Полска го критикува Бајден зашто нема да се сретне со источноевропските лидери

Полскиот министер за надворешни работи Збигњев Рау ја критикувал одлуката на американскиот претседател Џо Бајден да не се состане со источноевропските лидери на неговата прва европска турнеја.

Во интервју објавено денеска во весникот „ Rzeczpospolita “, Рау се пожалил и дека Вашингтон ги укинал санкциите за компанијата што стои зад гасоводот „Северен поток 2“, кој е завршен за транспорт на природен гас од Русија во Германија.

„Бајден ја изедначува цела Европа со Германија“, рече Рау во интервјуто, додека во Велика Британија се одржува самитот Г7, на кој присуствува и Бајден.

„Проблемот е во тоа што Германија ги жртвуваше вредностите и безбедносните интереси на слободниот свет поради соработка со Русија преку контроверзниот гасовод „Северен поток 2 “, рече Рау.

Проектот вреден повеќе милијарди долари најверојатно ќе биде тема на состанокот меѓу американскиот претседател Бајден и канцеларката Ангела Меркел на маргините на самитот Г7, што ќе биде нивна прва средба во живо. Денеска е објавено дека Меркел заминува за Белата куќа на 15 јули.

Во мај, САД делумно се откажаа од долгогодишното спротивставување на гасоводот и ги укинаа санкциите против компанијата што го гради Северен поток 2 за да не ги нарушат односите со Германија.

Осумдневното патување на Бајден во Европа вклучува самит на Г7 во Англија, разговори во Брисел со европските и НАТО лидерите и самит во Женева со рускиот претседател Владимир Путин.

„За жал, американската делегација што доаѓа во Европа, предводена од претседателот Џо Бајден, е толку зафатена со средбата со претседателот Путин, што не најде време да организира состаноци со сојузниците на источното крило“, рече Рау.

Критикувајќи го Вашингтон за не воведување санкции кон Северен поток 2 и неговиот извршен директор, Рау додаде дека „американските сојузници не најдоа време да се консултираат со регионот на светот, што всушност би бил најмногу погоден од тие санкции“.

"Кој тогаш ќе ја плати сметката за германските и американските грешки? Ниту една криза нема да се реши ако едната страна не одговори на телефон или ако има слаба комуникација", рече Рау.

Полската влада се согласи со поранешниот американски претседател Доналд Трамп да го зголеми распоредувањето на американските трупи во Полска.

Бајден, во меѓувреме, за време на неговата кампања за претседателските избори во САД минатата година, го обвини Трамп за поддршка на авторитарните лидери ширум светот, вклучително и Полска.

Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1

Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1, изјави тајландскиот премиер Срета Тависин, кој денеска оствари средба со шефот на Ф1, Стефано Доменикали.

„Тајланд има капацитет да биде домаќин на Формула 1 во Бангкок“, напиша шефот на владата на социјалната мреќа Икс, по разговорите во Бангкок.

„Ако го направиме тоа, сигурен сум дека нашата земја ќе остави неверојатни спомени за другите, бидејќи имаме добар потенцијал, капацитет и гостопримство“, наведе Тависин.

Владиниот портпарол, цитиран од локалните медиуми, рече дека трката би се организира низ улиците на стариот дел на Бангкок, познат по големиот сообраќаен метеж и проблемите со инфраструктурата.

Тајланд е домаќин на трка во Светскиот шампионат во Мото ГП која секоја година се одржува во Бурирам, сиромашен, рурален регион на повеќе од пет часа возење од главниот град. /МИА

За една недела во Грција се уапсени 379 лица за семејно насилство

Минатата седмица грчката полиција уапсила 379 лица по поднесени пријави за семејно насилство, а 23 жртви биле пренесени во центрите за згрижување, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерството за заштита на граѓаните на Грција информираше за резултатите од спроведувањето на новиот план на полицијата за справување со криминал, семејно насилство и врсничко насилство.

Согласно неделниот извештај, во периодот од 15 до 21 април, полицијата примила 1.025 повици за семејно насилство, а на 81 жена – жртва на насилство ѝ била инсталирана специјалната апликација за помош „Panic Button“ на грчката полиција .

Биле пријавени 633 случаи на семејно насилство, при што биле уапсени 379 лица, а 23 жртви на насилство биле пренесени на безбедни локации.

Во однос на малолетничката деликвенција и врсничкото насилство биле извршени проверки на 6.004 лица, од нив 344 биле приведени, а 160 уапсени и биле потврдени 270 прекршоци.

Како на младите да им се врати љубовта кон книгата?

Некогашната парола, книгата е прозорец кон светот, за младите повеќе не важи. 

За нив прозорец кон светот е интернетот, книги читаат само понекогаш, ако тоа од нив го побараат наставниците.

Дека е така потврдуваат и дел од издавачите на овогодинешниот саем на книга.

Најмалку читаат средношколците, и основците, а книги купуваат најчесто кога се на попуст. Слободното време, најчесто го поминуваат на интернет. За разлика од нив, за повозрасните, технологијата не е предизвик.

36 издание на Саемот на книга завршува утревечер, во 20 часот.

притисни ентер