Половина Штип повторно без вода поради дефект на главната водоводна линија

Голем дефект на главната водоводна линија повторно без вода за пиење ги остави поголемиот дел од населбите во Штип.

Градоначалникот Иван Јорданов на денешната прес-конференција информираше дека дефектот се случил во вечерните часови на главната водоводна линија, која е стара 33 години.

Големите цевки попуштаат под притисок на водата која доаѓа од Хидросистемот „Злетовица“ и зголемената потрошувачка на вода во текот на летото. Постојано на удар и без вода за пиење се домаќинствата во високите зони на градот, кога се случуваат вакви дефекти. Овие населби вода имаа само во текот на вчерашниот ден, а претходно два дена се соочуваа со суви чешми.

-Нашите екипи работат на отстранување на овој дефект, очекувам жителите во високите зони вода за пиење да добијат во доцните вечерни часови, рече Јорданов.

Во текот на денот населбите со вода ќе се снабдуваат со цистерни, а општинската администрација на населението им дели и флаширана вода. Јорданов се извини за дефектите и проблемите со водоснабдувањето и порача дека проблемот ќе се реши со пренамена на средствата од самопридонесот за изградба на брана на река Козјак.

Штипјани на референдум ќе излезат за овие средства да се пренаменат за санација на старата водоводна мрежа. По вчерашниот апел на Јорданов до ТАВ и Владата да се избере економски оператор за изградба на Водоводна линија два, веднаш го контактирале од ТАВ и го известиле дека се преговара со економски оператор и се очекува за неколку недели да почнат и градежните работи. Изградбата на оваа линија ќе овозможи непречено водоснадување на населбите во високите зони на градот Штип.

Полицијата покрена истрага против Расел Бренд: „Добивме бројни обвинувања“

Лондонската полиција соопшти дека покренала истрага против британскиот комичар Расел Бренд (48), откако неколку жени го обвинија за сексуално вознемирување и злоупотреба, пишува Си-Ен-Ен.

„По истрагата на „Channel 4's Dispatches“ и „The Sunday Times“ полицијата прими голем број наводи за сексуални престапи во Лондон. Исто така примени се и бројни обвинувања за сексуачни престапи сторени на други места во земјата и ќе ги истражиме. Сите прекршоци не се неодамнешни“, се вели во полициското соопштение објавено во понеделникот.

Да потсетиме дека Бренд беше обвинет за силување, напад и емоционална злоупотреба помеѓу 2006 и 2013 година. Тогаш беше на врвот на својата слава, работејќи за Би-Би-Си, Канал 4 и глумејќи во холивудски филмови. Обвинувањата ги објави на социјалните мрежи. „Тоа беше неверојатно напорна недела и благодарам на сите вас кои се сомневавте во информациите што ги добивате“, рече тој во видеото.

Една од жртвите која го обвини Расел имала само 16 години кога актерот ја малтретирал. Полицијата ги охрабрува другите потенцијални жртви да се јават. Инаку, Бренд моментално е во брак со писателката Лаура Галачер. Двојката се венчаше во 2017 година, а тој претходно беше во брак со пејачката Кети Пери.

Извор: Индекс.хр

САД и нудат на Полска заем од 2 милијарди долари за модернизација на нејзината војска

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден денеска објави дека нуди заем од две милијарди долари на Варшава за да помогне во модернизацијата на одбраната на Полска, објавија американските медиуми.

Во соопштението на Стејт департментот се вели дека Полска е „решителен“ сојузник на САД, чија „безбедност е од витално значење за колективната одбрана“ на источното крило на НАТО и дека таквото финансирање е резервирано за најважните безбедносни партнери на Вашингтон.

-Владата на САД и дава на Варшава до 60 милиони долари за покривање на трошоците за заемот во форма на странско воено финансирање, кое ќе поддржи „итни набавки на американски одбранбени производи и услуги“, соопшти Стејт департментот.

Овие 60 милиони долари се субвенција за заем наменета да се осигура дека Варшава ќе може да обезбеди поволни услови за заемот. /МИА

Дијамантската лига стартува во Ксиамен во април

Организаторите на Дијамантската лига го објавија вечерва календарот на атлетски митинзи во 2024 година.

Воведниот митинг ќе се одржи на 20 април во кинескиот град Ксиамен, додека финалето е закажана за 13 и 14 септември во Брисел.

Идната година на програмата се Олимписките игри во Париз, од 26 јули до 7 август., а последниот митинг од Дијамантската лига пред почетокот на најголемиот спортски настан ќе се одржи на 20 јули во Лондон.

Дијамантска лига – календар на митинзи во 2024:

20. април Ксиамен (Кина)

27. април Шангај (Кина)

10. мај Доха (Катар)

19. мај Рабат (Мароко)

25. мај Јуџин (САД)

30. мај Осло (Норвешка)

2. јуни Стокхолм (Шведска)

7. јули Париз (Франција)

12. јули Монте Карло (Монако)

20. јули Лондон (Велика Британија)

22. август Лозана (Швајцарија)

25. август Вроцлав (Полска)

29. август Рим (Италија)

5. септември Цирих (Швајцарија)

13/14 септември Брисел (Белгија). /МИА

притисни ентер