Политички аналитичари: Потребен е дијалог меѓу политичките лидери за националните прашања

Македонија се наоѓа во чувствителен политички амбиент и политичка криза и потребен е дијалог меѓу политичките лидери за националните прашања.

Македонија се наоѓа во чувствителен политички амбиент и политичка криза и потребен е дијалог меѓу политичките лидери за националните прашања, а не само за избори, сметаат дел од аналитичарите, откако ВМРО-ДПМНЕ најави дека ја прекинува секоја официјална комуникација со власта, вклучувајќи ги и уставните измени. Според аналитичарот Петар Арсовски одлуката на опозициската партија може да го успори процесот со уставните измени, а ако има предвремени избори, Мицкоски ќе биде тој што ќе треба да се справува со прашањето за промена на Уставот, бидејќи тоа нема да исчезне.

-Мислам дека треба да ги одвоиме двете работи, едното е процесот на уставните измени како неопходен чекор за државата да ги продолжи преговорите со ЕУ и второто е дневно политичката агенда. Во неа опозицијата можеби од сопствени причини, тактички или стратешки, ја прекинува комуникацијата со власта и вели дека нема да разговара за ништо друго освен за предвремени избори. Тие имаат право на таква стратегија и тактика. Но, прашањето за уставните измени и продолжувањето на преговорите со ЕУ нема да замине, дури ни после евентуалните избори кои ги бара опозицијата. Мислам дека ваквата позиција ќе оневозможи да се донесат уставните измени во брзо време и де факто со тоа Мицкоски ќе го дочека жежок компир за време на изборите или после нив, смета Арсовски.

Дека не е време за порадикални чекори, со прекин на дијалогот меѓу власта и опозицијата согласен е и аналитичарот Синиша Пекевски. Од друга страна, според него, зачудува фактот што власта насила сака да ги протурка уставните измени и покрај јасната покрака и од опозициските пратеници и од граѓаните. Наместо тоа, смета дека политичарите и интелектуалната фела треба да седнат на маса и да договорат стратегија за иднината на Македонија.

-Секој радикален чекор е погрешен или не е соодветно политички коректно. Не верувам дека нивната одлука да ја прекинат целосната комуникација со владата и со СДСМ и ДУИ, сметам дека не треба тоа да го направат и дека треба да се изнајде волја да се разговара затоа што преку дијалог се доаѓа до решение. И од друга страна начинот на кој министерот Бујар Османи вели дека ќе се обрати од пратеник до пратеник со цел да стекнат гласови кај пратениците со цел да се направат уставните измени покажува дека Владата на СДСМ и ДУИ е спремна на се, само за да се направат тие уставни измени. Мене не ми е јасно од каде тој порив да се оди контра волјата на граѓаните и свесно да велат дека ќе направат се само за да ја променат волјата на пратениците од опозицијата кои цврсто застанаа зад тоа дека се против тие уставни измени, смета Пекевски.

Одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да прекине секаква комуникација со власта за уставните измени, а да разговара само за избори, Мицкоски ја соопшти пред два дена со образложение дека неговата партија една година подавала рака за заштита на националните интереси, а сега единствен излез се брзи избори. Ваквата одлука за министерот Османи е лоша и непромислена, и покажува дека на партијата на Мицкоски не и е важна иднината на државата туку само власт и моќ.

Ужас во Бразил: Шестгодишно дете било избодено од 1.100 пчели, паднало во кома

Шестгодишно момче од Бразил преживеало повеќе од 1.100 убоди од пчели откако било нападнато од рој инсекти на фарма во бразилската држава Мато Гросо до Сул.

Според извештаите на локалните медиуми, во вчерашниот напад на пчелите бил повреден и очувот на момчето, објави денеска британски Мирор.

По нападот, момчето паднало во кома и итно било префрлено во блиската болница каде било интубирано, но во меѓувреме му била симната механичката вентилација.

Токсикологот Сандро Бенитес, од бразилскиот центар за интегриран токсиколошки надзор, истакна дека е неопходен брз третман за жртвата за да го преживее нападот.

"Нормално, повеќе од 100 убоди може да бидат фатални за дете. Повеќе од 500 убоди може да бидат фатални за возрасен. Така ова дете, благодарение на брзата интервенција, грижата и напредната поддршка, успеа да преживее и покрај повеќе од 1.100 убоди од пчели." - објаснил Бенитез.

Селена Гомез се вери со Бени Бланко, добија честитки од огромен број ѕвезди (ФОТО)

Селена Гомез (32) и Бени Бланко (36) се верија по нешто повеќе од една година врска.

Актерката среќната вест ја сподели на својот Инстаграм профил. „Вечноста започнува сега“, напиша таа покрај серијата фотографии. На една од нив таа покажа одблиску златен прстен со бел дијамант на раката.

