Попоски: Пратениците европските вредности ги заменија со ситни лични цели!

Еден пријател, европратеник вели: „Најголема опасност за ЕУ е тие кои ја претставуваат, да заборават на вистинската цел и вредностите зад кои стои Унијата, а да ги заменат со ситни лични цели“. Ова на фејбук го објави министерот Никола Попоски.


Пратеник во Европскиот парламент се загрижи само за правата на Бугарите во Албанија.Имал избор да се заложи за вистинските вредности на Унијата. Неселективно. Ќе и помогнел на Албанија да се приближи до европските вредности и да ги унапреди човековите права. Но, немало да се испушти никако дека таму има Македонци, Грци, Власи, Срби, Роми... Кои се самосвесни.

Ова можат да го надминат ако сакаат. Тоа ќе биде за нив, за Албанија, за сите заедници таму и над се, за ЕУ. И сигурно ќе биде покорисно од домашна политичка реклама - вели попоски, како реакција на аманманите на бугарските европратеници Ковачев и Џамбаски.
притисни ентер