Попладнево протести во шест градови против покачувањето на струјата

Скопје, Тетово, Гостивар, Струга, Дебар и Кичево денеска излегуваат на протест против поскапувањето на струјата. 

Се бара поништување на одлуката за повисоки сметки, поевтинување на струјата за 46%, распуштање на Регулаторната комисија за енергетика, намалување на ДДВ-то од 18 на 5%....

Претходно, првиот човек на Регулаторна, Марко Бислимовски истакна дека поскапување ќе има, бидејќи во спротивно енергетските компании би работеле со загуба, а доколку тие се откажат од предлогот за покачување на сметките и работат со повисоки трошоци, одлуката ќе се поништи. Таква најава нема. Тој предложи и Владата да амортизира дел од ударот, а неговиот став денеска го поддржаа и од Секретаријатот на Енергетската заедница.

„Интерес и обврска на Владата е да обезбеди заштита на потрошувачите и да ги разгледа можностите да се намали ударот од зголемената цена на електрична енергија за граѓаните кои се директно погодени од корона кризата. Треба да се разгледа можност да се воведе привремена мерка која ќе значи проширување на опфатот на лица кои ќе влезат во групата за субвенционирање на сметки со вклучување на граѓани кои се директно економски погодени од здравствената криза, на пример оние граѓани кои имаат останато без примања.“– Јанез Копач – директор на Секретаријатот на Енергетска заедница.

Копач додаде и дека поскапата струја нема да влијае на покачувањето на цените на производите.

Со ваквиот став не се согласуваат синдикатите. Од ССМ неодамна соопштија дека товарот ќе падне врз обичните граѓани и побараа од Економско-социјалниот совет да ги покачи линеарно платите и пензиите исто така за 7,4%. Нивните барања до моментов не се исполнети, а в понеделник ќе се сретнат со Бислимовски, каде неофицијално, ќе побараат замрзнување на одлуката до крај на епидемијата.

Од ЕЛЕМ и ЕВН нема најави за повлекување на барањето за поскапа струја, а токму пред подружниците на ЕВН се очекува да завршат дел од протестните маршеви. Две возила на компанијата вчеравечер во Тетово беа запалени, полицијата експресно го пронајде сторителот, а од ЕВН велат дека ќе преземат мерки за заштита на вработените и имотот.

Љубе Бошкоски е примен на Инфективната клиника, му се влошила состојбата со коронавирусот

Поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски попладнево е примен на Инфективната клиника откако неговата состојба поради коронавирусот се влошила.

Неговата состојба во овој момент е комплицирана, јавуваат медиумите ,но подетални информации до овој момент нема.

Бошкоски беше дијагностициран со ковид-19 минатата недела.Тој самиот пред неколку дена изјави дека му бил дијагностивиран Ковид-19 , но дека се чувствува добро и е во самоизолација во родниот Челопек.

Пукотници во Призрен, убиен напаѓачот кој пукал кон полицајците

Косовската полиција вечерва објави дека во Призрен напаѓачот пукал кон полицајците кои одговориле со огнено оружје во самоодбрана.

Во соопштението, косовската полиција наведува дека нивните припадници вечерва во Призрен го пронашле осомничениот Б.Ш., со прекар „Слепи“, за кого е распишана потерница за делото „убиство во обид“.

Во моментот кога ја забележал полициската патрола, осомничениот започнал да пука кон полицајците, кои биле принудени да одговорат со огнено оружје во самоодбрана, се вели во полициското соопштение.

На осомничениот, кој бил повреден при размената на оган, му била укажана лекарска помош и бил испратен на лекување во болница.Сепак, надлежните лекари потврдиле дека лицето починало, се додава во соопштението.

На местото на настанот е пронајдено оружје, со кое осомничениот пукал кон полицајците, како и две рачни бомби.

Форд од 80-тите е најскапиот караван на светот(ФОТО)

Тргувањето со стари автомобили е денес многу профитабилна работа, особено кога станува збор за егзотични примероци на класиците од минатиот век.

Овој Форд не припаѓа скоро никаде. Тоа е издолжено возило, типично за американскиот пазар,што ја дели основата со тогашниот Мустанг. Готовиот производ е апсолутно неинтересен во однос на технологијата. Се напојува со 3.8 V6 мотор , а овој модел има 150.000 километри поминато зад себе.

Сето ова вели дека автомобилот ќе биде тешко да го смени сопственикот, дури ни за неколку илјади евра, а камоли за 1.999.999 евра, колку што бара сегашниот сопственик. Неговата самодоверба произлегува од фактот дека тој е единствен, барем кога станува збор за изгледот. Автомобилот е насликан во 1996 година од танзанискиот уметник Џорџ Лиланг.

Според огласот објавен на mobile.de, Лиланг го насликал автомобилот за време на изложбата во Фирт, Германија, кога сопственик на хотел му понудил бесплатно сместување доколку го наслика автомобилот и го претворил во уметничко дело.

Друг уметник, Пони Јенги, помогнал во креирањето на новата надворешност, украсувајќи ги предните и задните делови на возилото, додека остатокот го направил Лиланг.

Без сомнение, безличниот караван станал уметничко дело и единственото прашање е дали вреди толку многу.

притисни ентер