Попов: Неопходна ќе биде силна финансиска поддршка од државата - Канал 5

Попов: Неопходна ќе биде силна финансиска поддршка од државата

За тековно функционирање и предвидените проекти неопходна ќе биде силна финансиска поддршка од државата, вели академик Живко Попов.

Попов: Неопходна ќе биде силна финансиска поддршка од државата

И покрај рестриктивните решенија кои органите на МАНУ биле принудени да ги донесат поради континуираниот пад на средствата наменети за основната дејност на Академијата, таа успешно и навремено ги реализирала сите активности и настани предвидени со Програмата за работа на МАНУ за 2024 година, оцени првиот човек на МАНУ, академик Живко Попов во експозето на Редовното годишно собрание осврнувајќи се на работата во изминатата година – прва во неговиот мандат.

За 2025-та рече дека „начелно е предложена богата и обемна работна програма“ во која се планирани 75 научно-истражувачки и уметнички проекти од разни области, 36 научни собири (домашни и меѓународни) на одделенијата и истражувачките центри на МАНУ, како и обемна издавачка дејност што ќе опфати 27 периодични и 40 посебни изданија.

Во однос на работата на проекти од посебно значење и во рамки на усвоената Национална развојна стратегија, Попов посочи неколку кои ќе бидат корисни за долгорочен развој на државата, како национална стратегија за развој на енергетиката до 2050, проект за вештачка интелигенција, проект за мапирање и реонизирање на почвите во државава, проект за развој на правосудниот систем, проект за високо образование и научно-истражувачка дејност, проект за изработка на план за борба со малигни заболувања итн. Во оваа пригода претседателот на МАНУ соопшти и иницијатива за подготовка на физибилити студија за формирање нов центар на извонредност за нови технологии на МАНУ.

За да се фокусираат на реализација на плановите, Попов укажа дека се потребни капитални инвестиции, поголем буџет и нови вработувања во админстративната служба.

Оваа година ќе се изработи проект за комплетна реконструкција на објектот на МАНУ кој е изграден во 1976 година. Како што рече, кадровската неекипираност настаната десетина и повеќе години наназад „бара неодложни вработувања за пополнување на испразнети места во клучни сектори – најмалку 10 вработени во административните служби“, за што е поднесено барање до Министерството за финансии.

-За предвидените проекти, тековното функционирање, капиталните инвестиции развојот на Академијата, науката и друго, неопходна ќе биде силна финансиска поддршка од државата. Во моментот, со новиот буџет за 2025 година состојбата за основната дејност на МАНУ е коригирана, но ние со аргументирана упорност и ентузијазам ќе продолжиме да преговараме со надлежните финансиски институции на државата со цел да добиеме буџет повисок во сите стапки, кој, меѓу другото, ќе овозможи повисоки лични доходи за вработените во Академијата кои доликуваат на МАНУ, како и соодветни државни награди на академиците кои моментално се најниски во регионот. И, што е најважно, нам ни е потребен значајно посилен фонд за научно-истражувачка и уметничка дејност, како и за издавачката дејност која е интегрален дел на основната дејност на МАНУ, истакна Попов.

Во обраќањето тој соопшти дека 2025-та е изборна година на МАНУ и ќе биде објавен конкурс за нови членови, нагласувајќи дека Академијата е отворена за сите граѓани кои „ги исполнуваат високите научни и уметнички критериуми за членство во неа, без оглед на нивната етничка, верска и каква било друга припадност“.

-Како и досега, така и во овој изборен циклус, МАНУ ќе се залага да го зајакне својот мултиетнички карактер и присуството на заедниците во нејзините редови. Затоа ги охрабруваме заинтересираните кандидати од сите етнички заедници и ги повикуваме сите овластени предлагачи, рече академик Попов во обраќањето на Редовното годишно собрание на МАНУ.

Серена Вилијамс: Доколку јас бев на местото на Синер ќе ме казнеа 20 години

„Го сакам тој човек, ја сакам оваа игра“, изјави за магазинот Тајм легендарната Вилијамс.

Серена Вилијамс: Доколку јас бев на местото на Синер ќе ме казнеа 20 години

Легендарната американска тенисерка Серена Вилијамс рече дека сигурно би добила 20 годишна суспензија и одземање на сите освоени грен слем титули доколку би била позитивна на допинг тест како во случајот со светскиот рекет број еден Јаник Синер минатата година.

Синер прифати тримесечна забрана во февруари по договорот со Светската антидопинг агенција, која ја оспори одлуката на независен суд да го ослободи од вината по двата позитивни теста за анаболниот агенс клостебол.

„Го сакам тој човек, ја сакам оваа игра“, изјави за магазинот Тајм легендарната Вилијамс, која се пензионираше во 2022 година откако освои 23 грен слем трофеи.

„Синер е одличен за овој спорт, потребен му е на машкиот тенис. Но, да го направев тоа јас, ќе добиев 20-годишна казна“, додаде таа.

Синер, чија забрана истекува на 4 мај, отсекогаш тврди дека е виновен, иако неговиот случај иницира прашања за тоа дали добил повластен третман од спортските федерации./МИА

Медиуми: Анчелоти го напушта Реал, ќе биде селектор на Бразил

 Се очекува тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти да ја напушти клупата на шпанскиот гигант по финалето на Купот на кралот, што ќе се одигра на 26 април против Барселона во Севиља, дознава „Скај Спорт“.

Медиуми: Анчелоти го напушта Реал, ќе биде селектор на Бразил

Анчелоти дополнително ги подгреа сомнежите околу неговата иднина во Реал вчерашната елиминација од Арсенал во четвртфиналето во Лигата на шампиони.

Според „Скај Спорт“, 65-годишниот италијански стратег ќе остане на клупата на Реал до финалето на домашниот Куп, но се очекува потоа да го напушти клубот.

Анчелоти сè почесто се споменува и како најсериозен кандидат за нов селектор на Бразил, а оваа вест би можела и официјално да биде потврдена пред крајот на сезоната.

Фото: ЕПА

Нетанјаху: Израел нема да дозволи Иран да развие нуклеарно оружје

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел нема да дозволи Иран да развие нуклеарно оружје, прецизирајќи дека извршил безброј „отворени и прикриени“ акции кои ја уназадиле иранската нуклеарна програма за „речиси една деценија“.

Нетанјаху: Израел нема да дозволи Иран да развие нуклеарно оружје

Ова е прва изјава на Нетанјаху за Иран откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги почна преговорите со Техеран во обид да склучи нов ирански нуклеарен договор.

- Како што многупати изјави премиерот – Израел нема да дозволи Иран да се здобие со нуклеарно оружје, се вели во соопштението од кабинетот на Нетанјаху.

- Премиерот предводеше безброј акции, отворени и прикриени, во борбата против иранската нуклеарна програма, без која Иран денес би имал нуклеарен арсенал. Тие акции ја вратија иранската нуклеарна програма речиси една деценија назад, се додава во соопштението.

Западните земји, предводени од САД, се сомневаат дека Иран сака да се здобие со нуклеарно оружје. Техеран ги отфрла тие обвинувања и го брани правото на нуклеарна енергија за цивилни цели, особено за енергија.

Иран и САД, кои немаат дипломатски односи од 1980 година, минатата сабота ги одржаа првите разговори, со посредство на властите во Оман, за иранската нуклеарна програма.

Втората средба на официјалните претставници на двете земји е закажана за в сабота во Рим./МИА

притисни ентер