Нејзината објава беше лајкувана 4,6 милиони пати за само еден час. Голем број познати личности, исто така, се огласија за нејзините коментари, вклучувајќи го и готвачот Гордон Ремзи кој се пошегува: „Честитки до двајцата, мора да е време за готвење“.

"Душо! Честитки", напишала Џенифер Анистон, а од профилот на Хулу ѝ кажала дека плачела на оваа вест. Меѓу другите познати личности ѝ честитаа раперот Лил Нас Икс и актерката Мариска Харгитај.

„Љубовта совршено ви прилега на двајцата“, „Сè уште останувам без зборови. Секоја чест!“, „Ти ја заслужуваш сета среќа на светот“, „Плачам“, „Ова е фантастична вест“, „Честитки, јас сум толку среќен за вас“, „Совршени сте заедно“, „Сè уште не престанав да врескам, ве сакам и двајцата“, се дел од бројните реакции.

Потсетуваме дека врската на Селена и Бени стана позната во декември минатата година. Тогаш актерката откри дека биле заедно шест месеци, а на социјалните мрежи истакнала дека Бени бил подобар од сите со кои била претходно.

Гласините за веридбата започнаа веќе во август годинава. Селена потоа позираше пред огледалото, но го покри левиот прст со две емоџи со срце. Не долго после тоа, таа пристигна на Еми со прстен на раката, што повторно ги поттикна гласините за свршувачка.

Музичкиот продуцент Бени претходно, исто така, заврши на листата на People's за најсекси мажи на годината, титула што на крајот ја презеде Џон Красински.

„Царот на границите“ на Трамп откри кој град е прв на листата за масовна депортација мигранти

Том Хоман, „граничниот цар“ на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, откри дека најголемата масовна депортација во земјата, ќе започне во Чикаго.

Хоман, поранешен вршител на должноста шеф на имиграцијата и царината за време на првиот мандат на Трамп, ги изложи своите планови за отстранување на мигрантите кои илегално ја преминале јужната граница.

„Чикаго е во неволја затоа што вашиот градоначалник е лош. Вашиот гувернер е лош“, им рече Хоман на толпата на празничната забава на републиканците во која беа гувернерот на Илиноис, Џеј Би Прикер и градоначалникот на Чикаго, Брендон Џонсон.

И двајцата ги нарече „страшни“ и истовремено ги повика да тргнат по стапките на градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс и „да дојдат на маса“ на разговори. Хоман, исто така, го предупреди Џонсон, кој вети дека ќе се бори против планот за депортација на администрацијата на Трамп, да не „го попречува“ во неговите напори.

„Ако не сака да помогне, нека се тргне од патот. Ако свесно крие или крие нелегални странци- ќе го гоним“, рече тој.

Хоман продолжи да објасни што подразбираат напорите на Трамп за депортација. Најпрво ќе бидат цел на мигрантите кои извршиле злосторства додека биле во Соединетите Држави - потоа легалните мигранти, вклучително и барателите на азил и оние кои влегле во САД на хуманитарен услов за време на администрацијата на Бајден.

Хоман во понеделникот рече дека ќе работи на проверка на статусот на барателите на азил и дека ќе ги уапси сите за кои ќе се утврди дека засолнува криминални мигранти. Тој, исто така, повтори дека нема план за раздвојување на семејствата, иако сугерираше дека тоа може да се случи.

„Мојата цел е да го спроведам законот, но ако се ставите во таа позиција, тоа може да се случи. Но, во оваа администрација во моментов нема план за раздвојување на семејствата“, рече тој.

„Сепак, ние ќе го спроведеме законот. Значи, ако се ставите во таа позиција, зависи од вас“, рече тој, додавајќи дека родителите на „сонувачите“ - децата на мигрантите родени во САД - имаат две опции.

„Можете или да го земете детето дома со вас или да го оставите да остане тука. Но, не добивате пропусница“, посочи тој.

Тој исто така рече дека оние кои нема да ги исполнат условите за азил ќе добијат наредба да бидат депортирани преку судскиот систем.

Чикаго има повеќе од 50.000 мигранти насобрани во Ветровитиот град од август 2022 година, а по изборот на Трамп минатиот месец, градоначалникот Џонсон го бранеше статусот на градот како „засолниште“ и рече дека нема да дозволи полицајци да им помагаат на федералните имиграциски агенти.

Во меѓувреме, гувернерот Прикер е во разговори со канцеларијата на јавниот обвинител на Илиноис, Кваме Раул, за да истражи какви правни ресурси или персонал ќе им треба за да ги оспорат политиките на Трамп.

притисни ентер