Полуголи девојки протестираа во музеј во Париз (ВИДЕО)

Феминистките од движењето Фемен Франс протестираа топлес во музејот Д’Орсеј поради фактот дека чуварите на музејот пред неколку дена не и дозволиле на студентка да влезе во музејот во блуза со деколте.

Активистките скандираа дека нивните гради не се срамни и напишаа слични пароли на нивните гради. Тие сакаат женското тело да престане да се сексуализира и жените да престанат да бидат дискриминирани.

Инаку, студентката и една нејзина пријателка оделе на изложба во музејот Орсеј, кога, како што тврди таа, била запрена на влезот од вработен во музејот, кој зјапал во нејзиното деколте и рекол: „Нема да поминеш така, не може“.

"Моето деколте беше проблем, тие не престанаа да зјапаат во моите гради. Стоев пред група луѓе кои ми судеа за мојот изглед", вели студентката,

Таа вели дека носела јакна за да избегне понатамошни проблеми и додаде дека се чувствувала понижено и дискриминирано.

СДСМ: Владата им помага на граѓаните и стопанството со 550 милиони евра, следува четвртиот пакет мерки

Владата предводена од СДСМ, по избувнувањето на пандемијата, реагираше веднаш со три сета, навремени и сеопфатни антикризни мерки, кои на стопанството и на граѓаните им обезбедуваат поддршка при справување со кризата.

При креирањето на трите пакети мерки, за чија реализација се резервирани околу 550 милиони евра или 5,5% од БДП, владата се водеше по начелото на социјална правда и солидарност, а така ќе продолжи и четвртиот сет на мерки за уште поголема поддршка на граѓаните и компаниите.

Како дел од третиот пакет мерки 87 компании, кои планираат да реализираат проекти во вкупна вредност од околу 3 милиони евра, се избрани во финалната селекција од повикот за ко-финансирани грантови за брзо прилагодување од КОВИД-19.

Со оваа мерка се обезбедува финансисика подршка за технолошки развој на претпријатијата и приватните здравствени установи за надминување на последиците од КОВИД–19 , со цел претпријатијата, да воведат нови методи и технологии во своето работење, како и мерки за заштита на здравјето на вработените и клиентите, за да можат да одржат задоволително ниво на продуктивност, генерирање на приходи преку нови канали на продажба, воведување на нови производи или услуги.

Во рамките на мерките за помош за стопанството, со бескаматната кредитна линија КОВИД-1, преку Развојната банка, во стопанството се вбризгани свежи финансиски средства од 5 милиони евра на 737 компании, кои вработуваат 6.509 лица, од најпогодените сектори: туризмот, угостителството и транспортот на патници.

Развојната банка пласираше и кредитна линија КОВИД-2 во износ од 8 милиони евра, која беше наменета за сите дејности. Преку оваа кредитна линија, вкупно се одобрени 639 кредитни апликации на домашни компании кои вработуваат 11.325 лица.

Компаниите од овие сектори, но и сите други кои бележеа загуби ја искористија поддршката за исплата на минималната плата од 14.500 денари по вработен, при што просечно во трите најкритични месеци, април/мај/јуни беа поддржани околу 20.000 компании со околу 120.000 вработени.

Како дел од третиот сет на мерки беа и платежните картички за невработени лица, лица со ниски приходи и учениците и студентите, како и ваучерите за туризам, кои директно влијаеа на зголемување на приватната потрошувачка и помош и заживување на најпогодените сектори – угостителството и туризмот.

Вкупно беа подигнати 309.000 картички во вредност од 26.8 милиони евра. Дополнително, 117.000 граѓани добија ваучери за туризам во вкупна вредност од околу 12 милиони евра со цел да се поддржи домашниот туризам.

Мерките од третиот пакет сеуште се спроведуваат и нивната цел е да се зачуваат работните места на граѓаните, да обезбедат дополнителен развој, да им помогнат на компаниите да се вратат на патеките на раст и проширување на нивните капацитети.

Граѓаните и стопанството се и остануваат во фокусот на поддршката на Владата предводена од СДСМ.

Центар за комуникации, СДСМ

Дневен хороскоп за 20.септември 2020 година

Дневен хороскоп за недела, 20.септември 2020 година. 

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе ги свртите низ главата малите грижи.Битно е да не се внесете во нив. Минатото е минато и тука не може ништо да направите.

Кариера

На повеќето денеска нема да им се работи, но ако веќе мора, набрзина ќе го сработите неопходното и ќе настојувате да избегате дома.

Здравје и совет

Искористете го вашиот хумор.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Можно е надворешни влијанија да ве оттргнат од вашите сништа и фантазии. Ќе треба работите реално да ги согледате.

Кариера

Со почитување на другите, денеска ќе постигнете добри резултати. Со наметнување на своите ставови може само да си наштетите.

