Помпео во Берлин остро ги нападна Русија и Кина

Американскиот министер за надворешни работи, Мајк Помпео остро ги критикуваше Кина и Русија за време на говорот по повод одбележувањето на 30-годишнината од падот на Берлинскиот Ѕид.

„Русија, предводена од поранешен офицер на КГБ некогаш стациониран во Дрезден, ги напаѓа соседните земји и ги ликвидира своите политички противници“, рече денеска Мајк Помпео во говорот во Фондацијата Коербер, алудирајќи на поранешната шпионска активност на рускиот претседател Владимир Путин.

Американскиот министер за надворешни работи ја спореди позицијата на Кина и Русија со онаа во поранешна Источна Германија, велејќи дека тоа се „режими за кои падот на Ѕидот е предупредување исполнето со страв, а не причина за славење“.

„Руските власти го окупираа Крим со помош на рации и тортура. Во Чеченија, секој што е прогласен за непожелен од властите, исчезнува“, рече Помпео.

Во исто време, тој повторно предупреди за опасноста од изградба на гасоводот Северен тек II.

„Не сакаме европското снабдување со енергија да зависи од волјата на Владимир Путин“, рече Помпео.

Коментирајќи за Кина, Помпео рече дека властите во Кина вршат притисок врз нивните граѓани, што „шокантно“ наликува на методите што ги користеше поранешниот ГДР.

„Комунистичката партија на Кина ги вознемирува и ги следи активистите од Ксинџијанг и Хонг Конг кои бегаат во егзил во Европа“, рече Помпео.

Тој исто така предупреди дека кинеската група Huawei нема да смее да учествува во изградбата на мобилната мрежа 5G.

Помпео, по повод одбележување на 30-годишнината од падот на Ѕидот, повика на заедничка борба на САД и партнерите во одбрана на човековите права.

Помпео, кој учествува во одбележување на 30-годишнината од падот на Берлинскиот Ѕид, во текот на денот е предвидено да се сретне и со германската канцеларка Ангела Меркел.

Гризман се враќа на тренинзите во Атлетико Мадрид

Напаѓачот Антоан Гризман се врати на тренинзите со Атлетико Мадрид, објави „Marca“.

Триесет и двегодишниот Французин поради повреда ги пропушти мартовските натпревари на неговата репрезентација. За прв пат по 2017 година Гризман не играше за „триколорите“.

Оваа сезона Гризман одигра 38 натпревари на кои постигна 19 голови и имаше 7 асистенции.

Договорот на Французинот со Атлетико Мадрид е до крајот на јуни 2026 година.

Вулканот Ибу во централна Индонезија повторно исфрли пепел во висина од два километри

 Повторно е регистрирана ерупција на вулканот Ибу во провинцијата Северно Малуку во централна Индонезија, јавија индонезиските медиуми.

Вулканот исфрли пепел во висина околу два километри. Претходната ерупција беше на 26 март.

Локалните власти им забранија на жителите од регионот да се приближуваат до кратерот на растојание помало од два километри и ги повикаа луѓето да носат заштитни маски за да спречат респираторни заболувања.

Индонезискиот архипелаг, кој е најголем во светот, се состои од 18 илјади острови. Се наоѓа во таканаречениот огнен прстен на Пацификот, па во регионот е забележана силна сеизмичка активност. Во Индонезија има повеќе од 500 вулкани, од кои 130 се активни.

Американската централна банка потврди рекордна загуба

Американската централна банка потврди дека минатата година ја завршила со рекордна загуба од 114,3 милијарди долари, со повеќекратно повисок трошок на каматите на депозитите на комерцијалните банки.

Во 2022 година, Федералните резерви (ФЕД) работеа со нето добивка од 58,8 милијарди долари.

Деловниот извештај за минатата година го отсликува влијанието на зголемените основни каматни стапки, од нула на важечките 5,25 до 5,5 отсто, со цел да се спречи инфлацијата.

ФЕД почна агресивно да ги зголемува во пролетта 2022 година, што значи дека им исплатува камата на депозитите на банките, паричните фондови и другите финансиски компании.

Минатата година им биле исплатени 176,8 милијарди долари, во споредба со 60,4 милијарди долари во 2022 година, според ревидираните податоци.

Исплатата на каматите од обратните репо операции се зголемија од 41,9 милијарди долари на 104,3 милијарди долари.

Приходите на ФЕД од купените обврзници останаа повеќе или помалку на нивото од 2022 година и изнесуваа 163,8 милијарди американски долари.

притисни ентер