Полициски хеликоптер дејствува на пожарот во Неготинско, набргу и армиски хеликоптер

Во моментов покрај силите кои гаснат од земја на пожарот во неготинско, дејствува и еден полициски хеликоптер, а набргу ќе му се придружи и еден армиски хеликоптер, информираат од ЦУК. 

Нагласуваат дека во моментов не постои директна опасност за население.

Општината Неготино испрати апел до сите што престојуваат во блиските села како Брусник, Калањево и Липа во кои трајно живеат само неколку луѓе но истите се користат како викенд населби, превентивно да заминат оттаму.

Јанчев: Од утре ќе започнат градежните активности на патот од Брана ХЕЦ Тиквеш до населба Голеш

Од утре 26.07.2024 год. ќе започнат градежните активности на патот од Брана ХЕЦ Тиквеш, до населба Голеш. 

Поради овие активности се известуваат граѓаните дека ќе биде отежнат сообраќајот за сите кои гравитираат во овој дел, објави на ФБ градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Продолжува изградбата на паркот во склоп на СОЗШУ "Ѓорче Петров" на површина од 14000 м2, со вкупна вредност од 9.870.000 денари, објави на Фејсбук, првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев.

При изградбата на овој парк во целост ќе биде опфатена реконструкција на постоечките игралишта, изградба на пешачки патеки, поставување на детски реквизити и урбана опрема. Со завршувањето на паркот ќе се направи пешачка врска со кејот кој е во поодмината фаза на изградба и со тоа граѓаните ќе добијат комплетна пешачка зона и рекреативен дел.

Изведувач на работите е Павер Трејд.

Кавадарци за сите! [🍀], напиша на Фејсбук, Јанчев.

Почна комисиската расправа за ребалансот, ќе трае најмногу 10 дена

Скратениот буџет на обвинителствата ќе влијае на нивната независност и функционалност – државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски незадоволен од ребалансот со кој се минусира повеќе од еден милион евра во овој сектор за годинава.

На почетокот од 10 дневната дебата во собраниската комисија за финансирање и буџет рече дека загрижува тоа што се крати на се, за истраги, вештачења, одржување на системите и обуки на вработените, а во меѓувреме и Европската Комисија укажува дека ограничените ресурси може да влијаат на независноста на обвинителствата.

Штедиме на се и немаме ненаменски давачки, а сега немаме пари ниту за режиски трошоци и за исплата на склучените договори за опрема, порача Коцевски.

Незадоволни се и судските органи- од судскиот буџетски совет потенцираат дека дел од судовите немале ниту основни услови за работа за што години наназад алармира и Државниот завод за ревизија. Се жалат дека со ребалансот на буџетот нема да има за додатоци на плати за вработените, ниту за пополнување на празните работни места кои сметаат дека се потребни за нормално функционирање.

Претходно ребалансот во 40 минутно експозе пред пратениците го образложи министерката за финансии Димитриеска Кочоска. Рече дека се обезбедуваат пари кои претходно не биле испланирани- за плати, пензии, долгови, заеми.

Аргументите ги вкрстија и пратениците.

На предлог измените на буџетот за 2024 година пратениците поднесоа 58 амандмани кои треба да се разгледаат за најмногу 10 дена. Прекројувањето на државната каса денеска го искоментира и лидерот на СДСМ Венко Филипче, кој на брифинг со новинарите оцени дека е огромен процентот на јавниот долг. Заемот од Унгарија од пола милијарда наменет за бизнисот и општините според него ќе биде непродуктивен, а со тој чекор, како што рече, државата се турка кон должничко ропство.

Нетанјаху се обрати во Американскиот конгрес: нашата борба е и ваша борба

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одржа жесток говор во Американскиот конгрес во кој апелираше САД и Израел да застанат рамо до рамо за да се спротивстават на Иран.

Нетанјаху доби овации кога излезе на говорницата за да се обрати на заедничката седница на конгресот, а пратениците постојано стануваа за да му аплаудираат во текот на речиси едночасовниот говор. Тој ги опиша САД и Израел дека се на „раскрсницата на историјата“ и оти во ова време на глобален „пресврт“ си требаат еден на друг повеќе од кога било. - нашите непријатели се ваши непријатели. Нашата борба е и ваша борба. И нашата победа ќе биде ваша победа, рече израелскиот премиер.

притисни ентер