Поплави во Индонезија, стотици раселени, има загинати и исчезнати

Најмалку 16 лица загинале, а неколку стотици се раселени од своите домови заради лизгање на земјиштето и поплавите кои го погодија островот Сулавеси во Индонезија.

Спасувачите се уште трагаат по 23 исчезнати после поплавите кои ја погодија областа Северен Лубу, во Јужен Сулавеси.

На снимките од терен се гледаат оштетени куќи преплавени со густа кал, додека пистата на локалниот аеродром е исто така прекриена со кал и остатоци од отпад, пренесе „АП“.

Во изминатите неколку денови, заради обилните дождови се прелеале три околни реки, предизвикувајќи евакуација на преку 650 луѓе, наведуваат локалните власти.

ООН: Најмалку 180 загинати ,околу 6000 повредени и најмалку 30 исчезнати по експлозијата во Бејрут

Бројот на  смртни случаи  во стравичната експлозија во Бејрут порасна на 180 луѓе а се проценува дека околу шест илјади се повредени а најмалку 30 се водат како исчезнати , соопштија денеска Обединетите нации.

Експлозијата оштети шест болници и повеќе од 20 клиники во деловите од Бејрут кои беа најтешко погодени , наведоа Обединетите нации во денеска објавениот зивештај..

Во Србија на тромеѓето со Македонија и Бугарија откриена златна жила со 19 тони злато

Во истражувањето на минералното богатство наречено проект Тламино, Медголд пронашол и слој на руда од 40 метри, во кој има 8,32 грама злато на тон и скоро неверојатни 193 грама на тон сребро.

Канадската истражувачка компанија „Медголд ресурси" навести дека во јужна Србија, на границата со Македонија и Бугарија, во рамките на проектот наречен „Тламино", открила прелиминарни резерви од околу седум милиони тони руда, со околу 680.000 унци, или близу 19,3 тони злато, во вредност од нешто повеќе од милијарда долари, јави дописникот на МИА од Белград.

Тие најавија изработка на прелиминарна физибилити студија, која треба да ги потврди овие резултати.

Со проектот „Тламино", како што е утврдено, содржината на злато на тоа место, во просек, е околу три грама на тон. На пример, лежиштата со грам злато на тон, доколку се придружени со соодветни количини руда, се сметаат за профитабилни.

Прелиминарните студии за изводливост, како и дополнителни металуршки студии ќе ги изработуваат компании од Велика Британија, бидејќи постојат сериозни индикации дека на тоа место постои далеку поголемо количество од тој скапоцен метал.

Во истражувањето на минералното богатство наречено проект Тламино, Медголд пронашол и слој на руда од 40 метри, во кој има 8,32 грама злато на тон и скоро неверојатни 193 грама на тон сребро.

Во исто време, канадската геолошка компанија Тедијан која трага за лежишта на метална руда во Србија, Бугарија и Косово објави дека постигнала договор за купување на српската геолошка компанија ЕФПП, која поседува права за истражување на местата Кижевак и Саставци, во околината на Рашка, каде порано се наоѓале рудници за сребро и цинк, објавија „Вечерни Новости".

Белгиската полиција уапси лице кое се вратило од патување во Македонија и не ги почитувало санитарните прописи

-Лицето беше веднаш уапсено и ставено во карантин, соопшти градоначалникот Верле Баејенс.

Белгиската полиција уапсила еден вработен во фирма од Хаалтерт, кој бил во посета на Македонија и се вратил на работа без да ги почитува санитарните прописи за Ковид -19 кои се во сила во Белгија, јави дописникот на МИА.

-Лицето беше веднаш уапсено и ставено во карантин, соопшти градоначалникот Верле Баејенс.

Според градоначалникот на Хаалтерт, работникот не го пополнил формуларот по неговото враќање од Македонија која е во црвената зона на Ковид-19, и не ја почитувал обврската да се стави во задолжителен карантин. Постапката на полицијата според него е брза и соодветна.

-Лицето беше тестирано и резултатите ќе бидат познати во текот на денот. Во зависност од нив, ќе бидат преземени и мерки во претпријатието, додаде градоначалникот.

Преторијатието и вработените беа информирани за настанот, а несовесниот работник, ризикува и парична казна за непочитување на мерките против Ковид-19.

притисни ентер