Помпео најави санкции за ирачки функционери

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска изјави дека САД се подготвени да воведат санкции за ирачките функционери кои ја ограбија државата и кон оние што се одговорни за смртта на демонстрантите.

„Нема да застанеме додека ирачките власти прават народот да страда“,рече Помпео пред новинарите на прес конференцијата во Стејт департментот, пренесува Ројтерс.

Помпео изјави дека САД ќе го користат правниот орган за санкционирање на корумпираните лица и оние кои повредуваат и убиваат мирни демонстранти.

Пензионерите и корисниците на социјална помош најзаинтересирани што по пропаста на банката

И денеска дворовите на Еуростандард банка ги посетуваат дел од нејзините коминтенти. 

Претежно пензионери и корисници на некои од социјалните трансфери со низа прашалници за тоа каде од идниот месец и на кој начин ќе ги добиваат своите средства.

Повеќе за ова од Катерина Капкоска. Што треба да направат овие луѓе за да немаат застој во исплатата?

Низа нејаснотии лебдат во воздух по затворањето на Еуростандард банка за граѓаните кои ги користеа нејзините услуги.

Се жалат дека не можат да се префрлат во друга банка бидејќи им бараат исписница од ЕУРОСТАНДАРД.

Канал 5 и денеска пред вратите на Еуростандард можеше да забележи граѓани кои доаѓаа по одговори. Повеќето не сакаа да зборуваат, но се жалат дека останале затечени и не знаат каде да се обратат. Меѓунив и овој пензионер.

Од Народната банка потврдија дека граѓаните се соочиле со проблем, но уверуваат дека тој е веќе надминат, и нема повеќепотреба да приложуваат дополнителни документи.

Директорот на Фондот за пензиско Шаип Зинели, за Канал 5 вели дека пензионерите кои своите пензии ги земале од Еуростандард, немаат обврска да одат во ПИОМ или да поднесуваат дополнителни документи. Објаснува дека единствено треба да си отворат сметка во друга банка, и самата таа ќе го извести Фондот.

Пензионерите имаат рок до 21-ви месецов, да одберат друга банка.

Додека пак корисниците на социјална помош, детска заштита и згрижувачките семејства, најдоцна до 25ти месецов треба да користат, односно отворат трансакциска сметка во друга банка, но немаат потреба да одат во центрите за социјална работа за да земат социјален број, но задолжително треба да гоизвестатвработеното лице во банката дека добиваат прилив по овој основ.

Истокот и западот во „војна“ која вакцина против корона ќе биде поефикасна

Истокот и западот во „ војна“ за тоа која би била поефикасна вакцина против коронавирусот. 

Додека Светската здравствена организација ја оспорува руската вакцина велејќи дека истата не е меѓу деветте што се во напредни фази на тестирање, дваесетина земји веќе бараат да ја купат.

Познато е и кој е првиот човек од Балканот кој ќе прими доза „Спутник“. Станува збор за раководител на катедра во руски универзитет, лекар специјалист од Црна Гора, кој е сигурен дека вакцината е безбедна.

-Апсолутно е безбедна, направени се истражувања врз животни, култури, мајмуни. Откако резултатите се потврдија како позитивни, се мина на истражување врз луѓе, а според руските закони вакцината може да се регистрира, а дури потоа да се спроведе третата фаза, односно, тестирање на 2000 заболени. Засега, не постои повод за сомнеж дека оваа вакцина не е ефикасна или има некои несакани последици.Јас ќе се вакцинирам со сигурност, на почетокот на октомври, како здравствен работник треба да ја добијам оваа вакцина. А со антителата кои ќе ги добијам преку неа мирно ќе можам да дојдам во Црна Гора, вели д-р Сергеј Болјевиќ - Раководител на катедра при Универзитетот „Сеченов“.

Додека на Балканот се поприсутни се изјавите на лекарите што сметаат дека руската вакцина е добра, бројни се сомнежите изразени од експерти од САД за ефикасноста на „Спутник“

-Кога ќе слушнете информации за развој на вакцина во Русија и Кина, секогаш мора да знаете дека во тие земји безбедносните стандарди се разликуваат од тие во Соединетите Американски Држави,изјави Ентони Фаучи - Епидемиолог.

Во меѓувреме, Европската комисија објави дека резервирала до 400 милиони дози на потенцијална вакцина против коронавирус, којашто ја развива американската корпорација „Џонсон и Џонсон“. Пристап до вакцината кога ќе завршат целосните истражувања, ќе имаат земјите членки на ЕУ.

Македонија е дел во Ковакс-механизмот со кој треба да се обезбеди рамноправен пристап до безбедни и ефективни вакцини, во сите земји што се дел од овој проект. Според македонското министерство за здравство, кога цел свет ќе има пристап до вакцина, ќе имаме и ние.

Дваесет новозаболени со Ковид-19 во тетовскиот регион

 На подрачјето на шесте тетовски општини Центарот за јавно здравје од Тетово денеска регистрира 20 нови случаи со Ковид-19. И натаму општина Тетово има најмногу позитивни случаи.

-Општина Тетово денес има 12 нови случаи, во населените места на Општина Јегуновце има пет, двајца во Општина Брвеница и еден во рамки на Боговиње, изјави д-р Зорица Зафировска, специјализант по епидемиологија при Центар за јавно здравје Тетово

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово, за неносење заштитни маски 36 лица добиле прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба.

притисни ентер