Здравје и совет

Одберете здрав живот.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе ја прифатите реалноста и ќе ја градите својата врска најдобро што можете. Сега дури гледате колку ве сака партнерот.

Кариера

Додека ја работите секојдневната работа, вие се повеќе во главата го вртите филмот за некои нови идеи со кои би се унапредила работата.

Здравје и совет

Добро е што размислувате.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Денеска лесно ќе влегувате како во својата така и во туѓата потсвест , па бргу и вешто ќе го прочитате партнерот.

Кариера

Ќе ја затворите вратата за неиздржани мисли и дела , па ќе се концентрирате на она што може да се исполни.

Здравје и совет

Можен е незаборавен сон.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Не сте сигурни дали да попуштите пред некои барања на партнерот. Добро ќе размислувате , зашто нема да знаете што да направите.

Кариера

денеска во работењето максимално ќе ја користите интуицијата. Ќе има и такви кои ќе ги анализираат своите соништа во разговор со колегите.

Здравје и совет

Внимавајте на настинки.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Денеска е одличен ден за романтична вечера со свеќи. Ќе бидете нежни , а вашите кулинарски способности ќе излезат на виделина.

Кариера

Во услужните дејности денеска ќе дојде до остварување на еден долго подготвуван проект.

Здравје и совет

Некои се решија да стават крај на лошите навики.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Пред вас е ден полн со инспирација за заљубување,можности за пријатни средби , дружења за кои долго сте сонувале.

Кариера

Ќе бидете енергични и подготвени да ги решавате и најголемите проблеми. Ништо нема да ви биде тешко , а на уморот ќе одговарате со хумор.

Здравје и совет

Подобрување.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Вашето слободно време денеска ќе биде окупирано од пријателите. Може да им ги доверите своите љубовни грижи.

Кариера

Некои ќе се затекнат во ситуација да бидат протежирани или ќе добијат понуда што ќе им го направи денот убав.

Здравје и совет

Бидете професионални.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

И денеска ќе бидете поврзани со друштвото и пријателите повеќе отколку со саканата личност. Во врската моментално сте на дистанца.

Кариера

Немојте да се залажувате дека сте го постигнале максимумот , зашто не сте ни блиску до него. Треба уште многу труд и вложување во себе.

Здравје и совет

Бидете реални.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Оние кои бараат сродна душа , нека обрнат внимание на личностите што ги среќаваат на работното место . Има таму некој што го привлекувате.

Кариера

Некои колеги денеска ќе се чувствуваат лошо и запоставено, па можеби вие ќе им дадетеутеха.

Здравје и совет

Подобро сте од повеќето , па помогнете им.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Продолжува вашиот пријатен љубовен период. Границата се единствено вашите зборови , кои овој пат не би биле најдобро избрани. Молчете и сакајте.

Кариера

Поголемиот дел од работното време ќе поминете во механичко одработување на она што треба да го сработите.

Здравје и совет

Уживајте во убавиот ден.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Веројатно ќе чувствувате вистинска плима од емоции зашто ќе бидете почувствителни од обично. Насекаде ќе барате љубов.

Кариера

Тешко ќе се концентрирате на работата, зашто ќе бидете склони се да земате при срце. Треба да ги разделите работата и емоциите.

Здравје и совет

Не се грижете ако имате мали отоци.Ќе поминат.

На Косово уапсени 10 полицајци,рации во илегалните коцкарници

Најмалку 10 полицајци се уапсени во голема акција против нелегалните казина, пренесува Би-Би-Си.

Стотици полицајци учествувале во рација во селото Карачево на границата со Србија. Полицијата соопшти дека станува збор за најголемата акција од ваков вид на Косово, спроведена по едногодишна истрага.

Косово минатата година забрани коцкање во борба против криминалот, според Би-Би-Си.

Јетиш Малоку, главен обвинител во покраината Гњилане, им изјави на новинарите дека полицијата уапсила најмалку 35 лица осомничени за нелегално коцкање, проституција, трговија со луѓе и поседување дрога и оружје.

Најмалку 10 лица се уапсени од редовите на граничните полицајци, кои наводно помагале во незаконските активности што се одвивале преку границата меѓу Косово и Србија.

Во акцијата биле демолирани 12 нелегални казина, а полицијата запленила голем број машини за коцкање, соопшти полицијата.

Во март минатата година, косовската влада ги забрани сите облици на коцкање во период од 10 години, поради поврзаноста со организираниот криминал.

Законот е донесен откако за само неколку дена беа убиени двајца вработени во казино на различни локации, а за едно од овие убиства беше уапсен полицаец.

Тогашниот косовски премиер Рамуш Харадинај рече дека забраната за коцкање е донесена со цел „зајакнување на јавната безбедност“.

Пред забраната за коцкање, полицијата затвори скоро 500 казина на Косово. Обложувалниците, особено за спортски настани, станаа многу популарни во Косово во последните неколку години.

притисни ентер