Пописот ќе се спроведе безбедно и не постои шанса за ширење на вирусот, порачаа надлежните

Се е подготвено за почеток на пописот на населението и објектите кој стартува утре. 

Пописот ќе се спроведе безбедно и не постои шанса за ширење на вирусот, порачаа надлежните

Пописот ќе се спроведе безбедно со почитување на здравствените протоколи и не постои никаква шанса за ширење на вирусот, порачаа надлежните на денешната прес-конференција.

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски соопшти дека институциите се подготвени за најголемата статистичка операција во земјава која не е спроведена речиси 20 години и ги повика граѓаните да ги примат попишувачите.

– После речиси 20 години, премежја, опструкции и одоговлекувања конечно сме на прагот да започнеме со теренската работа и со собирањето на потребите податоци. Сите подготовки се завршени. Комисите на пописните регони заедно со нашите државни инструктори успешно ги завршија обуките на реонските инструктори и попишувачи и денеска се излезени на терен во обиколка на своите пописни кругови, истакна Симовски.

Министерот за правда Бојан Маричиќ порача дека пописот ќе се спроведе безбедно и оти попишувачите се обврзани доследно да ги почитуваат протоколите.

– Попишувањето ќе се спроведе безбедно, почитувајќи ги здравствените протоколи, а попишувачите се обврзани доследно да ги применуваат. Не постои никаква шанса за ширење на заразата. Попишувањето ќе биде безбедно, со најдобра технологија, брзо и ефикасно и инклузивно на сите јазици кои се говорат во РМ. Никој да не биде изоставен и сите да земат учество за да ја добиеме реалната слика, нагласи Маричиќ.

Истакна дека пописот е неоходен за да може да се добијат да се добијат точни информации за населението и за објектите кои се клучни во креирањето на идните политики во земјава.

– Пописот е натпартиска статистичка операција и задоволен сум што сите релевантни поголеми политички партии го поддржаа. Пописот е потребен пред се за да се создадат услови граѓаните да живеат поубаво. Ова го правиме за нив, рече Маричиќ.

Надлежните на денешната прес-конференција порачаа дека се вложени огромни напори да се организира пописот и оти сега останува на граѓаните заеднички да помогнат да се реализира оваа статистичка операција.

Европската Унија подготвува економска одмазда: Трамп ќе збесне, ако дојде до тоа

Европската унија подготвува одговор на новите царини за увоз на автомобили што ги објави американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти Европската комисија (ЕК).

Европската Унија подготвува економска одмазда: Трамп ќе збесне, ако дојде до тоа

Портпаролот на ЕК, Олоф Гил, изјави за новинарите дека ЕУ жали што новите американски царини за земјите-членки на ЕУ ќе стапат на сила следната недела, нагласувајќи дека Брисел се подготвува за тоа, пренесе Ројтерс.

Гил изјави дека не може да даде точен датум кога ЕУ ќе воведе реципрочни царини против САД, но рече дека може да даде гаранции дека одговорот ќе биде навремен и силен и дека ќе ги постигне предвидените ефекти.

Велика Британија не сака да ја ескалира трговската војна со САД, изјави британската министерка за финансии Рејчел Ривс, додека Франција и Германија бараат силен одговор на Европската унија на новите американски царини што ја погодија европската автомобилска индустрија.

„Трговските војни не се добри за никого. Во моментов не сме во позиција да преземеме мерки кои би можеле да доведат до ескалација“, изјави Ривс за Sky News, одговарајќи на прашањето дали Британија ќе воведе реципрочни царини против САД.

Од друга страна, германскиот министер за економија Роберт Хабер оцени дека воведувањето царини за увозните автомобили, што Трамп го најави во средата, бара одлучен одговор од ЕУ.

Францускиот министер за финансии Ерик Ломбард рече дека се надева дека ќе разговара за пониски царини со САД „што е можно поскоро“.

Трамп во средата објави царини од 25 отсто за увезените возила, што ескалирајќи ја глобалната трговска војна и предизвикувајќи критики и закани за реципрочни мерки од засегнатите сојузници на САД, објави Ројтерс.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен го опиша потегот како „лош за бизнисите, полош за потрошувачите“.

Фон дер Лајен рече дека ЕУ ќе продолжи да бара решенија преку преговори, истовремено зачувувајќи ги своите економски интереси.

Никола Јокиќ се врати по повредата со трипл – дабл

Кошаркарите на Денвер синоќа на домашен терен го совладаа Милвоки со 127:117 и со тоа го забележаа 46. сезонава во НБА лигата.

Никола Јокиќ се врати по повредата со трипл – дабл

Најефикасен во тимот на Денвер беше српскиот репрезентативец Никола Јокиќ, кој во првиот натпревар откако се врати на паркетот по повредата забележа трипл-дабл со 39 поени, 10 скокови и 10 асистенции. Српскиот центар ги пропушти претходните пет натпревари на Денвер поради повреда на зглобот.

Во редовите на Милвоки поради повреда отсуствуваа Јанис Антетокумпо и Демијан Лилард.

Денвер е трет во Западната конференција со 46 победи и 28 порази, додека Милвоки е шести на Истокот со 40 победи и 32 порази. /МИА

Брачна двојка од Јапонија сe депортирани поради скандалозно однесување на Кинескиот ѕид

Маж и жена од Јапонија биле уапсени и депортирани од Кина поради „скандалозно однесување“ за време на нивната посета на Кинескиот ѕид.

Брачна двојка од Јапонија сe депортирани поради скандалозно однесување на Кинескиот ѕид

Сѐ почнало невино, или барем засегнатите така мислеле, кога сопругот решил да се пошегува па го покажал задникот додека жената го фотографирала на Кинескиот ѕид. Меѓутоа, тој чин, којшто според кинеските закони се смета за „навреда на јавната пристојност“, предизвика бес и доведе до брза депортација на прекршителите, истакнувајќи го судирот на културните норми меѓу Јапонија и Кина, пишуваат кинеските медиуми.

По инцидентот, обезбедувањето на историскиот споменик веднаш реагирало и ги приведе мажот и жената. Поради нивните постапки, тие биле уапсени и две недели биле в затвор пред депортацијата во Јапонија.

Јапонското Министерство за надворешни работи потврди дека туристите „на крајот биле ослободени и вратени во Јапонија“ и оти тоа се случило во јануари, иако веста е објавена сега.

За време на нивниот разговор со дипломатите и надлежните кинески власти, ослободените се правдале дека тоа било шега. Но, нивното објаснување не ја намалува сериозноста на културниот престап и прекршувањето на законските прописи во Кина.

притисни ентер