Поради дефект без вода корисниците од Момин Поток

  Поради уличен дефект на улицата „Октомвриска револуција" 56 во Скопје од 10:15 часот претпладнево е прекинато водоснабдувањето на корисниците од населбата Момин Поток.

– Прекинот ќе трае до отстранување на дефектот, соопшти ЈП „Водовод и канализација"-Скопје.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче наместо да се крие зад штури соопштенија, да се извини за случајот Геријатрија

Венко Филипче и СДСМ немаат ниту минимум доблест да признаат грешка и да понесат одговорност, како што тоа се прави во остатокот земјите во светот, но и во регионот.

Венко Филипче и СДСМ се директно виновни за сите заболени во Геријатрија, но и за потенцијалните жртви во иднина.

Појавата на Ковид 19 во Геријатриска установа, каде што се сместени стари и изнемоштени лица, со хронични заболувања е темпирана бомба за сите стари лица кои се згрижени во истата. И причинителот на опасноста е Венко Филипче, кој не презел чекори во насока да се спречи појавување, а тоа требало да го направи со засилени контроли и протоколи при влез, мерки за заштита и тестирања.

Во здрава држава Филипче ќе си поднесе оставка, ќе имаше истрага за пропустите за корона кластерот во геријатрискиот центар и владата ќе се извинеше за пропустите. Народот вели ем крив ем боде.

Наместо воспоставување на систем за заштита во здравствените установи, Венко Филипче изминатиот период беше насочен на кампањата на Заев и СДСМ, а граѓаните и пациентите, паднаа во втор план.

Наместо да се крие зад штури соопштенија, Филипче да излезе и да се извини за пропустите кои се негова вина, но и да преземе одговорност за истите.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Берлин и Париз напуштија преговори за СЗО поради САД

Германија и Франција ги напуштија преговорите за реформата на Светската здравствена организација , фрустрирани од обидите на САД да ги водат преговорите, иако Вашингтон одлучи да ја напушти таа организација.

Нивниот потег е удар за американскиот претседател Доналд Трамп затоа што вашингтон, кој моментно е претседател на Г 7, се надеваше дека ќе објави план за сеопфатна реформа на СЗО во јуни, два месеца пред претседателските избори во САД.

Никој не сака да биде вклучен во реформскиот процес и да добие нацрт од земја што штотуку ја напушти СЗО“, вели висок европски функционер што учествува во преговорите.на прашањето за потврда на одлуката на Париз и Берлин, портпаролите на Германија, Франција, Велика Британија и Италија немаа коментари.

Сепак, француското министерство за здравство објави дека САД не треба да бидат лидер во реформата на СЗО, бидејќи тие имаат намера да ја напуштат таа организација.

притисни ентер