулињата и рестораните. Доколку има предлози за ограничување на работното време и за други објекти – тоа ќе биде разгледано.

„Да вистина е дека првично беше најава за повеќе економски оператори, но Комисијата за заразни болести не се економски стручни за да направат разлика што е економски оператор и имавме една ситуација на интервенција. Укажавме на што точно се однесува и во овој момент таа оценила дека само таму треба да има лимитирање од 23 мора и дека ризикот од ширење на заразата е токму таму.“ изјави Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања

Во меѓувреме, пратениците до крајот на неделава би требало да ги изгласаат законите и ребалансот со кои ќе треба да се овозможи реализација на повеќето мерки од 4тиот пакет.

Канабисот отстранет од списокот на најопасни дроги на Обединетите нации

Комисијата на Обединетите нации за наркотици го отстрани канабисот од списокот на најопасни дроги, на кој се наоѓаат и хероинот и синтетичките опијати.

Одлуката ја поддржаа 27 земји, 25 беа против, а една беше воздржана.

Канабисот е опфатен со Единствената конвенција за опојни дроги во 1961 година. Тој беше вклучен во категорија што дозволува национални забрани за дроги со „особено опасни својства“.

Потегот на Комисијата на ОН за наркотици, чие седиште е во Виена, е преземен врз основа на препорака на Светската здравствена организација (СЗО).

Сепак, Комисијата не го легализира канабисот. Тој сè уште е наведен меѓу дрогите кои предизвикуваат „голема зависност и злоупотреба“.

Тоа значи дека производството и трговијата со канабис сè уште е ограничено на употреба во научни и медицински цели според меѓународното право.

Санкционирани 381 возач во Скопје, 44 за возење без возачка дозвола

Во засилените акциски контроли на Министерството за внатрешни работи изречени се и девет мерки за минување на затворен семафор (црвено светло).

На територијата на град Скопје полицијата во текот на вчерашниот ден изрекла вкупно 381 меркa, меѓу кои 44 за возење без возачка дозвола, 30 за технички неисправни и нерегистрирани возила и 26 мерки за користење на мобилен телефон при управување на возило.

Во засилените акциски контроли на Министерството за внатрешни работи изречени се и девет мерки за минување на затворен семафор (црвено светло), 72 мерки за непрописно паркирање , 51 возило се подигнати со „пајак", како и 71 санкција за неносење на заштитна маска.

Од МВР информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел поголема безбедноста во сообраќајот.

Француски специјалци проверуваат 76 џамии, некои ќе бидат затворени поради екстремизам

Француската влада ќе започне серија мерки, „сеопфатни и без преседан“, за борба против верскиот екстремизам, рече министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин, додавајќи дека прв чекор ќе биде да се прегледаат 76 џамии.

Дарманин на Твитер објави дека резултатот од овие истраги, доколку се воспостават врски со екстремизмот, може да биде затворање на џамиите.

Владата на францускиот претседател Емануел Макрон одговори на неколку смртоносни исламистички напади во последните неколку недели со ветување дека ќе преземе акција против, како што некои јавни службеници го нарекоа „внатрешниот непријател“.

притисни ентер