Попов: Со ребалансот на буџетот власта крати 21 милион евра за образование

​Требаше ли да ни се случи корона вирусот за да отвориме очи и да видиме во колку очајна состојба ни е образовниот систем? 

Велат подобро некогаш отколку никогаш, ама страшно е тоа што власта со своето неодговорно и дезоиентирано владеење продолжува да го „дотепува" системот што ја гради иднината на земјава.

Имено, со ребалансот на буџетот власта крати 21 милион евра од ставките за образование, реконструкција и изградба на студентски домови од буџетот првично предвиден за 2020-та година. Зарем тоа е најлесниот начин? Зарем немаше место за кратење кај луксузот за власта?

Пред еден месец констатиравме дека над 40 илјади ученици немаат компјутер и дека нема да можат да следат онлајн настава. Нормално, за тоа нема пари, па само од парите наменети за развој на образованиот систем на основците се кратат пет милиони евра, а во средното образование 2,2 милиони евра.

Размислува ли некој од предлагачите дека со ваквиот ваквиот ребаланс продолжува урнисувањето на и онака кревкиот образовен систем? Наместо да се зголеми издвојувањето за опремување на секој ученик и за унапредување на неговиот образовен систем, се крати и она што власта сама го предлагаше со буџетот за оваа година.

Колку само гласно повторуваат од власта, дека државата вложува во човечки капитал, дека школува кадри какви што побарува пазарот на труд, ама очигледно само за демагогија пред народот. Кога треба да се изградат објектите на Финки и на ФФК, нема пари. Отидоа дотаму што ги скратија и претходно планираните средства за оваа намена. И не е само за овие два факултети кои се вечни потстанари, туку и генерално за високото образование. Минусирани се цели, 11,6 милиони евра наменети за функционално образование какво што заслужуваат идните академски граѓани.

Ако ништо друго власта можеше да се сети дека сега е шанса за реконструкција на студентските домови. Но, тоа за нив не е приоритет, имаат многу сопствени луксузни приоритети. И токму затоа одлучија да ги скратат парите наменети за оваа намена.

Едновремено, власта државата планира да ја „спасува" и со кратење на буџетот на Агенцијата за млади и спорт, за 900 илјади евра од спортски објекти и дополнителни 400 илјади од програмата за млади.

Почитувани граѓани, доста ни е од демагогија и манипулација со животот и перспективите на младите во Република Македонија.

Од тука и нелогичноста во глумењето на власта, дека не и е јасно кои се причините поради кои заминуваат младите од сопствената таковина.

Господа од власта, без разлика што се декларирате дека сте демократи, во чекорите кои ги преземате, немате ама баш ништо демократско. Престанете да газите по достоинството на сопствениот народ и иднината на младите.

Сергеј Попов, претседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ

76-годишна бабичка и нејзиниот 23-годишен сопруг снимаат порно видеа:Немаме цензура (ФОТО)

Има 53 години разлика помеѓу Алмеда и Гери Хардвик, но како што тврдат, тоа не е пречка за нивната љубов.

Алмеда (76) и Гери (23) се венчале во 2015 година откако се запознале на погребот на нејзиниот син Роберт, пишува The Sun.

Тие се среќни што го споделуваат својот приватен живот со следбениците на социјалните мрежи, а откако отвориле заеднички профил на „ТикТок“,започнале да снимаат порно и да продаваат еротска содржина на страницата за возрасни „ Only Fans“.

Оваа страница им овозможува на регистрираните членови да ги споделат нивните провокативни фотографии и снимки и да заработат пари на нив, а се чини дека Алмеда и Гери добро го искористиле тоа.

"Отворивме сметка и покажавме сè, без цензура. Само за една недела влеговме во топ 10 од најследените профили", напиша Гери на Твитер.

По венчавката, двојката се преселила во куќата на Алмеда и сега живеат со еден од нејзините внуци, кој е три години постар од Гери.

„Не барав момче, но Гери наиде самиот“, рече Алмеда. „Веднаш знаев дека тој е вистинскиот.

Две недели по нивниот прв состанок, Гери веднаш ја запросил по телефон и наскоро го истетовирал нејзиното име на неговите гради.

"Алмеда е млада по душа и возраста не ни е проблем. Ние дури и не размислуваме за тоа. Јас само знам дека Бог одговори на моите молитви денот кога таа влезе во мојот живот", заклучил Гери.

Португалија планира во првата фаза да вакцинира 10% од населението

Владата на Португалија денеска објави национален план за доброволно и бесплатно вакцинирање на граѓаните против коронавирус и објави дека во текот на првата фаза, која ќе започне следниот месец, ќе се вакцинираат скоро 10% од населението.

Предност ќе имаат оние над 50-годишна возраст со претходно постоечки болести, како што се васкуларни или респираторни заболувања, здравствените работници од првата линија и жителите и персоналот во домовите за стари лица.

Првата фаза на вакцинацијата треба да заврши меѓу јануари и февруари, изјави Франциско Рамос, координатор на владината работна група за вакцини. Тој додаде дека вакцините ќе се администрираат на 1.200 локации во здравствените домови низ целата земја.

Во втората фаза треба да се вакцинираат околу 2,7 милиони луѓе, пишува Ројтерс.

„Вакцинацијата е голем фактор на успех во борбата против пандемијата“, рече Рамос.

Министерката за здравство Марта Темидо рече дека Португалија купува 22 милиони дози вакцина против ковид-19 во вредност од 200 милиони евра. Властите потпишале договори со производителите на вакцини CureVac, Pfizer-BioNTech, Moderna, Johnson & Johnson, Sanofi и GSK.

Првиот човек на Барселона: би го продал Меси, ќе нема плата за фудбалерите

Привремениот претседател на Барселона, Карлес Тускетс изјави дека ќе го продадел Лионел Меси минатото лето ако можел и откри дека платите на играчите ќе бидат одложени во јануари.

Марка неодамна објави дека долговите на Барселона во јуни годинава изнесуваат дури 488 милиони евра.

Поради големите долгови, Барселона се согласи да ги намали платите на играчите и членовите на стручниот штаб на клубот, со што заштеди 122 милиони евра оваа сезона и 50 милиони евра во следните три години.

Тукетс изјави дека ќе го продадел Лионел Меси да можел, откако Аргентинецот изрази желба да го напушти клубот минатото лето.

"Гледајќи од економска страна, би го продал Меси. Кога ќе погледнете што би добиле и што би заштедиле. Ла Лига воведува ограничувања на платите", рече Тукетс.

Тој додаде дека клубот ќе доцни со исплати на платите во јануари.

"Играчите нема да добиваат плати во јануари. Тие имаат две исплати. Едната во јануари, а другата во јуни. Овој јануари нема да има исплати. Ова е одложено исто како и другите исплати," рече Тукетс.

притисни ентер